Вршителот на должност индиски амбасадор беше повикан да му се врачи протест поради бомбардирањето. Нападите се јасно кршење на суверенитетот на Пакистан, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Пакистан денеска го повика на разговор вршителот на должност амбасадор на Индија во Исламабад по размената на оган меѓу двете нуклеарни сили. ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ВОЈНА МЕЃУ ДВЕ НУКЛЕАРНИ СИЛИ? Индија нападна со авиони, Пакистан возврати со артилерија, има цивилни жртви
„Вршителот на должност индиски амбасадор беше повикан да му се врачи протест поради бомбардирањето. Нападите се јасно кршење на суверенитетот на Пакистан“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан. Пакистанската војска соопшти дека од синоќа се „убиени 26 цивили“. Најмалку 19 лица загинаа утринава во индиски напад на територија под контрола на Пакистан. Ракети погодија 6 локации во Кашмир под контрола на Пакистан и во источната провинција Пенџаб. ЗА КАШМИР ШЕСТПАТИ СЕ ЛЕЕЛА КРВ ВО ИСТОРИЈАТА Зошто војуваат Индија и Пакистан?
Во тек е интензивна артилериска борба меѓу Индија и Пакистан долж спорната граница во Кашмир, неколку часа откако индиските сили гаѓаа пакистанска територија во знак на одмазда за смртоносниот напад од 22 април. Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, ги осуди воздушните акции и рече дека Пакистан ќе одговори на „кукавичките напади“.