Oд тато не барај, тој не нѐ сака, од мама барај, сѐ ќе даде за мене, душата ќе ја даде за нас, им рекла Вања Ѓорчевска на киднаперите. Ова денеска во судот го раскажа Велибор Манев, еден од осомничените. Кажа дека со Љупчо Палевски, девојчето го киднапирале по грешка, односно требало да киднапираат жена на возраст од околу 40 години, ќерка на фармацевт. Тие го прашувале девојчето кои се нејзините родители, каде работат, колку станови имаат. Инаку, 4 месеци претходно Палевски имал идеја да киднапираат некого и да земат по 20.000 евра.
Палевски на пензионерот Жежовски му пукал во слепоочница.
Вања и Панче Жежовски изчезнаа кон крајот на 2023 година. Палевски кој е првоосомничен избега во Турција и таму полицијата го уапси.