2.8 C
Скопје
02/02/2025 03:11
МАКТЕЛ

   

Осум години затвор е највисоката изречена казна во земјава за сообраќајка со смртни последици: Се каел, ветил дека нема да го повтори делото и бил неженет!

     

Каква е казнената политика во земјава, за лицата кои извршиле тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, и поради чие дело настапила смрт на едно или повеќе лица, деновиве по трагедијата со дизјанерката Фросина Кулакова (22), е прашање кое е актуелно во јавноста. За случајот, Основното јавно обвинителство информираше дека лицето кое со возило ја усмрти младата девојка било под дејство на алкохол, возело со брзина од над 120 километри на час, без положен возачки испит, поминало на црвено светло на пешачки премин, каде и згасна животот на Кулакова. Претходно, истото лице, Васо Јованов, веќе му било познато на обвинителството поради низа на други дела. На социјалните мрежи веќе е активна и масовно се споделува петиција, со која граѓаните бараат казна доживотен затвор за виновникот за трагедијата која ја потресе целата земја.

Но, од пракса, односно според анализите на казнената политика на Апелациониот суд Скопје, податоците кои доаѓаат се дека за овие кривични дела, за сообраќајки со смртни последици, најголемиот број изречени казни затвор биле во траење од две до пет години. Како една од највисоките казни затвор е онаа во траење од 18 години, која му беше изречена на велешанецот Ангелчо Николов. Тој ја прегази и ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова од Велес, на пешачки премин, пијан, со одземена возачка дозвола, а нејзината мајка ја повреди и побегна. Потоа, скопска Апелација драстично му ја намали казната за цели десет години, со што тој беше осуден на осум години затвор. -За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот беше осуден на седум години и шест месеци, како и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, веќе определената казна затвор со првостепената пресуда од една година се земала за утврдена, па со примена на член 44 за двете кривични дела му се изрече единствена казна затвор во траење од осум години, соопштија тогаш од скопска Апелација.

   

Магдалена беше дете – единец, а случајот ја потресе јавноста, која тогаш, исто како со сегашниот случај на Фросина, бараше казна доживотен затвор за сторителот на делото. Според податоци од средината на 2018 до средината на 2023 година, Апелациониот суд Скопје за сообраќајки со смртни последици изрекол казни кои се движеле од пет месеци, па се до седум години и два месеци. Висината на изречените казни зависела од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежителни околности. Конкретно за случајот со Магдалена, ригорозно намалената казна на Николов ја изрекоа судиите Ѓоко Ристов, претседател на советот, Лирие Елези-Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на советот. Тие процениле дека при изрекувањето на казната во Велешкиот основен суд, во недоволна мерка биле земени предвид олеснувачките околности. Според повисокиот суд, акцентот требало да се стави на олеснителните околности, како личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој пред две години го загубил братот во сообраќајка. Натаму, дека е млад човек, неженет, фактот дека досега бил неосудуван и постапка за друго кривично дело против него не се водела.

Потоа, битен бил придонесот на обвинетиот за ефикасно завршување на кривичната постапка изразена преку признанието на вина за кривичните дела за кое се товари, изразеното каење, даденото ветување дека нема да го повтори тоа што го сторил, подготвеноста да го промени личниот статус и да се вклучи во нормалните текови на здравото општествено живеење. По излегување од затвор, тој не смеел да управува со моторно возило од Б категорија во рок од пет години. Пресудата му беше изречена во јули, 2023 година, и наиде на остри критики од јавноста. Вчера пак, на мирниот собир во Неготино на плоштад, во чест на Фросина Кулакова, присутен беше и таткото на Викторија Николова (24), која пред три години смртно настрада на пешачки премин на ,,Партизанска” во Скопје. Лицето кое ја усмрти возејќи со недозволена брзина, првин беше осудено на три години затвор и три годишна забрана за управување на патничко возило, а по бурните јавни реакции Скопска Апелација му ја зголеми казната на четири години. И тогаш се одржаа бројни протести на револтираните граѓани. -За Викторија немаше правда, да се надеваме дека за Фросина ќе има правда, порача таткото на Викторија од Неготино

