1.8 C
Скопје
19/02/2025 17:24
МАКТЕЛ

   

Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав

     

На 19 февруари (среда) со почеток во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 3. седница за 2025 година со Дневен ред за кој се предвидени дискусии по десет иницијативи за оценување на уставност/законитост и донесување на две конечни одлуки. 1.Реферат У.бр. 161/2024 Оспорен: Член 137 во делот „односно по донесувањето на решението во  обновената постапка по службена должност“ и член 150 став 3 во делот „од конечноста на решението со кое е утврдена промената“ од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносител: Славко Лазовски од Скопје. Од наводите во иницијативата: Подносителот на иницијативата, посебно го оспорува делот „односно по донесувањето на решението во обновената постапка по службена должност“ од член 137 и делот „од конечноста на решението со кое е утврдена промената“ од член 150 став 3 од оспорениот закон. Според подносителот оспорените одредби имаат елементи на строга конкретност и се однесуваат за точно одредени лица врз кои преземените различни дејствија имаат различни последици, а истите лица пред да се преземат тие правни дејствија, се во иста фактичка и правна состојба. Се наведува дека оспорените делови се во спротивност со Уставот затоа што има исто лице, иста странка, ист орган, исто службено лице, а различни фактички и правни последици поради што оспорените одредби се во спротивност со  начелото на рамноправност на граѓаните во правните односи, начелото на забрана на предизвикување штета, начелото на еднакви вредности на давањата и воздржување од постапување со кое се намалува имотната сигурност  на граѓаните и нивната положба во општеството. 2. Реферат У.бр. 186/2024 Оспорени: Членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на    Изборниот законик Оспорен акт: Член 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик донесен на 07 март 2024 година Подносители на иницијативата: Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева. Од наводите во иницијативата:  Подносителите сметаат дека со оспорените членови се прави измена на  членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување  во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа. 3.Реферат У.бр. 221/2024 Оспорени: Член 118 став 1 во делот „според одредбите со кои се регулира    извершувањето”, член 120 став 1 во делот „според одредбите што    важат за извршувањето”, член 130 став 3 во делот „тече од денот на доставата на обвинетиот. Ако на обвинетиот му е изречена мерката притвор или е на издржување на казна затвор, рокот”, член 143 став  1, член 151, член 153 став 1 алинеја 1 во делот „не дојде на уредно  доставената покана и за тоа   не го оправда изостанокот”, член 184, член 193 став 2 во делот „Ако во домот е извршен и претрес тогаш  ќе се состави записник во согласност со   членот 192 од овој закон кој мора да ги содржи причините за претрес без наредба”. и став 3 од Законот за кривичната постапка. Подносител на иницијативата: д-р Леонид Трпеноски, адвокатско друштво “Трпеноски” Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека оспорените одредби се во спротивност со темелните вредности на Уставот како што е владеењето на правото, правната заштита на сопственоста, прифатените норми на меѓународното право, презумпцијата на невиност, правото на жалба, неповредливоста на домот и правото на сопстеност, начелото на еднаквост на граѓаните пред Уставот и законите како и самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба што обезбедува правна помош. Според подносителот, оспорените одредби не се во согласност со член 8 став 1 алинеите 1, 3,6 и 11, член 13 став 2 итн.

