8.8 C
Скопје
30/01/2025 20:27
МАКТЕЛ

   

Освен политичари, биле следени и новинари – на повидок ли е нова афера со злоупотреба на службите?!

     

Откако лани на брифинг со новинари откри дека бил мета на службите за безбедност како опозиционер, актуелниот премиер Христијан Мицкоски во Собранието обелодени дека бил обработуван како инспиратор и организатор на параполициска воена формација составена од радикални националисти. Пред неколку дена, пак, Мицкоски посочи дека станува збор за користење на ресурси на овие агенции, кои, според него, најчесто постапуваат по принцип на добиена информација без материјални докази, поради што праша – каква е разликата меѓу злоупотреба на државните ресурси за прислушкување и за физичко покривање? Според информации на „Фокус“ од добро упатени безбедносни извори, тој како опозициски лидер во периодот 2020-2021 година бил објект на обработка од страна на Агенцијата за национална безбедност, но покрај него и други политичари, биле следени и новинари!

Премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со новинари кон крајот на ланската година, рече дека бил обработуван од службите за безбедност додека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ биле во опозиција. Во таа насока, тој откри дека во белешките на агенциите неговото име било поприсутно отколку на познати криминалци. Воедно, тој одговори под кој основ бил „обработуван“.–Во белешките има основ дека јас сум ја загрозувал и безбедноста на директорот – рече Мицкоски одговарајќи на прашање на „Фокус“, при што додаде дека една од овие агенции требало да ја заврши истрагата и да брифира на затворена владина седница, додека истовремено побара декласификација и на белешките на другата агенција, со цел, како што рече, содржината да биде обелоденета. Во меѓувреме, Мицкоски на собраниска седница посветена на пратенички прашања откри дека тој, заедно со неговата сопруга и малолетниот син, бил следен додека бил лидер на опозицијата во изборната 2020 година, откако бил означен како инспиратор и организатор на параполициска воена формација составена од радикални националисти. –Параполициско воена вооружена формација, составена од, внимавајте – македонски, радикални, екстремни и националистички настроени државјани, кои имаат за цел во предизборието да вршат заплашување и закани… Некаде во втората половина на годината, четвртиот квартал истиот извор „Цилиндар“ вели дека јас сум виден со 2 женски особи на Водно, како пешачам и, замислете, тие ми презентирале информации кои биле од мој политички интерес … Исто така, пред локалните избори во 2021 година изворот е „Џокер“, кој вели дека во манастирот Свети Јован Бигорски сум имал средби со припадници на ова патриотско друштво за да ја нарушиме безбедноста на Македонија. Ова нема никаква врска со реалноста. Дали ова се европските вредности на кои се повикуваше претходната власт – рече Мицкоски, откривајќи дел од содржината на белешките. Еден ден подоцна, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот изјави дека овие списи, извештаи или дебрифинзи дека тој инспирирал, финансирал и организирал терористички структури се креирани на почетокот на 2020 година, но, како што истакна, една од безбедносните агенции притоа не го информирала МВР. –Овие списи, извештаи или како да ги наречам дебрифинзи, се креирани на почетокот на 2020 година, кога е изборна година. Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која е, располага со вакви информации во кои што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури вооружени, а притоа не го информирала МВР. И се поставува прашањето зошто не го информирала?

   

Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин преку монтажа да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент-ВМРО-ДПМНЕ. Останатото, еве, оставам до обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали тие ќе преземат некакви мерки – рече Мицкоски.

Во однос на истата тема, премиерот говореше и на неодамнешното гостување во „360 Степени“, каде беше прашан како стигнал до документи од Агенцијата за разузнавање, која не е под надлежност на Владата, туку на Претседателот на државата? Притоа, Мицкоски рече дека во ниту еден момент не споменал дека станува збор за АР, туку посочи дека рекол оти „дека една од државните агенции коишто се занимаваат со оваа проблематика, ова го документира“. Вие ме прашавте за Агенцијата за разузнавање и јас ви кажав, дека АР, односно лицата од АР ги поканивме на затворена владина средница и тие ги задолживме, а имаме право на тоа, врз основа на индициите со коишто располагаме, да направат внатрешна истрага. А од која агенција се овие информации коишто јас ги споделив со јавноста, тоа оставам Обвинителството коешто самото рече дека постапува по допрен глас, да ме повика, да дадам исказ и така натаму, па да направи истрага – рече тој. Потоа, Мицкоски додаде дека врз основа на тоа што успеал да го види и да го слушне од луѓето со коишто комуницирал, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш може да заклучи дека станува збор за внатрешна процедура, во којашто се користат ресурси на овие агенции, коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази.

