Без разлика дали носиме очила, контактни леќи или имаме совршен вид, важно е да се грижиме за здравјето на нашите очи како што старееме. Од здравствени проблеми со видот и очите до општи превентивни совети, офталмолозите помагаат не само со редовни прегледи, туку и со препораки за дневни навики, објавува Index.hr. Д-р Роберт Штајнмиц, офталмолог и член на Американската академија за оптометрија, објаснуива дека замижувањето е навика поштетна отколку што мислат повеќето луѓе и кој е едноставен начин да ги заштитиме нашите очи.
„Природната реакција на силна светлина е замижување“, вели д-р Штајнмиц. И додека многу луѓе носат очила за сонце додека возат или одат, тие често забораваат дека заштитните очила се неопходни и за активности како читање на отворено. „Кога редовно читате надвор, дури и за кратки временски периоди, создавате навика што го оштетува здравото ткиво – што може да доведе до брчки, како и до катаракта“, предупредува тој. Многу луѓе се фокусираат на крема за сончање, грицки и шишиња со вода кога одат на плажа, но забораваат на соодветна заштита на очите.
„Многу очила за читање што се продаваат без рецепт не нудат 100 проценти УВ заштита“, истакнува д-р Штајнмиц. Луѓето често носат очила што не обезбедуваат соодветна заштита, особено кога се на сонце. „Денес, сè повеќе внимание се посветува на правилната SPF регулација на производите за нега на кожата – пациентите се трудат да купат квалитетен крем за сончање, но честопати ја занемаруваат најчувствителната област на лицето – кожата околу очите и самото око“, вели д-р Штајнмец. За жал, многу очила за сонце на пазарот не се правилно регулирани и, иако носат етикети со тврдења за УВ заштита, тие никогаш не се тестирани – што често е случај со очила за сонце на бензински пумпи или аптеки. Темните леќи на евтините очила можат да предизвикаат дополнително оштетување со тоа што предизвикуваат ширење на зениците, дозволувајќи уште повеќе УВ зраци да влезат во окото.
„Стареењето и долготрајната изложеност на УВ зраци се главните причини за катаракта“, вели д-р Штајнмец, додавајќи дека можете да го забавите овој процес со носење квалитетни очила за сонце. Сончевите очила ја штитат не само леќата на окото, туку и мрежницата – слојот на клетки што овозможуваат светлината да стигне до оптичкиот нерв и мозокот.