16.1 C
Скопје
15/05/2025 19:09
МАКТЕЛ

     

Отпадот нека оди таму каде што нема гласачи

      

Во Пелагонискиот регион повторно се одржа протест против изградбата на регионална депонија – дел од европскиот проект за интегрирано управување со отпад. Жителите на Битола и Новаци, организирани преку иницијативата „Против депонија во Пелагонија“, го искажаа својот револт на протестен собир во близина на селото Мегленци, каде што е предвидено да се гради современ центар за третман и складирање на неопасен отпад од 18 општини од Пелагонија и Југозападниот регион. Според барањата на организаторите, депонијата не треба да се гради „во срцето на Пелагонија“, туку на друга локација, како што е Криволак, која според нив е пооддалечена од населени места и земјоделски површини. Тие исто така предлагаат здружување на најмногу три соседни општини наместо планираните осумнаесет, со цел да се намалат капацитетите и обемот на депонирање.

Покрај несогласувањето со локацијата, дел од граѓаните отворено изразуваат недоверба дека проектот ќе биде спроведен според највисоките еколошки стандарди, иако тоа е јавно објавено од надлежните институции. Дел од учесниците на протестот изразија и сомнежи дека преку регионалната депонија ќе се увезува и складира опасен отпад – наратив кој не се потпира на никакви официјални документи, но продолжува да циркулира како дел од отпорот. Министерството за животна средина и просторно планирање, од друга страна, уверува дека проектот се спроведува во согласност со европските стандарди и е финансиран преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во тек се постапки за набавка на возила и контејнери, како и за воспоставување на регионално комунално претпријатие и обуки за негово функционирање.

   

„Локалните самоуправи се силно посветени на проектот, бидејќи се свесни дека сегашната состојба со отпадот претставува реална закана по здравјето и животната средина. Сите барања за дополнителни информации од граѓаните се обработуваат, а следната јавна презентација ќе се одржи повторно во Битола следната недела“, информираат од Министерството. Претставниците на иницијативата, меѓу кои и Тони Апостоловски, предупредуваат дека протестите ќе продолжат и најавуваат иницијатива за референдум во Општина Новаци за да се запре изградбата на регионалната депонија. Апостоловски во своите изјави посочува на политичко недоволство и шпекулации за потенцијален увоз на „нуклеарен отпад“, тврдења кои досега не се потврдени со докази и се темелат на пошироко недоверие во институциите. Хроничен предизвик за еколошките реформи Случајот во Новаци не е исклучок. Во изминатите години, бројни слични проекти за современо управување со отпад се соочија со отпор во различни региони на земјата. Во Дебрца, во 2019 година граѓаните организираа протести и успешен референдум против планираната депонија кај Годивје, во близина на Охридското Езеро. Проектот беше повлечен од страна на Владата по бројни реакции и притисок од јавноста.

Сличен отпор се појави во централна Македонија. При разгледувањето на локации за регионална депонија во Вардарскиот регион, жителите и локалната власт на Општина Росоман не се согласија депонијата да се гради кај нив. Општинскиот совет на Росоман едногласно гласаше против ваквиот предлог, иако останатите општини од регионот претходно дале согласност локацијата да биде токму таму. Во Полошкиот плански регион, проблем беа лошите услови на веќе постоечката регионална депонија Русино близу Гостивар. Последните години тамошните жители повеќепати излегоа на протести и блокади, барајќи дислокација или темелна санација на Русино поради смрдеата, запаленото ѓубре и опасноста од загадување на водите и почвата. Тогашната влада преку донатори обезбеди средства за рехабилитација на локацијата Русино (тампонирање, покривање на отпадот) и набавка на опрема (контејнери, камиони) за подобро управување со отпадот во полошките општини. Новата влада, пак, на чело со Министерот за животна средина Изет Меџити, најави дека во моментов во тек се активности за избор на компании што ќе го реализираат проектот за изградба на регионалната депонија, а најдоцна до јуни 2025 година се очекува да започне реализацијата на терен.

Источниот и Североисточниот плански регион беа првите што започнаа проект за модерен Регионален центар за отпад финансиран од ЕУ, предвиден да се гради во атарот на селата Мечкуевци–Арбашанци (Општина Свети Николе). Но, и по десетина години, изградбата сѐ уште не е започната – делумно поради континуиран отпор на локалното население. Политички влијанија и ширење дезинформации (на пр. дека ќе се увезува туѓ отпад или дека депонијата ќе биде „нов Чернобил“) создадоа конфузија и недоверба кај граѓаните. Наместо да препознаат бенефит од затворањето на стотината диви ѓубришта во регионот, многумина жители во Свети Николе стравуваат од „европската депонија“ и остануваат против нејзина изградба. Така, првиот тендер за изведувач неколкупати пропадна и проектот се одолговлекува. Локалната власт во Свети Николе исто така застана против проектот, дополнително забавувајќи го. Овој застој носи ризик земјата да ги изгуби обезбедените средства – ЕУ грантот и заемите нема бесконечно да чекаат на искористување. Случајот на Свети Николе илустрира како негативната кампања и отсуството на транспарентна комуникација од институциите можат да закочат еден стратешки еколошки проект.

