Роџерс Касим Мато е актуелен репрезентативец на Уганда, кој во зимскиот преоден рок од струмичка Брера, го засили скопски Вардар. По доаѓањето во Скопје Мато добро и брзо се вклопи во црвено-црниот состав и има и повеќе од забележителни резултати. На 31 настап сезонава има постигнато 8 голови, зачинети со 6 асистенции, редовно е повикуван на репрезентативните повици на Уганда, а вечерва има можност да го освои првиот Куп трофеј во македонскиот фудбал во финалната пресметка помеѓу Вардар и Струга ТЛ која започнува од 20 часот.
Истражувавме малку и стигнавме до информација дека Мато е голем работник и дека освен редовните фудбалски тренинзи со Вардар редовно оди на интивидуални тренинзи кај нашиот познат кондициски тренер Антонио Бошевски, кој последно во клупскиот фудбал работеше во грузиска Самтредиа. Кој работи напорно го прави и она што не го очекува.
За повеќе информации за работата и кариерата, на овој млад, но исклучително квалитетен македонски фитнес тренер, на неговиот портал… https://antoniobosheski.com/
View this post on Instagram