Усвојувањето на извештајот на Томас Вајц ја отсликува веќе утврдената преговарачка рамка поддржана и од Бугарија каде Македонскиот јазик и посебноста на етничкиот македонски идентитет е веќе вметната во рамката, а со потпишувањето на ФРОНТЕКС воведена е и директна пракса за употребата на кратенката МКД, вели за ТВ 24 потпретседателот на ДУИ Бујар Османи.
Според него извештајот бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни промени за дополнување на малцинствата.
Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија, претходно изјави во интервју за БГНЕС известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц.На прашањето на дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе промените од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Вајц одговорил дека не знае, но она што го знае е дека мнознството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.