33.8 C
Скопје
07/06/2025 13:00
МАКТЕЛ

   

Откако ѝ ја даде, Владата сега ќе ѝ ја одзема салата „Партизан“ на Општина Карпош

      

Советниците на последната седница на Советот на Општина Карпош со официјален заклучок се спротивставија на ваквата намера, откако градоначалникот Стевчо Јакимовски ги информира дека на седница на Генералниот секретаријат на Владата, како точка на дневен ред, се разгледува предлог за одземање на спортската сала, иако во изминатата година Општината вложила средства во нејзиното одржување.

   

Салата дури во март годинава, по повеќе од една година откако беше изградена, ги отвори вратите за спортување и во неа се одржаа натпревари во рамките на училишните спортски лиги во кошарка и одбојка. Во претходниот период беше затворена, затоа што, како што објаснуваа од Општината, салата им била предадена без греење и без потребните реквизити, иако поранешната Агенција за млади и спорт најавувала ќе ја предаде салата „Партизан“, како сосема нов, современо реконструиран и целосно опремен спортски објект.

Долго време разговаравме и со претходното раководство и со сегашниот министер за спорт, но без успех. Затоа, ние како локална самоуправа распишавме тендер и со 1.060.000 денари купивме два нови централни кошови, мрежа за одбојка, рипстоли, ги опремивме соблекувалните со нови клупи и други реквизити. Во исто време морам да кажам дека имаме делови од објектот каде веќе се појави и влага, што значи дека салата е изработена неквалитетно. За ова го известивме и сегашниот министер за спорт, но оттаму немаме никаков одговор – посочи неодамна Јакимовски.

Во меѓувреме дел од салата со одлука на Советот е доделен на користење на Стрелачката федерација на Македонија, а на претходната седница во објектот е доделена и канцеларија за потребите на граѓанското здружение „Културно ехо“. Во тек се и јавни повици за изнајмување делови од салата. Дополнително вложени се и средства од Општината за доопремување со спортски реквизити и приклучување на централно парно.

 Ова е крајно некоректно. Еднаш стапив во контакт со министерот Борко Ристовски, набрзо кога стана министер, потоа неколкупати се обидував околу тоа што течеше објектот, што немаше никаква опрема. На крај вложивме пари и приклучок за парно греење и сега наеднаш „гром од ведро небо“. Ова е во духот со децентрализацијата или централизација? Оваа сала треба да им се стави на располагање на граѓаните на Карпош –посочи градоначалникот на седницата на Советот.

На прашањето од советник дали Општината има законски мерки да преземе нешто доколку Владата донесе таква одлука, Јакимовски посочи дека мора да се слушне и мислењето на локалната самоуправа.

Во Генералниот секретаријат на Владата има многу стручни луѓе, тоа ви е филтерот практично пред Уставен суд. За секоја одлука на Влада, законски измени, закони, тие си го даваат своето мислење од аспект на уставно-правен карактер, како и од аспект на усогласеност со други закони. Мислењето на Секретаријатот е многу битно, а тоа вели дека корисникот мора да се праша – рече Јакимовски и посочи дека досега од Владата ниту ја известиле Општината за нивната намера ниту некој разговарал со нив.

Тој посочи дека има информации дека и базенот што се гради до спортската сала, Владата сакала да ѝ го даде на Пливачката федерација.

Тој базен нам ни треба за пливачко описменување на учениците од основните училишта во општина Карпош. Тој не ни треба за бизнис, за Пливачка федерација од клубови да наплатува. Тоа се работи во базенот во „Борис Трајковски“. Ова е мал базен, детски, за да се научат децата да пливаат – посочи градоначалникот.

Фото: Општина Карпош

Од Општина Карпош на прашањето колку имаат инвестирано досега во спортската сала, велат дека станува збор за сума поголема од 2 милиони денари – половина од парите за набавка на дел од потребната опрема за салата и уште толку за хортикултурно уредување и поставување систем за наводнување.

Дека ќе се бара одземање на салата од Општината, потврдуваат и од Министерството за спорт. Оттаму тврдат дека по согледувањата и жалбите увиделе дека има проблеми околу стопанисувањето со спортската сала „Партизан“, која по реконструкцијата е предадена во владение на Општина Карпош.

