-2.2 C
Скопје
19/02/2025 20:14
МАКТЕЛ

   

Падот на УСАИД и Груевски

     

Контроверзниот Илон Маск доби преголема контрола над владините агенции, наводно на незаконски и неуставен начин. Меѓу нив е и агенцијата за меѓународен развој УСАИД, за која тој реши да се затвори, заради наводни ненаменски трошења и валкани политички игри. Груевски, кој некогаш самиот соработувал со УСАИД, тврди дека тие го помагале неговото соборување од власт, што не знаеме дали е точно, а доказите за тоа, барем засега, му се слаби – тоа се главно изјави од полуопскурни личности од САД, што не му личи на некогашен премиер. Дел од тие изјави и не го тангираат директно, туку во нив воопштено се критикува таа агенција за меѓународен развој, заради наводни ненаменски трошења и валкани политички игри. Груевски се препознал како жртва на тие игри, па тие изјави ги прикажува како признание на САД дека го собориле од власт, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Пишува: Вангел Башевски. Случувањата во САД Контроверзниот Илон Маск доби преголема контрола над владините агенции, наводно на незаконски и неуставен начин. Меѓу нив е и агенцијата за меѓународен развој УСАИД, за која тој реши да се затвори, заради наводни ненаменски трошења и валкани политички игри. Доналд Трамп се согласи со Маск, на што некои возвратија со протести и тужби, па дел од планот за згаснување на УСАИД е судски блокиран и тоа не е расчистено. Поддржувачите на Трамп почнаа кампања за оцрнување на УСАИД, во што учествува и Маск, при што користи слаби аргументи – твитови од автори оценети како дезинформатори и конспиромани. САД порано доста се залагаа за борба против дезинформациите, но Маск тоа го разнебитува, што е сериозна деградација, а како штетно странско влијание тоа се пренесува и кај нас. Влијанијата од САД кај нас. Во кампањата се вклучи и експремиерот Никола Груевски, кој сега поентира дека, ете, САД признаваат дека играле валкани игри низ светот преку УСАИД, чија жртва, наводно, бил и самиот Груевски, па згаснувањето на агенцијата делува како заслужена казна. Груевски, неговите поддржувачи, па и некои други, тврдат дека УСАИД го помагале неговото соборување од власт, со финансирање опозициски движења, медиуми и сл., а примери за такви објави има: тукатукатукатукатукатукатука и тука. За таа цел, УСАИД наводно соработувале со Џорџ Сорос, кому му дале големи пари, но неговата фондација Отворено општество тоа го негира. И, интересно, самиот Груевски соработувал со УСАИД, во периодот 2000 – 2003 г., кога бил советник на министерот за финансии на Србија преку проект на УСАИД (извори: тукатукатука и тука), а имал и средба со Сорос во Прага во јуни 2011 г. (тука и тука). Груевски тоа го премолчува, а вели: Она што го знаевме, сега самите Американци почнаа да го објавуваат во време на смена на режимот во Вашингтон. Дека државната агенција УСА ИД под водство на демократите му давала милиони долари пари на Сорос за рушење на владата која ја предводев

