МАКТЕЛ

     

ОЈО: Претседателката на Антикорупциска му одавала службени тајни на обвинет во „Адитив“

      

Во рамките на постапката што се води за предметот „Адитив“, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, соопшти вечерва Основното јавно обвинителство. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која според соопштението на Обвинителството е третоосомничена во случајот, на товар ѝ се става дека преку апликации за пораки му одавала службени тајни на друг обвинет.

„Третоосомничената со умисла извршила две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи ист траен однос, исти прилики и други слични околности. Како службено лице, претседател на ДКСК од месец мај до месец декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот ‘Адитив’ на друг начин му сторила достапни податоци кои согласно чл. 25 и чл. 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, како и чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. Таа преку својот службен телефон и апликациите Вибер и Ватсап му давала податоци на обвинетиот за поведени постапки, за отворање на предмети против сега обвинетите правни и физички лица во предметот ‘Адитив’ и одлуки по истите, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство. Со своите дејствија таа открила податоци што согласно закон се сметаат за службена тајна и чие откривање може да има штетни последици како за службата, така и за постапките што се водат пред ОЈО-ГОКК“, се наведува во соопштението на Обвинителството. Обезбедените докази, додаваат од Обвинителството, укажуваат дека првоосомничениот бил член на групата што имала за цел вршење на кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.

   

„Како вработен во едно од обвинетите правни лица, од месец јули 2022 до октомври 2024, со умисла извршил две или повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Искористувајќи ист траен однос и исти прилики и околности, на управителките на обвинетите правни лица им ставил на располагање средства и ги отстранил пречките за кривичното дело, со што им помогнал свесно да ги повредат прописите и да ги изиграат постапките за доделување на договори за јавни набавки. Во периодот од месец декември 2023 до ноември 2024 година од правното лице во коешто бил вработен во 84 наврати примил парични средства на име трошоци за службени патувања од значителен износ, средства кои правното лице ги прибавило со сторување на кривичното дело злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство. Овие средства со цел да го прикрие понатамошниот нивен тек, ги пуштил во оптег и ги подигнувал во готово“, велат од ОЈО.

Второосомничената во случајот „Адитив“, во септември 2024 година, како службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино АД ЕСМ Скопје на неповикано лице исто така обвинето во случајот, на друг начин му сторила достапни податоци што во согласност со чл. 289 од ЗКП претставуваат службена тајна. „Откако од Одделот за криминалистичка полиција кој постапувал по наредба на ОЈО-ГОКК, било доставено Барање за доставување на документацијата која се однесува на спроведена постапка за набавка на мазут за периодот од 2021-2023 година, таа преку апликација Ватсап на телефонски број на обвинетиот му испратила фотографија од Известувањето“, соопштија од Обвинителството. Со опишаните дејствија во диспозитивот од Наредбата и до денес прибраните докази, на првоосомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело злосторничко здружување, како помагач сторил продолжено кривично дело злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите две осомничени сториле кривично дело одавање службена тајна. „Обвинителството од денес обезбедените докази во корелација со другите прибрани докази ја продолжува постапката во насока на утврдување и на евентуални други кривични дела и сторители“, се наведува во соопштението на ОЈО.

  

Најново

Лажна објава за потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, се споделува како вистинита

Sase Ivanovski

Вистиномер: Без никакви докази се тврди дека е зголемена смртноста меѓу вакцинираните од ковид-19

Sase Ivanovski

Вистиномер: Не е точно дека папата Франциск починал многу порано, за сега да биде прогласен за светец

Sase Ivanovski

Вистиномер: Долгиот ковид нема врска со трагите што авионите ги оставаат зад себе

Sase Ivanovski

Во текот на вчерашниот ден (23.04.) санкционирани 865 возачи, 128 за неносење заштитен шлем

Sase Ivanovski

КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР СЕ СОБИРА БЕЗ НИКАКОВ ЗАСТОЈ

Sase Ivanovski

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Проектираниот раст од 3,7% реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја

Sase Ivanovski

Ако годинава имаме избори, следните четири години може да бидат нашиот прв реформски прозорец кон ЕУ – порача Бујар Османи од Љубљана

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата им овозможува на локалните самоуправи да функционираат самостојно, проектите го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

Исто лице ограбило две обложувалници во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Горан Минчев со граѓаните на Тетово: „Локалната промена почнува со Вас“

Sase Ivanovski

Судот и го одзема пасошот и и забрани „одредени активности“ на осомничената прва антикорупционерка

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков во работна посета на Охрид

Sase Ivanovski

Скопјанец дал 23.000 евра рушвет за вработување на внукот, па пријавил дека го измамиле

Sase Ivanovski

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Sase Ivanovski

Приведен кумановец затоа што управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во „ПРЕСВРТ“ Златко Димовски: Поткупливост има ама никој не пријавува

Sase Ivanovski

Тренчевска: Реализацијата на капиталните инвестиции на ДПМНЕ на локално ниво е поразителни 3%

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони ја чинат Македонија и македонските граѓани златните визи на Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се милионските трансакции?

