МАКТЕЛ

     

Османи: 2030 како датум за влез во ЕУ може да создаде реформски натпревар кон постигнување на целта за членство

      

Според Османи, поставувањето на 2030 година како индикативен таргет датум за членство може повторно да го заживее процесот на пристапување и да создаде позитивен реформски натпревар кон постигнување на целта за членство.

„Тоа е целосно остварливо, а неговото исполнување ќе зависи од тоа што ние како кандидати и ЕУ ќе направиме дотогаш во однос на нашата подготвеност и институционалното и политичкото прилагодување. Ни треба ново ниво на доверливост и кредибилитет“, изјави Османи.

   

Според него, претходното големо проширување на ЕУ, кога блокот од 15 се зголеми на 25 членки, имаше силен геополитички импулс што беше кулминација на делумното обединување на Европа која половина век беше поделена со Железната завеса и Студената војна.

„Целосното обединување беше оставено како недовршена работа и сега треба да се финализира со новиот геополитички моментум создаден од бруталната агресија врз Украина. Успехот со земјите од Централна и Источна Европа зависеше и од индикативната временска рамка од 2004 година како цел што беше поставена како влечна сила кон исполнување на критериумите и прилагодувањата што ЕУ требаше да ги направи за да ги пречека новодојденците. Порано тоа функционираше, па зошто да не биде така и овој пат“, изјави Османи во однос на тоа колку е реално 2030 година да се третира како датум за новото проширување на Унијата.

Шленберг на истото прашање одговара дека поставувањето на овој датум како цел од страна на претседателот на Европскиот совет претставуваше „повик за будење“.

„За некои прерано, за други предоцна. Мораме побрзо да го исполниме нашето ветување дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Затоа ја иницирав групата „Пријатели на Западен Балкан“. Од моја гледна точка, тоа значи дека проширувањето може и ќе се случи. Треба да ја завршиме домашната задача и да се подготвиме и ЕУ и земјите кандидати. Во исто време, проширувањето е процес заснован на заслуги, што значи дека секоја земја треба да одлучи колку брзо ќе продолжи напред на патот на интеграцијата во ЕУ. Ако Северна Македонија продолжи со својата актуелна реформска агенда, нејзиниот пристап е на дофат“, истакна Шаленберг.

Во однос на концептот предложен од наша страна за „поголема интеграција пред зачленувањето“, Османи посочува дека тој е комплементарен на досегашните напори за забрзување на пристапниот процес и може да се реализира со присуство на претставници на земјите од регионот на секторски состаноци на Европскиот советот без право на глас, со зајакнат фокус на критериумите за владеењето на правото, демократските стандарди и економските реформи, со прогресивно приклучување кон единствениот пазар на ЕУ уште пред полноправното членство, со пристап за државите од Западниот Балкан до структурните и кохезионите фондови на ЕУ, како и со нивно вклучување како набљудувачи во работата на институциите на Унијата.

„Сегашната посветеност на институциите на ЕУ во овој поглед е добредојдена и ние ги одобривме нивните предлози – било да е тоа ветувањето на Мишел за 2030 година, Планот за раст или статусот на набљудувач за нашите национални пратеници во работата на Европскиот парламент“, изјави Османи.

За Шаленберг, пак, ЕУ мора да го напуштиме старото бинарно размислување дека една земја е или полноправна членка или не е дел од клубот и наместо тоа треба да промовира постепен процес на интеграција кој дава побрзи резултати и е поопиплив за граѓаните.

„Дозволете ми да нагласам дека постепената интеграција не е алтернатива за членството: тоа е пат кон полноправно членство, но овозможува побрзи резултати. Австрија предложи конкретни чекори за унапредување на постепената интеграција и ќе се заложи за нивно спроведување во 2024 година. Сакаме да видиме како земјите од Западниот Балкан постепено учествуваат на единствениот пазар и други области како што се транспортот, науката и образованието, енергијата и климата, миграцијата и правдата. Украина и Молдавија веќе имаат пристап до единствениот пазар во одредени сектори, а истото сакаме да го понудиме и на Западниот Балкан“, порача Шаленберг.

Според него, проширувањето не е еднонасочна улица и двете страни треба да се подготват и да ги забрзаат реформите.