Не може без тоа да биде документирано да бидам јас покриван физички. Мора да има трага. Инаку, како јас би бил покриван? Како, на кој начин јас би бил покриван? Што е разликата меѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање исто така со злоупотреба на државните ресурси? Претседател на најголема политичка партија во опозиција, во тој момент. Што е разликата? Нема разлика. За ова луѓе се во затвор – истакна тој. Според информации на „Фокус“ од добро упатени безбедносни извори, Мицкоски како опозиционер бил објект на обработка од страна на Агенцијата за национална безбедност, која се формираше со големата реформа во безбедносниот сектор. Воедно, истите извори велат дека освен премиерот и други политичари, во истиот период биле следени и новинари. Иако овие наводи се поткрепени со службени белешки и со извештаи доставени до институциите, сепак, нашите соговорници велат дека засега не треба да се откриваат повеќе информации околу бројот, идентитетот и основот за следените новинари, бидејќи целиот процес е во сензитивна фаза и се карактеризира со степен на тајност. Имено, сите одговори треба да ги даде истрагата од страна на Јавното обвинителство, кое информираше дека е оформен предмет по допрен глас, заснован на изјавата на премиерот Мицкоски дадена во Собранието, по што случајот е предаден на надлежното обвинителство за натамошно истражување на сите изнесени наводи. За потсетување, своевремено изби голем скандал со нелегално прислушување на стотици граѓани, кое се вршеше преку злоупотреба на системите за прислушување во МВР, поради што се направи реформа по политичките промени. Сега на повидок е и афера со физичко следење на политичари и новинари, па во периодот што следува треба да се разјасни дали тоа се случувало законски, или, пак, повторно се работи за злоупотреба на државни ресурси за политички цели.

 

Најново

ГРОМ е изненадена од леснотијата со која премиерот Мицкоски се нафрла врз маркетите притоа не бирајќи зборови ниту пак закани кои не приличат на претседател на Влада

Sase Ivanovski

Обвинителите Хајрулахи и Цветановски сториле тешки дисциплински повреди, утврди дисциплинската комисија

Sase Ivanovski

Животот на дизајнерката Фросина згасна во Скопје: До кога ќе се гине на улиците?

Sase Ivanovski

Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа, потврди градоначалничката на Вичита

Sase Ivanovski

Има ли надеж за решавање на проблемот со ѓубрето во нашиот главен град?

Sase Ivanovski

Компаниите и училиштата во Куманово во заедничка мисија за стручно образование

Sase Ivanovski

Претседателот Вучиќ донесе одлука за помилување на 13 учесници на протестите во Србија

Sase Ivanovski

Отворено писмо до Европската комисија од ЕДРИ: Сега е време да се зајакне технолошкиот суверенитет на ЕУ

Sase Ivanovski

Патнички авион се судри со хеликоптер над Вашингтон, досега извлечени 19 тела

Sase Ivanovski

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Sase Ivanovski

УСС УКИМ: Дополнителните трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите

Sase Ivanovski

Битолски хирург осомничен за примање поткуп, од син на пациентка побарал 150 евра за да се „почасти“

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје, почина 22-годишна девојка

Sase Ivanovski

Ивермектинот се користи за лечење на разни болести кај луѓето, но нема медицински докази дека лечи рак

Sase Ivanovski

„На чекор од правдата“ – студентите од Белград тргнаа пеш кон Нови Сад

Sase Ivanovski

Не е точно дека словачкиот премиер Фицо „паднал“

Sase Ivanovski

Со акциски цени против бојкотот: Макарони намалени за цели 4 денари, продавниците полупразни

Sase Ivanovski

Контраспин: Љубчо во „србски“ манир им го честита празникот на Србите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Sase Ivanovski

Јаневска: Јавната дебата за Нацрт-Концепцијата за гимназиско образование е во тек, по 24 години неопходна е реформа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Sase Ivanovski

Филков: Поразителни се бројките од анкетата за задоволството на судските услуги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Граѓаните се решија на бојкот, ќе признаете ли дека згрешивте со погрешните политики?