 

Најново

(ВИДЕО) БОМБА НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: НА СРЕМСКИ ФРОНТ ОФИЦИЈАЛНО ИМА ЗАГИНАТО 2300 МАКЕДОНЦИ, ВО ТАА БРОЈКА СЕ ВМЕТНАТИ ОНИЕ СТОТИЦИ КОИ СЕ УБИЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАТОА ШТО САКАЛЕ ДА ОДАТ КОН СОЛУН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ИНСТРУМЕНТАЛНИ ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Ги слушнав барањата на организаторите и ветувам дека се што е во моја надлежност и надлежност на општината, а веќе не е направено, ќе се потрудиме да направиме.

Sase Ivanovski

СДСМ – Скандал во Шутка: Васов кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон, Тошковски да одговори кој го шити?

Sase Ivanovski

Никогаш не се расправајте или борете се со нарцис – правете го ова наместо да ве заробат д-р Рамани

Sase Ivanovski

Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Sase Ivanovski

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни, судот мора да покаже поголема одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Катни гаражи на Клинички – решение за паркинг или „златна кокошка“ за идниот концесионер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДМПНЕ: За седум години власт СДС потроши над 30 милијарди евра буџетски пари и не направи ништо за развој на економијата и државата

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ги зголемуваме платите на здравствените работнициза да го подобриме квалитетот на услугите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Sase Ivanovski

НСДП: ЗАРАДИ НЕСПОСОБНАТА ВЛАДА НАД 60 ИЛЈАДИ ДОМАЌИНСТВА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПО ПАРНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали има коалициски договор во Владата да се чека Косово на патот кон ЕУ?

Sase Ivanovski

СДСМ: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

Sase Ivanovski

Шукова: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се некадарни да водат држава, не се грижат за грѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар, работиме и викендов

Sase Ivanovski

СДСМ: Лефков и ВМРО-ДПМНЕ се очајни, судијката е од тефтерчето на Јанкуловска избрана во 2012 година

Sase Ivanovski

Обвинителството побара притвор за жената која со автомобил удри пешак и не му пружи помош

Sase Ivanovski

Се размислува за законски измени за повисоки казни во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Во време на СДС се вршени злоупотреби со лековите за ретки болести на Клиниката за дерматологија, констатира ДЗР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: За време на владеење на СДС, ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон преку монтирани случаи за кои судиите, партиските соопштенија, ги преточуваа во пресуди

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски го осиромашува народот – Македонија на врвот со најскап леб во Европа!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Sase Ivanovski

Полни рафтови, празни каси: Граѓаните ги бојкотираа маркетите поради високите цени

Sase Ivanovski

Контраспин: Стоилковиќ и Додик со љубов од Скопје само за Белград и Москва

Sase Ivanovski

Ноќеска почувствуван земјотрес, епицентарот десет километри источно од Скопје

Sase Ivanovski

Во напад на пазар во Судан загинати повеќе од 50 луѓе

Sase Ivanovski

Продолжуваат протестите на српските студенти, денеска се затвораат трите моста во Нови Сад

Sase Ivanovski

Уапсена жената што удри пешак и побегна

Sase Ivanovski

Од денеска на сила царините на Трамп за Канада, Мексико и Кина, најавени се давачки и за ЕУ

Sase Ivanovski

На градинките во Карпош итно им треба персонал: За 25 деца во јасли се грижи една негувателка

Sase Ivanovski

Анализа на КРИК за борбата на српската СНС во Нови Сад за наклоноста на Андреј Вучиќ

Sase Ivanovski

Сами си ги убивме децата

Sase Ivanovski

Мобилниот телефон на Васил Јованов во притвор му е одземен, ќе следува истрага за затворската полиција за санкционирање на тој што му го овозможил

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападите од Русија се доказ дека ни треба поголема поддршка

Sase Ivanovski

Шест арапски земји го отфрлија планот на Трамп за раселување на Палестинците

Sase Ivanovski

Прометот на маркетите паднал на половина за време на бојкотот, премиерот Мицкоски вели се прават анализи