Ова се сериозни обвинувања од Груевски, а ние не можеме да судиме дали се тие точни, но и тоа како можеме да судиме за начинот на кој тој ги аргументира своите тврдења. Слабите аргументи на Груевски. Со оглед дека Груевски бил премиер, тој би требало да има сознанија, кои се недостапни за обичните граѓани, но тој ги аргументира своите тврдења со банални скриншотови од Твитер. Полуопскурната Мериса Хансен. Еден од скриншотовите, кои Груевски ги користи како доказ, е од полуопскурната твитерџика Мериса Хансен. Ние никаде не најдовме нејзина биографија, туку само штури податоци дека таа е „независна новинарка“, која се бавела со локални теми во Тексас. Во нејзиниот твит, прикажан кај Груевски, самиот Груевски не е споменат и таму нема некои откритија – Сорос, наводно, спроведувал „операции“ во Македонија, за што го финансирале УСАИД, но Груевски тоа го тврдеше уште кога беше премиер пред речиси една деценија. Хансен и не е сигурна во она што го вели, па во коментар под тој твит додава дека има непотврдени обвинувања (англ. allegations) дека тие пари од УСАИД биле за промена на власта во Македонија во периодот 2015 – 2017 г. Нагласуваме, непотврдени обвинувања. Таа води и скромен сајт, во кој нема ништо особено и таа не е релевантен и кредибилен извор. Сепак, Груевски ја цитира небаре таа е авторитет, врвна новинарка и аналитичарка, која го претставува јавното мислење во САД. Тоа го следат и некои наши медиуми, па објавуваат наслови од типот „Хансен: УСАИД на Сорос му давал пари“, небаре јавноста знае која е Хансен. Можно е Груевски дури да има комуникација со Хансен. Скриншотот објавен кај Груевски на 4.2.2025 г. го прикажува твитер-профилот на Хансен како неверификуван (без син беџ), а откако некои му замериле на Груевски за тоа што цитира сомнителни автори, профилот на Хансен наеднаш минал верификација и сега има таков беџ. Ричард Гренел. Груевски приложил и скриншотови (тука и тука) од твитови (тука и тука) на Ричард Гренел, ексдиректор на разузнавањето на САД, дипломат и преговарач, што, за разлика од Хансен, е релевантна личност. Но, твитовите на Гренел немаат врска со Груевски, барем не директна. Што е за право, Гренел ја споменува С. Македонија, но само како една од повеќето земји на Западниот Балкан, во кои, според Гренел, САД потрошиле премногу пари на погрешни агенди. Тој наведува и колку било потрошено, но тоа е за периодот 2020 – 2024 г., кога Груевски воопшто не беше на власт. И, наведените бројки не се од владата на САД, туку од некој косовски медиум, а не знаеме колку е тој веродостоен. Ова не му личи на сериозен американски политичар. Тука сфаќаме дека Гренел го интересира поблиското минато, т.е. колку трошела администрацијата на доскорешниот претседател Џо Бајден, кого републиканците како Гренел особено го напаѓаат, а не го интересира падот на Груевски, што е подалечно минато.

   