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП Лајка потребно е да најде брзо, ефикасно и системско решение за трајно да го решиме проблемот со бездомните кучиња

Sase Ivanovski

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа додели признанија од СЦО за особени заслуги за зголемување на ефективноста на институцијата: во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Sase Ivanovski

Јаревски: Филипче да се потсети на времето кога тој беше министер за здравство, кога свесно се кршеле законите и се правел криминал

Sase Ivanovski

Јаневски: Не поддржуваме одлука која предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува бојкотот против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и сака да ги амнестира

Sase Ivanovski

Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Sase Ivanovski

Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бојковски со порака до Арсовска и ЈСП: Месните и урбаните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии на ЈСП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чии кадри се бираат во Муртино, наместо во партиските органи

Sase Ivanovski

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат децата

Sase Ivanovski

Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на Општина Сарај со водоснабдувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Има лавина реакции за лошата концепција-ќе преземете ли одговорност за уништување на критичната мисла?

Sase Ivanovski

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кој лаже за бојкотот, Мицкоски или Трајко Славески со неговите срамни изјави?

Sase Ivanovski

СДСМ: (Најава) Претседателот Филипче во работна посета на Хрватска

Sase Ivanovski

Осврт на филмот Perfect Days, во режија на филмскиот автор Wim Wenders. Текстот е објавен на веб-порталот Трн.мк

Sase Ivanovski

Сите видови италијански сирења…

Sase Ivanovski

Осврт на антологискиот албум Station to Station на David Bowie, објавен во јануари 1976.

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ „ЧАТ ГПТ“ КОРИСТЕЛ ПОДАТОЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ БОТ? „Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Sase Ivanovski

АСАД ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Новиот претседател на Сирија упатил барање до Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ја укина заштитата од депортација за 600.000 Венецуелци

Sase Ivanovski

Училиштата во САД се обидуваат да ги заштитат учениците без документи од имиграционите рации на Трамп

Sase Ivanovski

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Sase Ivanovski

Мајк Џонсон го брани агресивниот почеток на Трамп, изјавувајќи дека „сè е на маса“

Sase Ivanovski

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Sase Ivanovski

Службениците за имиграција: „Најлошото оди прво“, но сега нема „бесплатна пропусница“

Sase Ivanovski

Трамп му нареди на центарот за јавно здравство на САД да ги стопира сите заеднички проекти со Светската Здравствена Организација

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен Кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа во Вашингтон, САД

Sase Ivanovski

Saturday Family Brunch – Секоја сабота во @groovelyn од 11:00 до 14:00 !

Sase Ivanovski

Француските весници го тужат Линкедин за користење на нивната содржина

Sase Ivanovski

Патуваме кон југот, регионот на Егејска Македонија, денес Северна Грција, каде можеме сеуште да посведочиме сочувани примери на традиционалната архитектура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Sase Ivanovski

Гешовски: Граѓаните „полудеа“ по производи на „Тему“ , а не стивнува и интересот за платформата „Алиекспрес“

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Sase Ivanovski

Лоран Бајрами направи увид на потпорниот ѕид кај Детска клиника кој почна да се распаѓа уште лани во јуни месец…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Франција загина средношколка, повредени се голем број ученици

Sase Ivanovski

Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос

Sase Ivanovski

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Sase Ivanovski

Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

Sase Ivanovski

Телефонски број и имејл адреса пред печат за продолѓување регистрација – МВР го комплетира Сејф сити

Sase Ivanovski
Вчитувам....