33.8 C
Скопје
29/06/2025 14:20
МАКТЕЛ

   

Отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев

      

Вашите чести јавни настапи, кои се полни со условувања, закани и реторика на нетолеранција или поточно инсинуирана етничка супериорност кон Република Македонија и македонскиот идентитет и јазик, не само што се спротивни на европските принципи на еднаквост и меѓусебна почит, туку се потсетник на едни мрачни времиња кои Европа одамна ги има надминато.
Почитуван г. Радев
Претседател на Република Бугарија
Во мое лично име и во име на огромен број граѓани на Република Македонија, но пред сѐ во име на вистината, достоинството и европските вредности се обраќам со ова отворено писмо со цел да изразам сериозна загриженост, но и огорченост од вашите последователни изјави и дејствија кои директно го поткопуваат добрососедството, меѓусебната почит, регионалната стабилност и најважно, достоинството на македонскиот народ.

Вашите чести јавни настапи, кои се полни со условувања, закани и реторика на нетолеранција или поточно инсинуирана етничка супериорност кон Република Македонија и македонскиот идентитет и јазик, не само што се спротивни на европските принципи на еднаквост и меѓусебна почит, туку се потсетник на едни мрачни времиња кои Европа одамна ги има надминато. Вашите изјави не се случајни или пак дипломатски недоразбирања. Тие се систематска и намерна реторика на негирање и одбивање на признание за постоење на еден посебен народ, јазик и култура. Тоа не е европски став. Тоа е став на уцена и негирање, обвиткан во флоскули за наводен „европски компромис“. Ви ,,благодариме” но таквиот компромис го сметаме за неприфатлив и спротивен на основните демократски вредности.

   

Се прашувам: од каде потекнува оваа длабока нетрпеливост и омраза кон сѐ што е македонско? Дали е тоа страв од вистината, од историјата што не може да се избрише со резолуции, декларации и условувања? Дали македонскиот јазик и идентитет навистина се толку опасни за вас, што единствениот начин на дијалог е преку надменост, уцени и вето?
Говорите за права на Бугарите во Македонија, но заборавате да кажете дека токму под ваш притисок, се врши институционално негирање на македонските права, и во Бугарија и во дел од европската заедница. Говорите за компромис, но секогаш барате само едно: Македонија да се откаже од себе.

Г. Радев, вие растевте во Социјалистичка Република Бугарија, во време кога името на Георги Димитров се изговараше со почит, човек кој го призна македонскиот народ, јазик и идентитет. И вие тоа добро го знаете. Што се случи по патот од Димитров до денешниот Радев? Како дојдовте до точка каде што како претседател на една земја членка на ЕУ ги погазувате основните вредности на Унијата: почитта кон соседите, правото на самоопределување и самоиндентификација, можноста за дијалог и др.? На великанот Георги Димитров, вие и целиот бугарски народ му должите историско признание за искреноста, но тој денес сигурно би се засрамил од негирањата што ги промовирате и застапувате.

Вашите настапи во јавноста, вклучително и најновиот во врска со извештајот на АФЕТ, отворија простор за нови тензии, недобронамерни толкувања и тенденции кон историски ревизионизам. Наместо да не зближувате вие се секоја изјава се повеќе не оддалечувате едни од други. Вие тврдите дека во Бугарија имало „бран на негодување“ поради тоа што Европскиот парламент се изјаснил по прашања како „идентитет“ и „јазик“. Зарем почитувањето на човечкиот идентитет, мајчиниот јазик и правото на самоопределување се закана за европската иднина и за Република Бугарија? Или, всушност, не се плашите од Македонија и македонскиот народ, туку од вистината, г. Радев? А вистината е едноставна и не може да се негира: Македонија, македонскиот јазик, историја и култура беа, сé и ќе бидат реалност.

Во својата реторика често споменувате „права на Бугарите во Македонија“. Во ред нема проблем, но ајде да ве замолам да одговорите на неколку прашања за кои досега упорно молчите. Зошто Бугарија постојано одбива да го признае постоењето на македонското малцинство на својата територија?. Зошто поддржувате други народи да имаат право на самоопределување, но не и Македонците?. Зошто, и по повеќе пресуди од Европскиот суд за човекови права, не дозволувате регистрација на ОМО Илинден-Пирин? Знаете ли дека се работи за мирољубива и демократска организација што бара елементарни културни и малцински права. Зошто македонската заедница во Бугарија, која низ историјата била и најголемо малцинство (според Пописот од 1956 година речиси скоро 200.000 лица), денес е целосно избришана од политичкиот, правниот и културниот бугарски пејзаж? Како е можно за само девет години (Попис 1956 – Попис 1965 година) бројот на македонците во Бугарија да се намали на околу 9.000? И тука ќе престанам иако имам уште многу други болни прашања!.

