Меѓународниот саем за мобилност на Југоисточна Европа (ЈИЕ), кој требаше да се одржи на 24 и 25 април во Белград, е откажан бидејќи изложбените компании од земјите на Европската Унија (ЕУ) сметаат дека постои безбедносен ризик за нивните претставници, бидејќи највисоките функционери на Србија ги означуваат лицата од странство како непријатели, соопштено е денеска. Организаторот на тој саем, „Кластер Реилвејс оф Саутист Јуроп“, објави дека компаниите од пет земји од ЕУ и дел од здруженијата на лидери на европската железничка индустрија го откажале учеството, поради што биле принудени да го откажат саемот СEE Moбилити. Компаниите кои требаше да настапат како излагачи и говорници изјавија дека во моментов постои значителен ризик за безбедноста на нивните претставници во Србија поради протерувањето на лица од земјите на ЕУ кои учествуваат на меѓународни конференции, кои ги спроведуваат српските државни органи, поради јавното таргетирање на директори на реномирани европски компании во Србија.
Како што е наведено, тие биле предупредени од министерствата за надворешни работи и амбасадите на земјите од кои доаѓаат дека највисоките политички претставници на Србија пред неколку месеци во јавни изјави ги обвинија Западот, Европа и земјите членки на ЕУ дека спроведуваат „обоена револуција“ во Србија и ги означија луѓето од странство како непријатели, што може да ја загрози безбедноста на деловните луѓе кои доаѓаат во Србија. Годинешниот саем СEE Moбилити се подготвува повеќе од една година, а за првпат во историјата на отворањето на саемот во Белград беа најавени директорите на трите најголеми европски асоцијации на железничката индустрија, потсетува Нова.рс.