Додека се се наведнував да го одврзувам Панче Жежовски, Љупчо Палевски му испука куршум во слепоочница, сведочи обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Велибор Манев.
-Останав без зборови. Излегов надвор од шумичката. Се тресев од тоа што го видов. Го видов Палчо како го превртува телото на Панче во земуница. Додека стоев дојде Палчо и му реков ‘Зошто ова, не требаше вака. Ми рече, ‘Вака е почисто нема што да се секираш. Му реков не сакам вака да продолжам не сум помислил,ниту сум сонил вакво нешто. Ме потбутна со раката и ми рече ‘Да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија’” рече Манев. Според неговото сведочење првичниот план бил да биде грабнат човек за да му ја искористат колата за грабнување на жена за да земат надокнада, а потоа двајцата да бидат пуштени.