Г. Радев, не е проблемот во вметнување на Бугари во Уставот на Република Македонија. Проблемот е неприфаќањето на македонскиот народ како рамноправен субјект во историјата и денешнината. Проблемот е во вашето неприфаќање на македонскиот јазик како мајчин јазик на еден народ кој постои, живее и мисли на македонски. Нема потреба да им робувате на историските предрасуди. Република Бугарија како балканска земjа членка на ЕУ и НАТО, има посебна обврска да изгради здрава и траjна основа на билатерални односи со своите соседи. Во таа смисла вие како прв човек на државата треба да бидете промотор и иницијатор политичарите и историчарите и сите ретроградни персони конечно да се оградат од контроверзниот и идеолошко обоен документ на Бугарската академија на науките (БАН) oд месец ноември 1968 година („Историско-политичка информација по македонското прашање“) во кој се негира постоењето на македонскиот народ, јазик и култура.

Ниту една држава во Европа не негува европски вредности со практикување на застарена идеологија и вокабулар. Бугарските политичари треба да се ослободат од неоснованата конструкција и стравот за наводни македонски територијални претензии. Им порачувам да престанат да се обременуваат со историските спорови и конечено да се ослободат од митологизираниот наратив (фантазма) што го опишува Македонизмот како најромантичен дел од бугарската историја, термин што го користеше и поранешниот претседател Петар Стојанов.

Г. Радев, дали знаете дека со вашиот вординг и однесување директно ги прекршувате: Член 2 од Договорот за Европската Унија, кој ги обврзува државите членки на почитување на човековото достоинство, демократијата и правата на лицата што припаѓаат на малцинства и Член 21 од Повелбата за основни права на ЕУ, кој јасно забранува дискриминација врз основа на етничка припадност, јазик, национално потекло или припадност на малцинство?
Г. Радев, не ми е јасно како можете да ги поддржувате украинските права на јазик и идентитет, а истовремено да го негирате постоењето на македонскиот народ, неговиот јазик, историја и култура? Зарем тоа што ѝ го прават на Украина не е истото што некои бугарски политичари се обидуваат да ѝ го направат на Македонија?.

Постојано се заканувате со вето врз европскиот пат на Македонија. Сите знаеме дека тоа не е израз на искрена загриженост и европски чувства, туку акт на политичка манипулација од бугарска страна на која подлегнаа и некои членки на ЕУ. По кој пат треба да потсетам на Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан (6 февруари 2018): „Билатералните спорови не смеат да ја блокираат европската перспектива“ и на Заклучоците на Советот на ЕУ (18 јуни 2019): „Билатералните прашања не треба да бидат услов во процесот на проширување“.

Г. Радев зошто Ви пречи македонската држава и македонскот народ? Зошто Ви пречи македонската историја и нашиот прекрасен јазик? Има ли нешто што не ви пречи? Јас колку што знам, а мислам дека многу добро знам, Македонија не ви должи ништо. Вие како поранешен армиски генерал-мајор, човек кој магистрирал и докторирал мора да знаете дека никаде во светот никој не преговара за сопствениот идентитет и дека сопствената историја не се пишува по туѓ диктат.

Претседателе Радев, со вашите зборови и дела, вие не ја браните Европа, напротив ја срамите. Ја доведувате ЕУ да се срами од туѓиот, во случајов ваш срам. Исто така немојте да мислите дека со ваквиот Ваш однос ја заштитувате Бугарија? Не, не и НЕ – туку ја ставате во друштво на државите познати по својата историска нетолеранција кон различностите од кои Европа страдала со векови. И тоа ќе остане запишано во историјата, исто како што остана запишана и улогата на бугарска држава за време на Втората светска војна, кога на територијата на Македонија беше воспоставена власт под покровителство на Силите на Оската. Се работи за период кој денешните бугарски политичари и историчари се обидуваат да ја прикажат како наводно ‚,администрирање”, наместо со нејзиното вистинско име. Не е задача на денешните генерации да ја ‚,перат” или преработуваат таа историја, туку да ја признаат таква каква што била, да се извинат за сторените зла и трезвено без емоции да извлечат вистински европски поуки од неа.

Република Македонија не бара ништо што не е признаено и не е дозволено според меѓународното право. Бараме само да ги почитувате цивилизациските правните норми и да дозволите Македонија да оди напред, кон Европа, без да биде условувана да се откаже од себе. Зарем ова е премногу за барање во 21 век?.

Но, без разлина на сé, едно мора да знаете. Македонија ќе опстане. Македонскиот народ нема да се откаже од своето постоење. Вам г. Радев ќе ви заврши функцијата и ќе останете запаметен, не како градител на мостови, туку како претседател кој решил да го поткопува мирот на своите блиски соседи. Историјата нема да ве запомни по зборовите, туку по последиците од кажаните зборови.

