20.8 C
Скопје
09/05/2025 10:02
МАКТЕЛ

     

ПАЛЕВСКИ ЗАМИНАЛ ЗА ТУРЦИЈА ЗА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕ ГО УБИЛА ТУРСКА ВОЈСКА, ТУКУ ВРХОВИСТИ Заминал на пат за да се одмори од состаноци

      

Палевски рече дека во судот и во Обвинителството приложил дијагноза од професорот Лозанче од 2020 година, кој констатирал дека кичмениот канал на Палчо му бил стеснет и дека повеќе од 50 отсто од ‘рбетниот мозок му е под притисок. Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски негира дека учествувал во настаните за кои е обвинет. Тој раскажа дека зошто заминал за Турција и зошто се интересирал за патување во Москва. Палевски денеска во судницата одговараше на прашања на неговиот адвокат Јовица Страшевски. Палевски рече дека ги познава сите обвинети освен Александар Ѓорчевски.

– Влатко Кешишев беше домаќин во партијата, патриотски расположен, вреден. Политички неук, но стабилен. Чесен Македонец, кој си ја сака Македонија и затоа се договоривме лесно и брзо. Велибор Манев го познавам од ангажман прво во здружението, а по регистрацијата и по неговиот ангажман во општинската организација во Велес. Амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти во партијата за пари, меѓу кои и со сведокот Стефан Димовски од Струмица. Меѓусебно имаа купопродажба на земјоделска механизација, но Велибор не го доплатил износот. Имаше агресивен испад на Велибор на состанок на партијата, каде јас морав да интервенирам. Но, исто така, Трајче Петрушев од Швајцарија му позајмил 1.000 швајцарски франци кои Велибор не ги вратил, па ме извести мене како претседател на партијата. Ми прати документ од Вестерн унион дека зел 1.000 евра. Јас го решив проблемот и ги вратив парите за да нема расправии и компромирација на самата партија. Боре Видевски го запознав преку Манев, скромен мирен, но не стигнав подобро да го запознам. Нашите контакти се резултат на партиски ангажман – рече Палевски.

   

Тој зборуваше за патувањето во Белград и рече дека заминал на 30.11.2023 година, дека Васко Стојков го возел, дека заминал со регуларна патна исправа, на регуларен граничен премин, со регистрирано возило. Рече дека таму се видел со професорот Шкребаљ со кого вечерале во ресторанот „Руски цар“. Рече дека со свое име и со пасош се пријавил во хотелот „Таш“, каде што преноќил. Сабајлето имал уште еден состанок со невладина организација од Белград и со студенти од Правен факултет. Потоа го исконтактирал Стефан Димковски, кој бил слободен, и дошол во Белград за да го однесе во Турција. Тој рече дека во судот и во Обвинителството приложил дијагноза од професорот Лозанче од 2020 година, кој констатирал дека кичмениот канал му бил стеснет и дека повеќе од 50 отсто од ‘рбетниот мозок му е под притисок. За таа дијагноза исклучиво требало оперативен зафат. Тој рече дека две цедеа од магнетна резонанца од 2016 и од 2020 година не постојат во записникот за одземени предмети од него.

– Тоа беше една од причините во моето патување од 10 дена, а за медиумите бегство, добро брифирани од некои обвинители и од бриферот Јанаки Митровски, познатиот шарен револуционер. Втора причина за моето патување беше посета на воениот архив во Истанбул дека во селото Баница на 4 мај 1903 година немало аскер и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Турција да се расчисти. Зошто сум гледал авиокарти од Минск и од Москва е поради мојата желба и намера да одам во Москва. Но не сум букирал карта, како што кажа обвинителката, ниту сум купил. Мојата желба не се реализирала, а на обвинителката ѝ е многу добро познато зошто. Бев да земам копија од новгородските ливчиња од јавната библиотека на Москва, да земам копија од најстариот документ издаден од партијата. Тоа беа причините за моето патување, за да се одморам од состаноци – рече Палевски. Тој вели дека кога стасал во Турција, на граница имал контакт со Велибор Манев, кој му дал број од Турчин што знае македонски. Тој му објаснил дека во Истанбул тешко ќе најде евтина куќа за изнајмување и му го предложил Баликесир кој е на 200 километри од Истанбул.