– Но, ако разговараме за реформите во ЕУ и нашата подготвеност, не смееме да дозволиме тоа да стане изговор за одложување на проширувањето, истакна шефот на австриската дипломатија.Според Османи, пак, внатрешните реформи во ЕУ и проширувањето не се исклучуваат, туку тесно се надополнуваат и најдобро е ако се извршуваат паралелно.

„Она што треба да го направиме од наша страна е да се концентрираме на реформите, да отвориме кластери и да ги искористиме можностите на новата методологија да им понудиме на нашите граѓани повеќе интеграциски придобивки на патот и веќе пред членството. Додека не ја завршиме домашната задача, има доволно време ЕУ да се подготви“, порача Османи.

Тој смета дека првиот сериозен тест за сериозноста на ЕУ околу следното проширување ќе бидат дискусиите за буџетот на ЕУ за периодот 2028-34 година, но и околу ревизијата на сегашниот буџет.

– Доколку се вклучиме во овие рамки, конкретно би значело дека се поставени условите за негова материјализација. Се осмелувам да кажам дека овој нов геополитички моментум не дозволува никакви изговори за проширувањето, напротив ЕУ треба веднаш и без натамошно двоумење да ги направи неопходните чекори, што значи веќе на Самитот на ЕУ следната недела, конкретно да ги покаже подготвеност за проширување, смета Османи.Во однос на Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, Османи оценува дека тој претставува чекор во вистинската насока и треба да се прошири понатаму со пристапување кон единствениот пазар и структурните и кохезиски фондови.

„Додека ИПА фондовите имаат за цел да ги поддржат реформите со финансиска и техничка помош, структурните и кохезионите фондови имаат за цел да го поддржат создавањето работни места, конкурентноста на бизнисот, економскиот раст, одржливиот развој и да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Ако ЕУ не дејствува и итно го намали овој диспаритет, постои ризик дека нашите развојни патеки никогаш нема да се сретнат во иднина и разидувањето дополнително ќе се зголеми. Затоа Планот за раст е чекор во вистинската насока, но треба да се одржи во иднина до ниво за да може да се постигне конвергенција“, смета Османи.

И Шаленберг се согласува дека Планот е чекор во вистинската насока, но сега треба да видиме брза имплементација на предложената интеграција на Западен Балкан во некои области на единствениот пазар.

– Исто така, добар предлог е поврзувањето на условената исплата на средства со исполнување на постојната реформска агенда. Австрија сака да види јасна агенда за спроведување и првите резултати од неа веќе во 2024 година. Згора на тоа, треба да ја подобриме нашата комуникација со регионот. Денес ЕУ и нејзините земји членки се најголемите донатори и инвеститори во регионот, но дезинформациите од другите играчи не останаа без ефект, заклучува Шаленберг.

Шаленберг очекува од граѓаните на Северна Македонија да продолжуваат да се стремат кон европската иднина и во овој контекст, да успеат да ги изгласаат потребните уставни измени, како следен чекор кон Унијата.Во однос на тоа што би можело да се постигне пред истекот на мандатот на сегашните институции на ЕУ, Шаленберг вели дека јасни достигнувања би претставувале видлив напредок во пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија и старт на преговорите со Босна и Херцеговина.

„Се надевам дека народот на Северна Македонија ќе продолжи да се залага за европска иднина и се надевам дека земјата ќе успее да ги направи потребните уставни измени за да може да ги преземе следните чекори кон ЕУ. Дозволете ми да ве уверам дека Австрија ја гледа Северна Македонија како силен иден партнер во ЕУ и ние ќе продолжиме сесрдно да ја поддржуваме земјата на нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ. Не само затоа што сме пријател на Западниот Балкан, туку и затоа што тоа е геостратешка неопходност“, рече Шаленберг.

Според Османи, пак, би било важно проширувањето да се вклучи во следниот буџетски циклус на ЕУ.

– Основниот пакет може да вклучува барем присуство на секторски министерски состаноци без право на глас и учество на единствениот пазар на ЕУ. Овој модел би можел да зависи од одредени предуслови како што е целосното усогласување на кандидатите со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за место на масата на Советот за надворешни работи. Северна Македонија има 100 процентно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика, заедно со беспрекорна визна усогласеност, како јасен знак за нашата геостратешка поставеност. И да бидам целосно искрен, тоа и штети на нашата економија, но ние остануваме посветени Европејци. Затоа ни требаат стимулации од ЕУ за да покажеме дека и ЕУ стои на наша страна, заклучи Османи.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....