Гренел воопштено се жали дека САД потрошиле многу пари за промовирање низ Балканот на т.н. уок-агенди (ЛГБТ и сл.), на штета на конзервативните политичари, а иако Груевски можеби се препознал во нив, немаме доказ дека Гренел мислел на Груевски. УСАИД, според Гренел, финансирале некакви „радикали“, во кои Груевски можеби ги препознал „Шарените револуционери“, но, повторно, немаме доказ дека Гренел мислел на нив. Единствен политичар од Балканот, кого Гренел го споменува, е романскиот премиер и неодамнешен претседателски кандидат Марсел Чолаку, во смисла дека УСАИД наводно работеле против конзервативните политичари на изборите во Романија. Не знаеме дали Гренел е во право за тоа, но за нас сега е побитно дека Груевски тука го нема. Аргументи на други македонски автори. Во кампањата против УСАИД се вклучија и други автори, кои шират еден клип (или исечоци од него) од Катарин О’Нил Џилихан, службеничка во Стејт департментот, а потоа и на УСАИД во првиот мандат на Трамп (2017 – 2021), која говори за наводни валкани игри на тие институции низ светот, вклучително и кај нас. Ова е поубедливо од аргументацијата на Груевски, но и ова е слабо. Според Џилихан, нејзината канцеларија ја посетил Владимир Ѓорчев, кој се пожалил на наводно подривање на македонската влада од страна на САД. Ѓорчев засега ниту ја потврдил, ниту ја демантирал Џилихан (видете: тука и тука). Не е јасно ни кога точно ова се случило. Трамп победи на изборите на 8.11.2016 г., по што Џилихан била дел од неговиот т.н. транзициски тим, а инаугурацијата била на 20.1.2017 г., па посетата на Ѓорчев била во 2016 – 2017 г. Сепак, поверојатно во 2017 г. Премиер кај нас тогаш беше Емил Димитриев, сопартиец на Ѓорчев и Груевски, а Груевски победи на изборите на 11.12.2016 г., но не успеа да формира влада. Можеби Ѓорчев сакал да каже дека САД вмешале прсти во тој настан. Сведоштвото на Џилихан е штуро и без цврсти докази дека жалбите на Ѓорчев биле основани. Таа воопштено ги обвинува САД за валкани игри низ светот, но конкретно за Македонија не кажува многу – тука не се споменуваат други имиња, настани и сл. И, средбата со Ѓорчев била во Стејт департментот, а не во УСАИД, кај што Џилихан влегла во 2020 г., па овој случај нема врска со таа агенција, барем не директна. Не е јасно како ова докажува дека УСАИД играле валкани игри. И, ако американскиот систем е толку трул, зошто Џилихан останала да работи во него? Според неа, Трамп наводно сакал да расчисти со тие негативности, но бил саботиран, соработниците му биле неспособни и сл., па зошто таа не излегла оттаму и не ја алармирала јавноста? Џилихан тоа го прави дури сега, по речиси една деценија, веројатно заради кампањата на Маск и Трамп за оцрнување на УСАИД, па прашање е колку тврдењата на Џилихан се веродостојни. И, таа не ги изложила за реномирани светски медиуми, туку за еден подкастер, Тим Пул. Ние дури не најдовме детални биографски податоци за Џилихан, па се чини дека таа никогаш не била битен чинител во американската политика, а со публицитет таа се здобива дури сега. Слободен печат објавиле клип со анализа за овој случај, но тука и нема некоја анализа, токму затоа што сведоштвото на Џилихан е штуро, па новинарот Срѓан Ивановиќ оценува дека тоа само по себе не е доказ, но може да биде поттик за идно истражување. Кога и дали тоа ќе се случи и има ли Џилихан нешто да додаде е под знак прашалник. Засега, ова е слабо. УСАИД и С. Македонија. Да се критикува УСАИД е легитимно демократско право, но кај нас тоа ги прејде сите граници. Се заборава дека првото испраќање на помош од УСАИД преку океанот било токму кај нас – за Скопскиот земјотрес во 1963 г. УСАИД ни помагале и за: реставрацијата на охридската црква Пресвета Богородица Перивлепта, археолошкиот локалитет Стоби, реновирање на школи, компјутери за деца со попреченост, опрема за царината и болниците, основање на Центарот за кризи, развој на општини (ГрадскоКратовоПехчево и др.), водоводиелектрификација, ширење на интернетот, помош за мали бизниси итн. Сепак, некои обвинуваат дека УСАИД го собориле Груевски, наводно за полесно да се промени нашето уставно име, а други укажуваат дека тој беше авторитарен и корумпиран, па никаков УСАИД не бил потребен за да поттикне протести против него. Некои сметаат дека дури и УСАИД да биле вмешани во тоа, тоа било позитивно, затоа што под Груевски сме биле заробена држава. Друг пример за тоа, но поекстремен, е Слободан Милошевиќ, кој беше озлогласен по авторитарноста, војните и шовинизмот, па неговото соборување, иако помогнато однадвор, многумина го сметаат за позитивно. Мислења има разни, но ние само ќе заклучиме дека аргументите на Груевски се слаби. Тој 10 години владеел од нашите даноци, па од него имаме право да бараме нешто поаргументирано. Тој изнесува сериозни обвинувања, а како некогашен премиер, тој би требало да има искуство, извори и соработници за тоа посериозно да го аргументира, наместо со скриншотови од сомнителни извори. Извор: Новинска агенција МЕТА

 

Најново

Макрон организира уште едни мултилатерални разговори за Украина

Sase Ivanovski

Нови информации за несреќата во Србија: Под земја биле затрупани повеќе работници, досега се извадени четворица

Sase Ivanovski

Трудо: Ако и бидат наметнати царини на Канада, нашиот одговор ќе биде итен и силен