Воедно, и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски изјави во јавност дека има тешкотии во стопанисувањето со салата, а и по добиените информации дека салата не се одржува квалитетно, затворена е за користење и не е ставена во употреба повеќе од 12 месеци, одлучивме да не дозволиме овој спортски објект да пропаѓа. Од тие причини, на седница на Владата ќе биде побарано салата „Партизан“ да се врати под ингеренции на државата, сѐ со цел овој спортски објект што побрзо да биде ставен во функција и да им биде на располагање на граѓаните на општина Карпош како и на сите што се занимаваат со спорт, професионално или рекреативно – велат од Министерството.

Спортската сала „Партизан“ во Карпош 4, кој е култен објект за карпошани, е донација на француската влада за обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 и е изградена во 1969 година, според проект на архитектот Трајко Димитров.

Салата беше во државна сопственост до 2005 година кога Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали ја даде под концесија на 30 години на фирмата „Сенгруп“. Но, наместо да ја заживее, салата целосно беше уништена и преполна со ѓубре.Општина Карпош на почетокот на 2019 година поведе иницијативата за спас и обнова на салата, а потоа, во соработка со меѓународната невладина организација „Културно ехо“, спроведе анкета за избор на идејно решение. Идејните проекти беа подготвени од домашни и од странски млади архитекти, а изборот преку анкета го направија граѓаните на Карпош.Реконструкцијата на оваа спортска сала, за која Агенцијата потроши 1,1 милион евра, започна во април 2022 година, а заврши во декември 2023.

   

Најново

Шест месеци по бегството, на Фејсбук се огласи Артан Груби

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп ќе се обиде да депортира мигранти од Хаити, Куба и Никарагва на Балканот

Sase Ivanovski

Трамп против Маск: Кој може повеќе да загуби?

Sase Ivanovski

Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!

Sase Ivanovski

Утре уште потопло – со температура до 38 степени

Sase Ivanovski

КАПРИ, ИТАЛИЈА

Sase Ivanovski

И ГРЦИТЕ ИМААТ ВЕНЕЦИЈА, СЕ ВИКА АИТОЛИКО

Sase Ivanovski

На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија

Sase Ivanovski

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Sase Ivanovski

Грета Тунберг со едрилица се приближува кон Газа, сака да ја пробие израелската блокада

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Две милијарди евра инвестиции во железничкиот сообраќај, брза пруга Табановце-Гевгелија

Sase Ivanovski

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле за тоа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНАТА БАРСЕЛОНА

Sase Ivanovski

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ АМСТЕРДАМ

Sase Ivanovski

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има 16 години

Sase Ivanovski

Апелациски суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Sase Ivanovski

(Видео) Трилинг: Архитектот Мишко Ралев можен кандидат за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ќе нема струја на неколку улици во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Норвешки лекар осуден за силување на десетици пациентки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најбрутален руски напад врз Харков од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Маск повикува да се основа нова партија во САД

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Леле мори мајко, секој ден е бетер и бетер

Sase Ivanovski

Едно лице е ликвидирано вечерва во центарот на Белград

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ИСТОРИСКИ ДЕН

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Муцунски: Сè уште нема позитивен одговор од Бугарија за средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев на самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

(Видео) Неофицијално учествувал градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу: Сообраќајка кај Битпазар

Sase Ivanovski

Македонски тенисер од Универзитетот во Јута обвинет за силување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Македонија и Белгија ремизираа во Скопје

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Растoт на БДП е најрелевантен показател за политиките што ги спроведуваме и смерница за креирање на идните политики

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ ЕДИНБУРГ

Sase Ivanovski

ПРЕКРАСНИОТ МОНМАРТР, ФРАНЦИЈА

Sase Ivanovski

Балканец смисли бизнис идеја, носи 300 евра дневно: Не купувајте стан, ова е попрофитабилно!

