Палевски одговараше на прашања на неговиот бранител. На прашање дали е точно дека тој заедно со обвинетите ја грабнале Вања за да изнудат пари Палевски, рече дека тоа ниту е точно, ниту е докажано, па рече: „но и нелогилно од повеќе причини“.
„Од ОЈО, кое го сосотавило овој обвинителен акт ред судот донесе сведок, Зорица Ѓорчевка, мајка на отетеното дете и беше прашана дали било кој ја контакторал или се обидел да ја контактира и да ја уценува неа или друг член на семјството. ОЈО заборавило дека поминале цели 4 дена од денот на грабнување на детето до притварање на првиот осомнилен, Влато Кешишев, на 2.12, што е доволно време од 4 дена, ако некој сака да уценува да најде начин и да ја почне уцената врз Зорица Ѓорчевска. Но, после една 1,5 година притвор, се уште не можам да поверувам коку се наивни, евтини и несериозни анализите на еден дел од медиумите, каде има и исклучоци, кои се уште брутално ја лажат јавноста брифирани од Гаврил Бубевски.. Зошто ова го тврдам. Доколку е уцена заради користољубие, просечен криминален ум, доколку е во релација со таткото на оштетеното дете, кој веќе го поседува на свое име најскапиот имот на семејството, а децата се малолетни и тој е старател, криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања Ѓорчевска, затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000 евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар“, сведочеше Палевски.
Во притворот пред 7 дена дознав дека јас сум единствениот Македонец кој ОЈО требало да знае, ама не знае, а и судот исто така, кога ми пишуваат решение за притвор, затоа што сум веќе осуден, односно осуден сум на 3 години ефективен затвор затоа што сум пресретнувал и снимал телефонски разговори. ОЈО барало условна казна, а јас, во отсуство, односно додека сум во притвор, сум осуден на 3 години затвор. Го известувам ОЈО, дека не прислушкулал Сашо Мијалков, туку Љупчо Палевски. Со оваа пресуда се гледа намерата на правосудниот систем кон мене. Тоа е директно поврзано и со овој процес, затоа што токму обвинителката Ана Димитревска, ми ги одзела тие 200.000 разговори за кои сум осуден на 3 години затвор. Директна врска имаат овие 2 случаи затоа што се случуваат истовремено. Немам мотив да го направам ова кривично дело, и не сум го сторил убиството“, додаде тој. Судењето е во тек.