И на крајот најискрено човечки и христијански ве замолувам. Престанете да ја градите бугарската политичка агенда врз негирање на туѓ идентитет. Бугарскиот народ нема да биде „повреден“ од вистината, но ќе биде деградиран ако се води од лаги, уцени и политички манипулации за дневна употреба. Историјата не може да се избрише. Народите не можат да се редефинираат по туѓа мерка. Европската иднина на Македонија не треба да зависи од нечија туѓа нетрпеливост и тесноградост.

Со длабока почит,

граѓанска искреност и непоколеблива решителност

Проф д-р Јове Кекеновски

   

Најново

ПЕЏА: Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ДАЧИЌ: Ти си вечно на власт, само две години не си бил на власт во последните 30 години…

Sase Ivanovski

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Sase Ivanovski

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Sase Ivanovski

(Видео) Пожар во Визбегово, ЦУК апелира институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Со каков договор ДУИ наредија бришење на дијаспората од пописот?

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта

Sase Ivanovski

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Sase Ivanovski

Царината заплени дрон, цигари, фалсификувана стока

Sase Ivanovski

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата

Sase Ivanovski

Како „Јуроњуз“ ја цензурираше приказната на Синиша Мали за КРИК

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВИДОВДАН ПРОСЛАВЕН НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА САД

Sase Ivanovski

СРПСКИ ПОРТАЛ ГИ ЛАЖЕ СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА ДА ВОЗАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД

Sase Ivanovski

СДК: ВАКВИ НЕ ПРИМАМ ВО КОЛА, МУ РЕКОЛ СКОПСКИ ТАКСИСТ НА ЛИЦЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ОДБИЛ ДА ГО ВОЗИ

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА, ИМА ИДНИНА ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

Трагедија во Дебарско Езеро – удавена жена кај градската плажа

Sase Ivanovski

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИТИКИ ЗА ИЗРАЕЛ И САД НА КОНЦЕРТОТ НА МАСИВ АТАК ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗАГИНАА ТАТКО И СИН: Страшна семејна трагедија попладнево кај Солун – возач на камион од Македонија е уапсен!

Sase Ivanovski

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Sase Ivanovski

Жестоки судири во Белград во текот на ноќта: „Ова е крајот на предавничката влада“ Вучиќ ќе има обраќање до нацијата

Sase Ivanovski

НЕ МУ ДАДОА ДА СЕ ВЕНЧА ВО СРЦЕТО НА ВЕНЕЦИЈА Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Sase Ivanovski

СЕПАК СМЕ БРАЌА: Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

Sase Ivanovski

Лажно е видеото со Џамбазов во инвалидска количка, обвинет за напад и уапсен

Sase Ivanovski

Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа

Sase Ivanovski

Приведени возачи од Делчево и Кавадарци, управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Во израелскиот напад врз затворот Евин во главниот град на Иран, Техеран, што беше извршен на 23 јуни, беа убиени 71 лице, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир

Sase Ivanovski

Киселова: Бугарија нема апсолутно никакви претензии кон Република Северна Македонија во каква било форма

Sase Ivanovski

Почина Ребека Дел Рио, вокалистка со ангелски глас и таинствена присутност, засекогаш врежана во колективната меморија преку нејзиниот незаборавен настап во култниот филм Mulholland Drive на Дејвид Линч

Sase Ivanovski

Идентитетот не се стекнува, а ниту се губи во европскиот парламент

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на заокружување на обуката „Истрага на местото на настанот“, насочена кон унапредување на истражните капацитети на полициските сили на нашата земја

Sase Ivanovski

СДСМ: После една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е понижена и меѓународно заглавена

Sase Ivanovski

ГОРАН СДК: Точно е дека Данела е најлош градоначалник на Скопје во историјата, но точно е и дека во Чаир има криминал, зошто се чека со реакција на институциите?!

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЦЕНТАР: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

Sase Ivanovski

Жештините во светот стануваат неподносливи, а летото штотуку започна. Што велат научниците

Sase Ivanovski

(Видео) Српската полиција употреби солзавец и водени топови за да растера демонстранти во центарот на Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Приведени 17 лица на Видовден во Косово: Косовската полиција и Српската листа со спротивставени ставови

Sase Ivanovski

Земјотрес утрово со епицентар во Валандово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СРПСКАТА КАТИЦА ЈАНЕВА Е ПОЛУДА И ОД НАШИОТ БОКИ 13-КА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

Sase Ivanovski

Индија демантира дека е вмешана во самоубиствениот напад во Пакистан, во кој беа убиени 13 војници