Sase Ivanovski

Маневски: Нова детска градинка и преиначување на објект за згрижување на деца од предучилишна возраст, нови капитални инвестиции од Владата за помодерно Зелениково

Sase Ivanovski

Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: „Горан е тука“ – во недела заеднички го одбележуваме роденденот на Горан Стефановски 

Sase Ivanovski

AETM: Заедно со Visa поддржуваме 20 микро и мали бизниси бесплатно да отворат е-продавница

Sase Ivanovski

Битолчани ќе добијат зони со бесплатен интернет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митови и факти ЕП10 | Хасановиќ: Политиката се сведе на натпревар за популарност

Sase Ivanovski

Исчезна 35-годишната скопјанка Симона Стојкова, семејството бара помош

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан на раб на војна поради пренасочување на водни ресурси

Sase Ivanovski

ЕУ: Српските институции на Косово не треба да бидат затворени

Sase Ivanovski

Градоначалникот Крстевски: Собранието покажува непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп: Путин ќе ме послуша и ќе ги запре нападите

Sase Ivanovski

Д-р Никола Панчевски: „Систина“ е мојот животен проект и јас сум емотивно поврзан со сите случувања во болницата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Посетата на Велика Британија претставува нов чекор во подобрување на соработката меѓу Македонија и Велика Британија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот Х. Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов” на повеќе теми меѓу кои и корупцијата

Sase Ivanovski

Муцунски: Попладнево остварив средба со новоизбраниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, и селекторот на машката македонската репрезентација, Кире Лазаров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јакимовски ќе поднесе кривична против Обвинителството–тврди дека затворската казна е политика

Sase Ivanovski

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Sase Ivanovski

Мицкоски: Никој да нема дилема во мојата цврста определба за борба против корупцијата, имаме разрешувања, притвори – има разлика

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Државниот секретар оствари средба со амбасадорот на Република Турција

Sase Ivanovski

Aнгелевска до премиерот Мицкоски: Кога може да очекуваме реформи во правосудството, со оглед на тоа што иако изгласавме интерпелации за судии тие продолжија да си работат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Sase Ivanovski

Мицкоски за членовите на СС: Се уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот, ако има девијантно однесување по 30 април ќе има нови мерки

Sase Ivanovski

Зошто прстенот на папата Франциск мора да биде уништен по неговата смрт?

Sase Ivanovski

Згради во Неготино немаат хидрантни црева, оти се крадат за полевање на лозјата, а немаат ниту законски управители!

Sase Ivanovski

Околу 100.000 евра собрани на хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена Звезда во Скопје

Sase Ivanovski

При сечење падна дрво и уби 53-годишен струмичанец близу Виница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Го ограби манастирот во село Обршани – камерата го сними

Sase Ivanovski

Државата продава конфискувани возила, а за имотот на Груевски и Мијалков се чека амин од Владата

Sase Ivanovski

Куманово со реални и значајни инфраструктурни проекти за функционални рурални и урбани средини

Sase Ivanovski

Мицкоски со нов скандал за Левица: Подрумот не ќе да е подрум, туку приземје во кое функционира и локал на име на нивниот член на претседателството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Зошто навреме не ги пресметавте платите за вработените?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во Кочани видов ужас и пекол, го разбирам гневот на родителите на настраданите, правда ќе има

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ако некој во државава е во целосен распад, тогаш тоа е СДС на чело со Филипче, кој верно му ја чува фотелјата на Заев

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Доколку капиталните инвестиции ги евидентиравме како што тоа го правела претходната влада би дошле до двојно повисок процент

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Во Вашингтон ја продолжуваме редовната комуникација со меѓународните финансиски инстиуции и инвеститори за она што го работиме

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: СДС како резултат на неодговорното владеење остави пепел од држава, сега се покачуваат платите во сите области

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во Франција: Ученик со нож влегол во училиште, најмалку еден загинат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески: Дали стоите на вашето мислење за разрешување на државниот јавен обвинител?

Sase Ivanovski

Трајчулески до Љутков: Зошто одбивте проекти кои се од највисоко државно и национално значење?

Sase Ivanovski

Трајков: Европската финансиска поддршка креира успешни македонски приказни!

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: До каде е работата на надлежните со испитувањето на случајот за фамозното богатење на Левица и нејзините припадници?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Сузбиени две криминални групи кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии, поднесена кривична пријава против 49 лица, лишени од слобода 23, по едно лице се трага

Sase Ivanovski

Колева: Додека 500 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден, владата се луксузира со егзотично овошје и бесцелни патувања низ светот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Платите ќе растат, животниот стандард на граѓаните ни е пред и над сѐ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Илјадници вработени оставени без плата, СДСМ бара одговорност од власта

Sase Ivanovski

Мицкоски ексклузивно: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратенички прашања во Собранието, Мицкоски: Ако ОЈО реши да се апсат актуелни министри, тоа ќе се случи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Јакимовски: Се чувствувам разочаран и изневерен и поразен, судот требаше да ме заштити од неправда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Амар Мециновиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАРИЗИ ГО ОТКРИВА ПЕКОЛНИОТ ПЛАН НА ТАРАВАРИ: Зошто невестата се враќа дома?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Работни активности во Венеција преку водена површина

Sase Ivanovski

Mуцунски: Денеска остварив средба со Дитрих Јон, одговорен за Европа и Евроазија во Светскиот економски форум.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески: За несреќата во Кочани никој не поднесе оставка, ниту од морални причини

Sase Ivanovski

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води обвинителството, не владата, 68 лица се опфатени досега меѓу кои член на влада и актуелен градоначалник, во време на СДСМ тоа беше невозможна мисија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Реализирана донација од 4 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат

Sase Ivanovski
Вчитувам....