Последен во низата е примерот со Пелагонија. По откажувањето на плановите за изградба на депонијата во Дебрца, властите решија за Пелагонискиот и Југозападниот регион заедничка регионална депонија да се гради на дел од стариот рудник „Суводол“ во Општина Новаци. Локацијата Суводол – оддалечена 2,4 км од битолското село Мегленци беше експертски оценета како најсоодветна за овој мегапроект, а во 2021–2022 година се спроведе студија за животна средина и се обезбедија заеми од ЕБОР за реализација. Сепак, кога проектот влезе во фаза на конкретна реализација, во јавноста во Битола се појавија негодувања. Група граѓани од крајот на 2023 година наваму започна редовни протести секоја среда под мотото „СТОП за депонија во Пелагонија“, барајќи изградбата да се стопира или дислоцира на локација подалеку од населени места и обработливо земјиште. Протестите кулминираат оваа пролет. Иако надлежните уверуваат дека регионалната депонија во Суводол ќе биде по европски стандарди, недовербата кај дел од јавноста во Пелагонија сѐ уште е голема и иднината на проектот останува неизвесна. И овој пат протестите се проткаени со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста во однос на тоа што всушност би се случувало откако ќе се изгради реигоналниот центар за управување со отпад. Се споменува увоз на опасен па дури и на нуклеарен отпад и негово уништување во овој центар. Често на социјалните мрежи се објавуваат и фотографии генерирани со вештачка интелегенција кои прикажуваат апокалиптични сцени во Битола преплавена со отпад.

Стратешка цел со локални пречки Речиси секоја иницијатива за воспоставување на еколошки и стратешки потребен систем за отпад се соочува со отпор кога ќе стигне до избор на конкретна локација. Дел од отпорот произлегува од оправдани еколошки грижи, но голем дел е резултат на ширење непроверени информации и политизирање на проектите, особено во предизборни периоди. Проектот за регионално управување со отпад е дел од националната стратегија за затворање на стотици диви депонии, воспоставување на систем за селекција, рециклажа и безбедно депонирање. Без регионални капацитети, овие цели остануваат неостварливи. Надлежните институции повторуваат дека остануваат отворени за дијалог, дека граѓанските реакции се важни, но и дека долгорочниот интерес е заштита на здравјето, природата и јавниот простор што е невозможно без модерни и контролирани капацитети за третман на отпадот. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Кошта: Клучно е да продолжите со реформите и да инвестирате во владеење на правото

Sase Ivanovski

Дигиталната трансформација на Собранието: Граѓанското општество како клучен партнер во градењето на едно модерно Собрание

Sase Ivanovski

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто цел ден СДС го нема да одговори, дали Филипче, со златната виза, заминал за Дубаи по приватни бизниси?

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со швајцарската амбасадорка Улман

Sase Ivanovski

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка

Sase Ivanovski

„Добри вести за Македонија“ – вели Мицкоски, ама не кажува што се

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Кривична пријава против едно лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

ЈП Лајка: Ден исполнет со љубопитност насмевки и вистинска љубов кон кучињата

Sase Ivanovski

СДСМ: Ова ќе беа придобивките за семејствата од Законот за Кочани кој ВМРО-ДПМНЕ го одби

Sase Ivanovski

Одбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација

Sase Ivanovski

„Книга во секој дом“ продолжува до 20 мај – над триста наслови со попуст до 70 проценти во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Разочарувачка е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат Законот за Кочани Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието. Станува збор за закон без политичка позадина, со една единствена цел – да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им помогнеме на повредените, на сопствените граѓани. Тоа е чин на елементарна човечност, одговорност и морал. ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно. Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани. За Кочани мора да има правда, одговорност но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна. СДСМ од првиот ден по трагедијата се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, за помош и поддршка и ќе стоиме зад нашите граѓани.

Sase Ivanovski

Вилата на Љубе Бошкоски се најде во хрватските медиуми: Овде ќе посакате да го запрете времето!

Sase Ivanovski

Зеленски: Моето пристигнување во Турција е јасна порака до Путин

Sase Ivanovski

Кошта до Мицкоски: Можете да сметате на Европската Унија

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

Sase Ivanovski

Малолетник со закана и употреба на сила силувал 14-годишно дете

Sase Ivanovski

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

Sase Ivanovski

Агелер за ,,Фокус”: Македонските лидери мора да ја искористат можноста за ЕУ пред да им избега!