– Прифатив затоа што мојата намера беше во Истанбул да изгубам само еден ден, за магнетна резонанца. Во неделата на 3.12 сакав да направам епизода од „Крш муабети“ 114, но не го направив зашто веќе бев прогласен за монструм и ќе беше смешно да правам поткаст – рече Палевски. Тој вели дека имал резервирано автобуска карта од Баликсир до Истанбул, но дека не отишол. На 3 декември вечерта во 20 часот се правел претрес во куќата каде живее неговото семејство. – Додека траеше претресот ми се јави Васко Стојков во својство на адвокат и ми кажа „најдобро е да си дојдеш и да си дадеш изјава, овде не си осомничен, туку пресуден“. Почна расправија, бев многу лут, но Васко ја прекина линијата. Претходниот ден, на 2.12.2023, Стојков, во својство на адвокат, а не член на партија, по барање на инспекторите ми ѕвонеше на Телеграм и ми предочи дека полицијата прашува каде сум, на што јас одговорив во Баликесир, Турција. Не е точно дека не сум бил достапен на органите на прогонот, прашаа и истиот момент дознаа каде сум. Бев прашан преку адвокатот Стојков дали и кога сум се движел во Дебар Маало. Бидејќи бев многу лут, му кажав на Стојков да почека да размислам и ќе се јавам брзо и ќе издиктирам каде, кога се движам низ Дебар Маало. За 27 ноември не можев да се сетам точно на денот, но му кажав последен пат каде и кај кого сум бил во Дебар Маало и со какво возило. Штом МВР побара, после еден час доби информација од мене каде сум бил. Така што тврдењето на Јавното обвинителство кое брифира медиуми дека јас сум во бегство е брутална лага – рече Палевски.

Тој утрово писмено побарал од Судот да ги издвои доказите од возилото „ренџ ровер“ со струмички таблици со кое патувал од Белград до Турција. Тој вели дека врз ова возило на 5.12.20023 година е направена криминалистичка обработка, и се најдени 7 ДНК траги на предмети. Пронајдени се фолии, црна капа, џемпери, портокалова маица и два отпушока во пластична чаша. – Јавното обвинителство во судот и во обвинителниот акт ги декларира како предмети пронајдени на лице место и ги става заедно со лопатата, канистрите, јастуци од место на настан Дупки. Сите тие се доставени во судот како предмети пронајдени на лице место. Тоа е уште едно подметнување на ЈО – рече Палевски. Тој додаде дека освен со Стојков имал контакт и со неговиот брат Баге Палевски, кој бил распрашан од полицијата и кој рекол дека Палевски е во Турција. Тој му кажал дека двајца инспектори на 1 декември во 17.20 часот, отишле до Глуво, во викендица кај мајка им, да ја прашаат какво возило вози Палевски и како се вика неговата сопруга. Откако дознале дека неговата сопруга не е сопственик на „рено кангу“, инспекторите си заминале. Дали сте учествувале во настаните за кои сте обвинет? – праша Страшевски.

– Не. Не сум учествувал во тие настани. Останувам на наводите што сум ги кажал во исказот пред ОЈО, со забелешка дека ќе ги надополнам, затоа што во доказната постапка многу работи видов и се потсетив што сѐ се случувало во критичното време – рече Палевски. Страшевски побара од неговиот клиент да го опише апсењето во Турција. – Не сум уапсен на автопат. На 2 декември попладне стигнав во Баликесир. Веднаш зедов куќа под закуп на мое име со моја патна исправа, платив за еден месец однапред. Го замолив господинот кој ми ја најде куќата на негово име да земам интернет картичка, затоа што планирав да правам поткаст. Тоа беше завршено ноќта на 2 декември, кога беа и контактите со полицијата, за тоа каде сум. По дознавањето дека сум осомничен, а тоа е 3 декември, при претрес на мојот дом, јас на Стефан Димковски му дадов пари и му реков веднаш да се врати во Македонија. Утредента на 4 декември ја вратив картичката за интернет, земена претходниот ден, ги вратив и клучевите од куќата иако беше платена, не ја искористив автобуската карта до Истанбул.  Преспав во куќата и утредента заминав. Отидов на бензинска пумпа во Баликесир за да размислам што да правам, отидов во пицерија во градот за да ручам и очекував во секој момент да се појави полиција. На сите портали во Турција беше мојата слика. За чудо, не се појави полиција, иако Баликесир има милион жители. По неколку часа, отидов во истата пицерија, пиев кафе и се појави Интерпол Турција. Немам забелешки за нивното однесување, ме однесоа во полициска станица.

Таму бев изведен пред бел ѕид и сликан со мобилен телефон, па сликата преку Вотсап беше пратена во Македонија. На пресот на Оливер Спасовски е прикажана таа фотографија. Инспекторот од Баликесир ја пратил кај тогашниот министер Спасовски. Веднаш ми стана јасно што се случува и кој го организира тоа. Сабајлето на 5 декември бев однесен пред обвинител, ми беше прочитано за што сум осомничен, што е дел од меѓународната потерница, и бев прашан дали постои можност за мачење и убиство во Македонија. Од срам за сопствената држава кажав дека не постои можност да бидам мачен и убиен. Во документацијата за екстрадиција, за која верувам дека ОЈО не ја доставил до Судот, а јас ќе ја доставам, стои дека ме прашале дали се согласувам со барањето за екстрадиција. Јас одговорив дека сакам што побрзо да бидам екстрадирам. Тоа значи итна постапка за екстрадиција, со моја волја и согласност, без жалба. Пројдоа 5 и пол месеци додека бев екстрадиран. Во таа документација која ќе ја доставам во дополнение на доказна постапка стојат некоку писма од затвореникот Палевски до министерот за правда на Турција, со молба за побрза екстрадиција, затоа што знам со кого си имам работа – рече Палевски.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....