Sase Ivanovski

Огласот за избор на апелациски судии траеше недозволено долго, признава претседателот на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Вучиќ прогласи победа над студентите откако полицијата ги растера со солзавец

Sase Ivanovski

Сирски: Се спроведува нов руски напад врз Костјантинивка, клучен град на источниот фронт на Украина

Sase Ivanovski

Според Путин иднината е во развој на Арктикот

Sase Ivanovski

Анархични тела или Филозофија на ранливост

Sase Ivanovski

Додека во Србија се протестира Вучиќ игра шах

Sase Ivanovski

Се зголемува бројот на загинати во свлечиштето во северозападна Колумбија

Sase Ivanovski

ФАКТОР: Која е македонската акција со највисока цена на сите времиња? Верувале или не, за една акција треба да се платат 622.330 евра!!!

Sase Ivanovski

„НЕ МИ ГО ПУШТАЈТЕ ПРЕКУ МЕДИУМИ, ОНА ‘ЏУЏЕТО’ ОД КИЧЕВО“: Жерновски тврди дека го предупредуваат да седи на страна и да молчи

Sase Ivanovski

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи 

Sase Ivanovski

Не може да се скенираат сметки по вчерашното невреме

Sase Ivanovski

Продолжен рокот за понуди за финансирање на проектот со брзата железница, досега не е пристигната ниту една

Sase Ivanovski

Ќе има ново зголемување на пензиите, ќе биде процентуално

Sase Ivanovski

Директорот Јанев на планинарски марш во СВР Тетово: Службата не е само униформа – таа е братство, посветеност и заедничка сила

Sase Ivanovski

РАДЕВ JA ИСКАРА БУГАРСКАТА ВЛАДА: Вели дека тој не дозволил легитимирање на македонизмот

Sase Ivanovski

Скопје без ниту една дискотека што ќе работи летово

Sase Ivanovski

Данела Арсовска: Диви приклучоци на „Пластичарска“, единствено постапија од ЕВН и „Водовод и канализација“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“ преполна на Видовден – Ќаците ги гаѓаа со шишиња и јајца

Sase Ivanovski

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ГО ПОМЕША МАРКО РУБИО СО ЏЕЈ ДИ ВЕНС И ГО НАРЕЧЕ ДИЏЕЈ ВЕНС НА САМИТОТ НА НАТО

Sase Ivanovski

ДАЛИ ИМА ОСНОВА ЗА КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОПИСОТ? Мицкоски предлага електронски попис

Sase Ivanovski

БДП ПОРАСНА ЗА 3,2%, ДЕФИЦИТОТ СЕ НАМАЛИ ЗА 4%, ИНФЛАЦИЈАТА Е 3% Економијата се стабилизира, Македонија е 4-та земја во Европа според растот на БДП

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЌЕ УПАТИ НА РАЗУМ ВО СТРАЗБУР ПРОТИВ „МОДЕРНИОТ“ АМАНДМАН Не е мала работа што ЕУ разбра што прави Бугарија, смета Муцунски

Sase Ivanovski

„МЕ ИЗОЛИРАА И МИ ВРШЕА ПРИТИСОК ДА ПОТПИШАМ“ Мбапе го тужи ПСЖ за психолошко малтретирање

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Бледи се обидите на Филипче да се искупи за предавството и загрозувањето на националните обележја, прошка од народот нема да има

Sase Ivanovski

СПАС ЗА ГЛАДНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО ГАЗА Поделени над 33.000 пакети со храна

Sase Ivanovski

ЖЕНА ПОД ИСТРАГА ЗА ПЕКОЛОТ НА ХИОС Пожарите пустошат села, туристите и жителите во паника

Sase Ivanovski

ТРАМП ОД ИЗРАЕЛ БАРА АМНЕСТИЈА ЗА „БИБИ“ Вели дека Нетанјаху направил многу за својата држава

Sase Ivanovski

„ПРАЈД НЕ НИ ТРЕБА, НИ ТРЕБА СТРУЈА“ Орбан ѝ порача на Фон дер Лајен да не вмешува прсти во внатрешната политика на Унгарија

Sase Ivanovski

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ СРЦЕВ УДАР Водич што може да ви го спаси животот

Sase Ivanovski

УАПСЕН ФИТО, ЕКВАДОРСКИОТ „БОГ НА ПОДЗЕМЈЕТО“ Се криел под мијалник во кујна

Sase Ivanovski

На средба со Шолц во Берлин Филипче се заблагодари за поддршката од Германија за македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

ФЕНОМЕНОТ „ТОПЛИНСКА КУПОЛА“ ЈА ЗАФАТИ ЕВРОПА Денеска е во Франција, а утре посилен ќе ги зафати Италија, Шпанија и Португалија

Sase Ivanovski
Вчитувам....