Осум романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“ за 2024 година. Од Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, која ја доделува наградата, соопшти дека на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција беа одбрани 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум.
Во трка остануваат романите „Ветрилиште“ од Игор Анѓелков, „Тони“ од Румена Бужаровска, „Кој го уби Едгар Алан По“ од Владо Јаневски, „Ехото на акробатите“, од Владимир Јанковски, „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска, „Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски, „Антолог“ Романите ги селектираше жири-комисија во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).
Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.