4.Рефетат У.бр. 244/2024 Oспорен: Член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители на Република Северна Македонија  Подносител на иницијативата: Ленче Ристоска Содржина на одредбата:  Мандатот на членовите на Советот избрани од страна на јавните обвинители влегува во позитивно оценет јавно-обвинителски стаж освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители.  Од наводите во иницијативата:  Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот XXX од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за јавното обвинителство. Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот , членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник , бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства, се наведува во иницијативата. 5. Реферат У.бр. 181/2024 Oспорен: Одлука за донесување на Детален урбанистички план Блок 1.2, Блок  2.1 и Блок 2.2, бр. 09-287/1 од 17.02.2024 година на Советот на   Општина Гевгелија.  Подносител на иницијативата: ДГИТУ САС Инвест дооел Гевгелија застапувани од адвокат Мартин Тодоровски Од наводите во иницијативата:  Подносителот смета дека Општина Гевгелија донела правосилно Одобрение за градба кое се коси со новиот и сега оспорен ДУП, бидејќи според него, невозможно е да се платат комуналии, да се изгради објект и во меѓувреме општината да изврши промена на ДУП, на штета на подносителот. Се наведува дека носењето на вакви одлуки е спротивно на владеењето на правото и се нарушува правната сигурност на граѓаните. 6. Реферат У.бр. 125/2023 Oспорен: Член 13 од Правилникот за начин и постапка за добивање на     уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во     регистар донесен од Управниот одбор на Институтот на  сметководители и овластени сметководители на Република Северна  Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009  од 18.01.2024 година. Подносител на иницијативатa: Петар Прчевски, адвокат од Битола Од наводите во иницијативата: Се тврди дека оспорената одредба е конфузна, нејасна и со технички недостатоци. Се наведува дека со одредбата се ограничува слободата на пазарот и претприемништвото бидејќи субјектите имаат намера и интерес да вршат дејност како сметководители, им се ускратуваат права кои им се дадени согласно закон, односно се ограничуваат во слободата да вршат и друга дејност или да бидат основачи-управители и на други правни субјекти-трговски друштва кои би се занимавале со иста дејност. 7. Реферат У.бр. 195/2023

   

Oспорен: Член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на   уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во   регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна  Македонија, У.О   бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и  У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година. Подносител: Сашо Цветановски Од наводите во иницијативата:  Подносителот укажува дека одредбата содржи технички грешки кои создаваат конфузија.  8. Реферат У.бр. 196/2023 Oспорен: Член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на   уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во   регистар, донесен од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, У.О бр.0202/329 од 25.05.2023 година, У.О бр. 0202/366  од 29.06.2023 година и У.О бр.0202/009 од 18.01.2024 година. Подносител: Адвокат Виктор Божиновски Од наводите во иницијативата:  Подносителот смета дека оспорениот акт содржи насоки како може да се издава лиценца за работа на сметководител кои не се пропишани во Законот за трговски друштва, ниту во Законот за работни односи.  9.Реферат У.бр. 172/2024 Oспорен: Правилник за формата и содржината на Јавниот оглас, начин на   поднесување на пријавата за вработување на давателите на услуги- здравствени работници и соработници, како и начинот на спроведување на постапката за селекција на кандидатите за работното место за кое е објавен јавниот оглас, рангирање,  тестирање и спроведување на интервју бр.02-1186/2 од 13.10.2023 година, донесен од Управниот одбор на ЈЗУ Клиничка Болница  „д-р   Трифун Пановски“-Битола. Подносител на иницијативата: Игор Раденков Од наводите во иницијативата:  Се наведува дека со оспорениот Правилник, со членовите 5, 8 и 18, е повреден член 32 од Уставот, членот 55 од Законот за организација и работа на органите на Управата и член 160 и 161 од Законот за здравствена заштита. Според Подносителот, оспорениот Правилник е донесен незаконски од орган кој нема ингеренција на носење, ниту законски основ за носење на подзаконски акти, при што со неговата примена е направен субјективен избор на кандидатите од страна на работниот орган на болницата.  10. Реферат У.бр. 97/2023    Oспорен: Параграф 7 од Правилото за односите во вршењето на службата на   Армијата на Република Северна Македонија бр. 02-294/1 од 16 јули     2012 година од Началникот на Генералштабот на Армијата на     Република Северна Македонија  Подносител на иницијативата:  Здружение за развој Млади за јавен интерес Содржина на одредбата:  Воениот персонал на служба на АРМ мора секогаш да биде уредно облечен, избричен и потстрижен. Се потстрижуваат средно-зулфите до половина на увото, а косата да не паѓа на ушите и јаката на облеката, односно да не се витка преку работ на капата, шапката или баретката. Не смее да носи брада, а ако носи мустаќи, треба да бидат долги 0,8 см од горната уста и не смеат да преминуваат преку неа. Косата не смее да биде подолга од 5 см.  Од наводите во иницијативата: Подносителите наведуваат дека прашањето за носење брада е правно допуштено со Уставот и Европската конвенција, а ваквата одредба претставува мешање во правото на приватен живот. Се наведува дека е апсурдно што не се забранува носење на бркови, а притоа постои апсолутна забрана за носење на брада. II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКИ 1. У.бр. 4/2024 Уставниот суд на 10 јули поведе постапка за оценување на уставноста на член 36 став 1 во делот „прво и второ дете“, став 2 и став 3 во деловите „прво и второ“ и „доколку мајката нема новородено дете во смисла на ставот (2) на овој член“ од Законот за заштита на децата.  Судот со мнозинство гласови изрази сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството. Според Уставниот суд, во овој закон, конкретно во членот 36 спорни се одредени делови кои ги содржат термините  “прво и второ” а се однесуваат на новороденчиња, дел од став 3, како и цел став 2  кој гласи: „За прво и второ новородено дете се смета дете кое е прво и второ живородено дете по ред на раѓање на мајката кој редослед се утврдува на ист начин кога мајката ќе роди повеќе деца одеднаш.” https://ustavensud.mk/archives/32004 2. У.бр.194/2024 Уставниот суд на 11 декември поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување.

