Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас ѝ наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и на војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел, изјави министерот за одбрана на Израел, Израел Кац. Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, се закани дека Израел ќе анектира области на Појасот Газа доколку Хамас одбие да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи, објави Баронс. Кац ѝ дал инструкции на ИДФ да заземе дополнителни области на Појасот Газа додека издава наредби за евакуација на палестинските цивили во тие области.
Тој информира дека Израел ќе го зголеми интензитетот на својата воена кампања против Хамас, вклучително и „преку проширување на копнениот маневар додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде поразен“. Кац додава дека Израел ќе го употреби „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на претседателот Трамп за жителите на Газа“.