Sase Ivanovski

Министерката Божиновска се сретна со претставници на ММФ

Sase Ivanovski

Мелони по посетата на папата Франциск: Тој е „внимателен и одговорен“ и со добра смисла за хумор

Sase Ivanovski

Доналд Трамп ја обвини Украина за војната со Русија – Зеленски можел да постигне договор

Sase Ivanovski

НАТО не учествува во војната во Украина, па не може ни да ја загуби

Sase Ivanovski

СО ЛИНЧОТ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ СИ ПУКАМЕ ВО НОГА И СИ ВРЗУВАМЕ ЈАМКА ОКОЛУ ВРАТОТ

Sase Ivanovski

ХАЈКАТА ПРОТИВ БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ Е НЕПРАВЕДНА И НА ШТЕТА НА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

Андонова: Секој ден си ги оставам малите деца сами дома за да одам во Скопје да примам хемотерапија

Sase Ivanovski

Повик за апликации за награда на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција

Sase Ivanovski

Амбасадорите на ЕУ се согласија за забрана на увоз на руски алуминиум и гејминг конзоли

Sase Ivanovski

Папата Франциск има двојна пневмонија, тестовите открија „комплексна“ медицинска состојба

Sase Ivanovski

Борба со аерозагадувањето: Владата ќе стави системи за филтрација на воздух во градинките, училиштата, болниците

Sase Ivanovski

Министерот за транспорт тврди: Една милијарда евра странски инвестиции во 2024 година

Sase Ivanovski

Во Хрватска закопани 35.000 тони опасен отпад

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп живее во „дезинформациски простор создаден од Русија“

Sase Ivanovski

Контраспин: Додека се расправаме за грбот нѝ се врати шугата

Sase Ivanovski

Никола Тасев: Петте кривини за Мицкоски

Sase Ivanovski

РАКОМЕТАРИТЕ БЕА НА ГОСТИ КАЈ АГЕЛЕР Ракометната федерација предводена од Мукаетов беше свечено примена во американската амбасада

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ИМА И ПЛАН И ПРИЈАТЕЛИ Мицкоски се сретна со висок претставник од Стејт департментот

Sase Ivanovski

ИСКРЕНО, НЕ МИ Е НИ ГАЈЛЕ! Зеленски остро реагираше на средбата Русија-САД во Ријад

Sase Ivanovski

ИСЧЕЗНА 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ Таткото пријавил во полиција

Sase Ivanovski

СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ЛЕКАР ОД БУГАРИЈА, БАРАЛ ПАРИ ЗА „ЗЛАТНИ ШТРАФОВИ“ 79-годишна скопјанка му дала 216.949 денари на туѓинец

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ ПРИЗНА ЗОШТО ЈА НАТЕРАЛ БЈАНКА ЦЕНСОРИ ДА СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛА НА ГРЕМИ Раперот ја префрли целата вина на нив

Sase Ivanovski

САМИ МЕНУВАМЕ ГУМИ, САМИ РЕГИСТРИРАМЕ ВОЗИЛА Пратеникот Лефков ги правда патните трошоци на пратениците

Sase Ivanovski

Најголем бренд кај нас е Кафетин, за било која болка, прв избор на повеќето во екс Ју

Sase Ivanovski

НОВА ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: 17 годишно момче прегазено во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На паркингот на Клинички владее хаос! „Имам итен случај“ – се правдаат возачите

Sase Ivanovski

Објавен „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска – роман што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата

Sase Ivanovski

Муртезани и Кацарска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МЕП и ЕПИ

Sase Ivanovski

РОК ЅВЕЗДАТА ЈА НАРЕЧЕ ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ФАШИСТ И НАЦИСТ Поднесено обвинение, Британецот се соочува со три години затвор

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ СЕ ВО ПИГМАЛИОНСКА ВРСКА, ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ТОА „Таа е жртва на психопат и манијак, спасете ја пред да биде предоцна“

Sase Ivanovski

ИЗБРИШАНИ ЈУТЈУБ-КАНАЛИТЕ НА БАКА ПРАСЕ Заработуваше над 100.000 евра месечно од прегледи