 

Најново

ВЛЕН: Партијата на нонгратите е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

СДСМ ПРИЛЕП: Четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запаметено и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Sase Ivanovski

14 годишник планирал напад врз железничката станица во Виена, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Слаба контрола на законската обврска: За една година само четворица граѓани добиле казни за нечипирано куче

Sase Ivanovski

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Sase Ivanovski

На Трамп почна да му паѓа рејтингот, економијата ги мачи Американците

Sase Ivanovski

Драма кај Лазаревац, Србија: Работници затрупани со земја при копање канал

Sase Ivanovski

Учесност на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во Мароко

Sase Ivanovski

Струмичанец избол со нож 22 години помлад човек од Василево

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ги ослободи сите преостанати заложници во втората фаза од прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Агелер: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон Унијата, но поддршката продолжува

Sase Ivanovski

Млад Србин се обидел да влезе во Македонија со „БМВ“ украдено од Германија

Sase Ivanovski

Професор нападнал ученик со метален предмет во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешното момче на Кејт Мос, Пит Доерти има сериозна болест: „Морам да одмарам за да не ми ги ампутираат прстите на нозете“

Sase Ivanovski

МОН дава финансиска поддршка за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

(ФОТО и ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Sase Ivanovski

Уставен поведе постапка – судијата Кадриу ја нарече скандалозна одредбата со која се унапредуваат членовите на Обвинителскиот совет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Леклер постигна рекордно време во неговиот прв тест со новиот автомобил на Ферари

Sase Ivanovski

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

Sase Ivanovski

Вреди пее иста песна за химната, но нема текст

Sase Ivanovski

Поставени повеќе од 200 столпчиња на градските улици, обновени над 800

Sase Ivanovski

ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Велс

Sase Ivanovski

Сервер: Договор кој ќе ја компромитира Украина може да го охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

Sase Ivanovski

Зибери: Институциите да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“

Sase Ivanovski

Јаневска: Ќе се реформира Агенцијата за квалитет во високото образование, бидејќи не ги задоволува потребите

Sase Ivanovski

Усвоен 16-тиот пакет санкции против Русија: Нема целосна забрана за увоз на руски течен природен гас во ЕУ

Sase Ivanovski

Ако некој го качил во кола, да не се плаши и да се јави во полиција, апелира семејството на исчезнатиот Миле од Неготино

Sase Ivanovski

„Специјалниот“ претставник на Трамп за Украина пристигна во Киев на средба со Зеленски

Sase Ivanovski

Русија го пофали Трамп затоа што кажа дека НАТО е главната причина за војната во Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава против вработена во Одделението за управни работи Куманово, непрописно продолжила регистрација на возило

Sase Ivanovski

Од септември средношколците со попреченост ќе добијат образовни асистенти

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии во академската 2025-2026

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Симона Цветановски: Страшно, не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Средба на КОБ со одбранбените аташеа во земјава – Размена на мислења за безбедносните политики и за членството во НАТО

Sase Ivanovski

На 84 години Том Џонс најави светска турнеја, ќе пее и во Хрватска!

