Рокот за поднесување апликации е 16 јуни. Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2025“, годишен конкурс за најдобрите истражувачки стории во РСМ, објави амостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) „Ги покануваме сите новинари кои имаат објавено истражувачки стории во текот на претходната календарска година да се пријават за ЕУ наградата за истражувачко новинарство. Наградниот фонд е 10.000 евра и признанијата се доделуваат во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетот на новинарството на Западен Балкан и Tурција II“. Целта на наградата е да ги препознае извонредните достигнувања во истражувачкото новинарство и да ја зголеми видливоста на квалитетните стории. Наградата се доделува во земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија) и Турција“, стои во објавата.
Покрај националните признанија повторно ќе бидат наградени и најдобрите регионални стории. Награднот фонд за националната и за регионалната награда изнесува по 10.000 евра. Во секоја земја трите најдобри стории ќе бидат наградени, а националните и регионалните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место. Секој кандидат може да пријави свои стории за националната, за регионалната или и за двете награди. Еден кандидат на конкурсот може да пријави најмногу три стории. Жири-комисијата за националната награда има екслузивно право сториите кај кои ќе препознаат регионална вредност да ги предложат и за регионалната награда, дури и во случај тие стории при аплицирањето да не биле пријавени за тој конкурс. Извор: Новинска агенција МЕТА