Sase Ivanovski

Со возило удрил во бандера која паднала врз него: Почина 27-годишник во скопско

Sase Ivanovski

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес

Sase Ivanovski

Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори

Sase Ivanovski

Апасиев за „Фокус“: Следен пат, нога во глава ќе добие Пеката ако ми пцуе бремена жена и дете

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денес Скопје е домаќин на значајна посета, претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта

Sase Ivanovski

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание, токму затоа неговата партија е бетонирана на дното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик, а Инспекторатот од независен го претвори во одделение на Министерството за култура

Sase Ivanovski

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

Sase Ivanovski

Африм Гаши, денес беше официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Конференција: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

Sase Ivanovski

Дурмиши на меѓународна конференција во Будва: Нашата цел е да изградиме општество во кое трудовата миграција ќе го поттикнува растот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи, иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче моментално е во Дубаи, влезен со златната виза заедно со Заев по приватен бизнис?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

Sase Ivanovski

Обраќање на претседателот Гаши на Конференцијата „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Апел за безбедни матурски прослави

Sase Ivanovski

Заврши натпреварот ROBOMAC JUNIOR 202

Sase Ivanovski

Притвор за неготинчанец осомничен за криумчарење мигрантки од Кина

Sase Ivanovski

Јакимовски: Легализацијата за еден од објектите на „Илинденска“ како полномошник адвокат ја водел Панче Тошковски

Sase Ivanovski

Песков потврди дека Путин нема да присуствува на преговорите со Украина во Истанбул

Sase Ivanovski

Оставката на Таравари сè уште не е пристигната до Собранието, вели Гаши

Sase Ivanovski

Кошта пристигна во Скопје, го пречека министерот за европски прашања Муртезани

Sase Ivanovski

Бугарите се втори по Грција по најдолгата работна недела во ЕУ

Sase Ivanovski

Сведоштво: Преживеаните од „Пулс“ се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница, персоналот пред колапс

Sase Ivanovski

Третата транша од унгарскиот кредит за компаниите е исплатена

Sase Ivanovski

МВР со апел за матурските прослави: Без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

Sase Ivanovski

Повеќе од 30 илјади сообраќајки од 2020 до 2023 година во Македонија – 15.724 биле со потешки последици, а животот го загубиле 457 лица

Sase Ivanovski

Зеленски ја прифати играта на Путин, за да ја разоткрие неговата намера да продолжи војната?

Sase Ivanovski

Испраќањето делегација од пониско ниво од страна на Путин на преговорите во Турција е „шлаканица по лицето“

Sase Ivanovski

ЕК ќе ја поедноставува заедничката земјоделска политика

Sase Ivanovski

Почнаа првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во струмичкото село Баница

Sase Ivanovski

Руската делегација на мировните преговори со Украина во Истанбул ќе ја предводи Владимир Медински, поранешен министер за култура на Русија и помошник на претседателот на Русија Владимир Путин

Sase Ivanovski

Иран би можел да се откаже од високо збогатениот ураниум заради договорот со САД

Sase Ivanovski

На 21 мај ќе се избира нов гувернер, ниту еден кандидат не е Албанец, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Sase Ivanovski

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во посета на Скопје

Sase Ivanovski

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, но без Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел без струја

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Уругваецот Хозе Мухика: Најскромниот претседател во светот

Sase Ivanovski

Mајка на повреден вo Кочани: Повредата е толку чувствителна што од минута во минута создава нови проблеми

Sase Ivanovski

Украина се подготвува да мобилизира студенти, почнуваат протерувања на студенти над 25 години, инспекции на над 100 високообразовни институции“

Sase Ivanovski

Атанасоски: Без разлика кој е на власт, кај нас никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Sase Ivanovski

Младите бегаат од земјоделството и од државата, вели Ѓорѓиевски од здружението „Македонско прасе“

Sase Ivanovski

Најнормално е да имам прекрасни односи со српското државно раководство, вели Стоилковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Димитровски учествуваше на Министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции

Sase Ivanovski

Грчки, македонски, кипарски и српски уметници заедно изложуваат во Атина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ана Брнабиќ зборува англиски, коментарите не ја поштедија

Sase Ivanovski

Околу 1.000 работници на „Старбакс“ во САД стапија во штрајк поради промена на кодексот за облекување

Sase Ivanovski

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во Атина, бабата тврди дека ѝ го грабнал непознат човек во маркет

Sase Ivanovski

Хрватска општина им доделува 500 „паметни“ часовници на пензионерите

Sase Ivanovski

Викендов се отвора Фестивалот на монодрамата во Битола

Sase Ivanovski

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

„Катар ервејс“ купува 160 авиони од „Боинг“ за 200 милијарди долари

Sase Ivanovski
Вчитувам....