Sase Ivanovski

Лажната изборна победа на Лукашенко во Белорусија

Sase Ivanovski

Николоски: Со реалните цени на државниот квадрат ќе се регулира пазарот на недвижнини

Sase Ivanovski

Измама: ЈП „Тетовo Транспорт“ не нуди билети за 145 денари, не кликнувајте на линкот

Sase Ivanovski

Дувњак: Данците трчаат 60 минути, нè чека вистинска војна!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти и граѓани ги блокираа мостoвите во Нови Сад, Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа

Sase Ivanovski

Костова: Кукавички е Мицкоски да се иззема од процесот на покачување минимална плата

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ спрема анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ НЕ МОЖАТ ДА СИ КУПАТ СТАН Николовски најави дека се работи на нормализирање на цената за квадратен метар

Sase Ivanovski

Се запалил руски шпионски брод крај Сирија, горел со часови

Sase Ivanovski

СКОПЈАНКА ГО ИСКРШИЛА ВОЗИЛОТО НА ДЕВЕРОТ Полицијата синоќа ја привела

Sase Ivanovski

ВЕЛЕ МИТАНОСКИ: Данок во крв (убија дете) – корумпираниот систем ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

Гостивар се засили со поранешен напаѓач на Лидс кој вреди 700.000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на судски пресуди: Судијката беше главен извршител на СДСМ

Sase Ivanovski

Еден од најбараните трговци со дрога е уапсен во Колумбија, тврдел дека е српски бизнисмен

Sase Ivanovski

Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Sase Ivanovski

Лажниот полицаец ги „одра“ кумановци – жена му дала 30.000 евра на измамникот

Sase Ivanovski

Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

Sase Ivanovski

„Забрането дишење“: Протестен марш во Струмица против енормното загадување

Sase Ivanovski

ВМРО-Народна повикува да се бојкотира ексју музиката

Sase Ivanovski

Николоски: Државата ќе гради комерцијални станови за да ја спушти цената на квадратот

Sase Ivanovski

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

Sase Ivanovski

Шведска: Oслободени се уапсените за убиството на Ирачанецот кој го палеше Коранот

Sase Ivanovski

ДУИ изразува загриженост за измените на Законот за инспекциски надзор

Sase Ivanovski

Прилепските фирми заинтересирани за унгарскиот кредит, 25 се подготвени за аплицирање

Sase Ivanovski

Една недела гори депонијата кај Прилеп, според надлежните намерно се пали

Sase Ivanovski

Утре нов граѓански револт за Фросина, протестот започнува во 17 часот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Поради петочната молитва сообраќаен хаос на булеварот „Гоце Делчев“ кај УКИМ

Sase Ivanovski

„Вреди“ Ги зголемуваме платите во здравството, услугите се сѐ подобри

Sase Ivanovski

Шукова: Неспособната власт купила поскап гас

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти

Sase Ivanovski

Родителите на најголемиот крипто-измамник бараат помилување од Трамп: Ќе се ослободи ли Сем Банкмен Фрид?

Sase Ivanovski

Мицкоски за цените во маркетите: Нашите стравувања стануваат вистина и реалност

Sase Ivanovski

Ни требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот, вели директорот на БЈБ Јанев

Sase Ivanovski

Инспекторите се во сите поголеми маркети, вели Мицкоски по вчерашниот бојкот

Sase Ivanovski

Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените

Sase Ivanovski

Хрватската легенда Аљоша Асановиќ се сретна со Омерагиќ и Христов

Sase Ivanovski

Возач загина откако излетал од скопската обиколница

Sase Ivanovski

Сто милиони евра повеќе за здравството, во мај ќе пораснат платите за 5 до 8 отсто

Sase Ivanovski

Бојкотот на македонските маркети поуспешен и од хрватскиот – прометот речиси преполовен

Sase Ivanovski

Николоски: Во моментот се градат социјални станови во три општини

Sase Ivanovski

Карпош ги запали багерите, се чистат „дивонаселени импровизирани градби“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Месецов ќе почнеме со анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ВМРО-НП бара да се бојкотираат настапите на ексју-изведувачите, ги качувале цените на концертите

Sase Ivanovski
Вчитувам....