Sase Ivanovski

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

Спасовски: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност за актуелни функционери

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонија започнува подготовка за пруга, интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Пратеникот Миле Талевски избран за член на Меѓународниот секретаријат на Интерпарламентарното Собрание на Православието

Sase Ivanovski

Бугарскиот министер Георгиев: Инсистираме на спроведување на францускиот предлог

Sase Ivanovski

ФОТО | Невремето во Скопје предизвика поплава на стадионот „Тодор Проески“

Sase Ivanovski

Муцунски во Париз: Искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Гаши пресече: Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Костадиновски

Sase Ivanovski

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Sase Ivanovski

ПОБЕДАТА НА НАВРОЦКИ ЗНАЧИ ОТФРЛАЊЕ НА БРИСЕЛ Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Sase Ivanovski

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Sase Ivanovski

Годинава ќе можеме да вадиме електронски лични карти и возачки дозволи, најавува Андоновски

Sase Ivanovski

Мајка на жртва од Кочани: „Кој има душа и разум, нека застане со нас родителите да се бори за правда на убиените ангели

Sase Ivanovski

Во Истанбул трошоците за живот се зголемиле за речиси 50 отсто за една година

Sase Ivanovski

Филипче: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

Sase Ivanovski

ТРАМП: Можеби е подобро да се остават Украина и Русија „да се борат уште некое време“

Sase Ivanovski

Зеленски: Путин чувствува неказнивост

Sase Ivanovski

Кремљ му одговори на Трамп: Војната во Украина е егзистенцијално прашање за Русија

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното „убиство во обид“ во скопско, одредена мерка притвор

Sase Ivanovski

Барди: Во Скопје сме освојувале бодови против Италија и Англија, можеме и против Белгија!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ со навреда за пиротехниката во Кочани – „Искажувате некрофилска тенденција“

Sase Ivanovski

Ахмети: Не се плашете, не сакаме да ја поделиме Македонија

Sase Ivanovski

Вајц: Бев мета затоа што одбив да потклекнам на притисокот од Бугарија

Sase Ivanovski

Паднати дрва и поплавени булевари од невремето во Скопје

Sase Ivanovski

Охрид СОС: Нов огромен објект никнува во старата чаршија

Sase Ivanovski

ВИДЕО | СДСМ обвини дека фирма „од периметарот“ на премиерот ја шверцувала пиротехниката во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Африм Гаши во интервју за порталот Нова тв: Воопшто не сме се откажале од ЕУ интеграциите

Sase Ivanovski

Русија го бомбардираше Киев како одмазда за „Пајажина“, Зеленски бара меѓународен притисок за крај на војната

Sase Ivanovski

Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

Sase Ivanovski

ФОТО | Русија: Експлозија на железничка пруга во Воронеж, напад и во Брјанск

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Немаме билатерален проблем со Македонија, сменете го уставот и имате преговори со ЕУ!

Sase Ivanovski

„Половина година подоцна, рацете уште ви се уште покрвави“ – студентски протести во Ниш

Sase Ivanovski

Николоски се сретна со претседателката на белгиската фудбалска федерација

Sase Ivanovski

Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин на струјата и интернетот

Sase Ivanovski

Од британските пари ќе се изгради болница во Кичево, откако старата не можеше да се догради 40 години

Sase Ivanovski

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа…“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: За разлика од Ставрески, јас се што мислев му кажував во лице на Груевски, затоа бев сменет

Sase Ivanovski

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавното

Sase Ivanovski

Унапредување на билатералната соработка и поддршка за европските интеграции, во фокусот на посетата на Муцунски во Париз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: ЈАС ПОМОГНАВ БЕЖОСКА ДА СТАНЕ ГУВЕРНЕР, НО ТАА ПОТФРЛИ ВО БОРБАТА СО ИНФЛАЦИЈАТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДРЖАВНИТЕ РЕЗЕРВИ ДА ГИ ЧУВАМ ВО КРИПТО ВАЛУТИ, ЕЛ САЛВАДОР СЕ КОЦКАШЕ СО ТАКОВ ПОТЕГ И ТОА ЗАВРШИ КАТАСТРОФАЛНО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Евентуална девалвација на денарот би предизвикала огромен ценовен шок, имаме доволно државни резерви да го браниме курсот ако затреба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Трамп со своите крипто валути тргува со влијание, се чудам како тоа му го дозволуваат, тој се правда дека тоа го правел и Бајден

Sase Ivanovski
Вчитувам....