
Со донација на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, денеска отворивме комплетно опремена сензорна соба во ООУ „Киро Глигоров“. Сензорната соба е наменета за околу 20-тина ученици кои учат во училиштето и истата ќе биде во функција додека се изведува воспитно-образовната настава.
Од
им благодарам на ТИКА чија донација верувам дека ќе придонесе за полесно совладување на наставниот материјал, ќе ја зголеми мотивацијата на децата да учат и да истражуваат, но и да го намалат стресот и да ја зголемат концентрацијата.

Заедно вложуваме во инклузивно образование и вклучување на сите деца во наставниот процес.