Sase Ivanovski

Ел Сиси: Да се усвои план за обнова на Газа без раселување на Палестинците

Sase Ivanovski

Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“

Sase Ivanovski

Стружанец со таен уред крадел струја и ја оштетил компанијата за 260.000 денари

Sase Ivanovski

Денко Малески: Повторно ќе бидеме на менито

Sase Ivanovski

„Бугарска меморија“ против МАЕИ

Sase Ivanovski

Непостоечко обраќање на Путин кон Европејците се шири на Фејсбук

Sase Ivanovski

23-годишна девојка од Богданци лажно изнајмувала станови на луѓе од Штип и Пробиштип

Sase Ivanovski

Формирана работна група за системско решавање на вандализмот

Sase Ivanovski

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Sase Ivanovski

Обид за силување во светиниколско село: 28-годишник допирал по телото 18-годишна девојка

Sase Ivanovski

Путин се огласи: Првата реакција на рускиот претседател по разговорите во Ријад

Sase Ivanovski

Кабинет на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија: Расправата на која ќе се расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје ќе се одржи на 25 февруари 2025.

Sase Ivanovski

ОПЕЛ, ШАМПИОН СО ДОЛГ ОПСЕГ: НОВИОТ GRANDLAND PLUG-IN HYBRID

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Наместо половични мерки власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Лимани: Брзиот развој на индустријата, континуираниот напредок на технологијата и новите услови за работа, ја наметнуваат потребата од ревидирање на листата на опасни занимања

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Партијата на нонгратите е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав

Sase Ivanovski

СДСМ ПРИЛЕП: Четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запаметено и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Sase Ivanovski

14 годишник планирал напад врз железничката станица во Виена, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Слаба контрола на законската обврска: За една година само четворица граѓани добиле казни за нечипирано куче

Sase Ivanovski

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Sase Ivanovski

На Трамп почна да му паѓа рејтингот, економијата ги мачи Американците

Sase Ivanovski

Драма кај Лазаревац, Србија: Работници затрупани со земја при копање канал

Sase Ivanovski

Учесност на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во Мароко

Sase Ivanovski

Струмичанец избол со нож 22 години помлад човек од Василево

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ги ослободи сите преостанати заложници во втората фаза од прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Агелер: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон Унијата, но поддршката продолжува

Sase Ivanovski

Млад Србин се обидел да влезе во Македонија со „БМВ“ украдено од Германија

Sase Ivanovski

Професор нападнал ученик со метален предмет во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешното момче на Кејт Мос, Пит Доерти има сериозна болест: „Морам да одмарам за да не ми ги ампутираат прстите на нозете“

Sase Ivanovski

МОН дава финансиска поддршка за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

(ФОТО и ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Sase Ivanovski

Уставен поведе постапка – судијата Кадриу ја нарече скандалозна одредбата со која се унапредуваат членовите на Обвинителскиот совет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Леклер постигна рекордно време во неговиот прв тест со новиот автомобил на Ферари

Sase Ivanovski

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

Sase Ivanovski

Вреди пее иста песна за химната, но нема текст

Sase Ivanovski

Поставени повеќе од 200 столпчиња на градските улици, обновени над 800

Sase Ivanovski

ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Велс

Sase Ivanovski

Сервер: Договор кој ќе ја компромитира Украина може да го охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

Sase Ivanovski

Зибери: Институциите да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“

Sase Ivanovski

Јаневска: Ќе се реформира Агенцијата за квалитет во високото образование, бидејќи не ги задоволува потребите

Sase Ivanovski

Усвоен 16-тиот пакет санкции против Русија: Нема целосна забрана за увоз на руски течен природен гас во ЕУ

Sase Ivanovski

Ако некој го качил во кола, да не се плаши и да се јави во полиција, апелира семејството на исчезнатиот Миле од Неготино

Sase Ivanovski

„Специјалниот“ претставник на Трамп за Украина пристигна во Киев на средба со Зеленски

Sase Ivanovski
Вчитувам....