Sase Ivanovski

Перински: Не се согласувам дека посетите на општините се почеток на предизборна кампања

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети е во постојан контакт со Груби

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 268 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Влада на Република Северна Македонија, Митева: Вложувањата во квалитетот на живот и здравјето за граѓаните се наш приоритет, донацијата на уреди за филтрација на воздух од компанијата ЕКОТИП ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи

Sase Ivanovski

МЖСПП: Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Александар Аексовски: Партизација наместо реформи, зад разрешувањето на Јавниот одбвинител се крие обид за инсталација на партиски послушник

Sase Ivanovski

УСАИД ја финансирала изборната комисија на Молдавија преку конзорциум, призна замeник-претседателот на ЦИК

Sase Ivanovski

Значително поскапеа некои постари половни автомобили

Sase Ivanovski

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами

Sase Ivanovski

Руте: Фер е европските членки на НАТО да ги зголемат трошоците

Sase Ivanovski

Орбан: Се остварија нашите стравови, нема да дозволиме да најдат безбедно засолниште во Европа!

Sase Ivanovski

Обвинителството на БиХ предлага строга казна за Додик и 10-годишна забрана за вршење јавна функција

Sase Ivanovski

„Рамбл“ отвори претставништво во Македонија

Sase Ivanovski

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Sase Ivanovski

Кина ги поддржува сите напори за мировни преговори во Украина, предлага четири точки за мир

Sase Ivanovski

Макрон за утре свика нов итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Зеленски жестоко му одговори на Трамп: Нема да ја распродадам Украина, нема да може да ме замените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Повеќе од 150 китови се насукаа во Австралија

Sase Ivanovski

Прегазен 17-годишен пешак на булевар во Скопје

Sase Ivanovski

Селимовиќ брутален кон синот и сопругата – ги задавил на спиење

Sase Ivanovski

Атина денеска без такси превоз

Sase Ivanovski

Акција во Србија – даночна полиција „чешла“ 50 фирми

Sase Ivanovski

МЗ: Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри

Sase Ivanovski

Медведев: Стаорецот е во ќош, потребно е итно истребување

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците, партијата е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

Нова кривична за Перпарим Бајрами – закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната

Sase Ivanovski

Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лукаревска: Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Кацарска, Трпков, Коцевски и Русковска се директно одговорни за ставање под закрила на криминалот на СДС и ДУИ, доаѓа крајот на ваков правосуден систем

Sase Ivanovski

Бербок: Ниту еден европски војник нема да биде испратен во војната во Украина

Sase Ivanovski

Доналд Трамп: Русија може брзо целосно да ги уништи украинските градови – но не сака

Sase Ivanovski

Екс претседателот на Бразил – Болсонаро обвинет за обид за државен удар

Sase Ivanovski

Трговците на големо и мало бараат средба со премиерот, загрижени се по одлуките за намалување на маржите

Sase Ivanovski

Светска банка: Потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Газа

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Хрватска загинаа двајца млади, со возилото слетаа во каналот крај патот

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски го поддржуваат 4% од Украинците, потребни се избори

Sase Ivanovski

Муцунски Во работната посета на Австралија – Тема билатералните односи со Австралија, идно продлабочување на економските и политички врски и улогата на македонската дијаспора

Sase Ivanovski

Трамп му возврати на Зеленски, обвинувајќи ја Украина за војната

Sase Ivanovski

Федералната влада потроши трилиони. Трамп и Маск велат: „Доста е!

Sase Ivanovski

Лавров по историската средба со Американците: Не само што се слушавме, сега и се слушнавме

Sase Ivanovski
Вчитувам....