Откако вчера вечер на Фејсбук објави дека ќе ја каже целата вистина за случајот со убиената Вања Ѓорчевска денес претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески е повикан во полициска станица.Целата македонска јавност е во шок откако за Вања Ѓорчевска и Панче Жежов е обвинета истата група од пет луѓе од кои едно лице е во бегство.
Сепак на официјалното соопштение од МВР и ОЈО претходеше објава на Богојески кој изјави дека ја знае целата вистина за Вања и се закани доколку полицијата не ја открие дека тој јавно ќе ја обелодени.
Еве што напиша Богојески вчера:
-КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВЕСТИ!!!
Македонци, до нашата партија Македонски Концепт пристигнаа крајно вознемирувачки вести за девојчето Вања!!!
Му даваме 30 минути на обиџуко Oliver Spasovski да ја извести јавноста за последните настани за судбината на девојчето!!!Комуницирано е со МВР и потрпаролот на МВР, одбиваат да ги демантираат информациите кои ги споделивме со нив!
Дополнително бараме информација дали осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица и дали се веќе пренесени на Косово?!?Дали има и други осомничени, кои исто се избегани од рацете на МВР?