Ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа. Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, а во соработка со невладината ЕКПАТ Австрија. Ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа
Ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа. На отворањето зборуваше Државниот секретар при Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, аташето на Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, г-н Харалд Бреза Фугер, в.д. директорот на Меѓуопштински центар за социјални работи на Град Скопје г-н Хамза Амети, координаторката на проектот г-ѓа Андреа Накова од Новинари за човекови права, г-ѓа Наташа Доковска – програмска директорка на Новинари за човекови права и г-ѓа Анита Пинтер од ЕКПАТ Австрија.
„Овој Центар не претставува само инфраструктурен објект. Тој претставува симбол на солидарност, човечност и вистинска грижа за секое дете и секое семејство во нашата заедница. Тука ќе се обезбедува психосоцијална, образовна, правна и практична помош и поддршка. Тој ќе претставува место каде што секој ќе може да се почувствува слушнат, разбран и поддржан. Тоа се и нашите заложби како министерство, да изградиме мрежа на сигурност и можности, каде што децата ќе имаат пристап до образование, грижа и љубов, а родителите – поддршка, разбирање и алатки за подобра иднина. Суштината на нашата визија за праведно и инклузивно општество се луѓето – особено оние кои најмногу имаат потреба од поддршка“, истакна Сабриу. Како што посочи тој, семејствата што живеат во сиромаштија, самохраните родители кои секојдневно се борат за достоинствен живот за своите деца, младите кои се на чекор од напуштање на образованието поради сиромаштија, бегалските деца кои бараат безбедност и надеж, децата од ромската заедница кои заслужуваат еднакви шанси, и оние чии родители се борат со ментално здравје, зависности или семејно насилство. Извор: Новинска агенција МЕТА