Пакистанската војска денеска соопшти дека убила 30 исламистички милитанти во Јужен Вазиристан во близина на границата со Авганистан за време на операција за расчистување на племенската област од милитанти кои дејствуваат во двете земји.
На независните новинари и групите за човекови права не им е дозволен пристап до племенскиот регион во кој владее беззаконие и кој долго време беше безбедно засолниште за исламистичките милитанти, што ја отежнува независната проверка на какви било информации, јавија светските агенции. Милитантите водат војна против пакистанската држава во обид да ја соборат владата и да ја заменат со строг исламски шеријатски систем на управување.