Со почеток од 11 часот, на Градскиот плоштад во Охрид утре ќе се одржи мирен собир каде преку 60-минутен молк ќе се оддаде почит кон загинатите од пожарот во Кочани. Собирот е организиран од сите средношколски и младински заедници, Универзитетски собранија и сите студентски собранија факултетите на Универзитетот во Охрид.
-Почитувани, Ве информираме дека на 23.3.2025 (Недела), со почеток во 11:00ч., ќе се одржи мирен собир на Градскиот плоштад во Охрид, во организација на сите Средношколски и младински Заедници ,Универзитетски Здруженија (УЗ) и Студентски Собранија од сите факултети на Универзитетот во Охрид, како израз на почит и солидарност за загинатите во Кочани. Собирот има за цел да пренесе почит и да ја истакне важноста на хуманоста, како и да се изрази сочувство за семејствата и заедницата погодени од трагичниот настан.- пишува во соопштението.
Оттаму додадоа дека сите заинтересирани граѓани, студенти и институции се поканети да учествуваат и да го поддржат овој важен настан.