Љупчо Палевски, обвинет за киднапирање и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74- Панче Жежовски, на денешното судско рочиште се појави во придружба со едне адвокат, бидејќи како што појасни судијата Ивица Стефановски, вториот адвокат го отповикал полномошното. Поточно, сега за одбраната на Палчо е задолжен само адвокатот Јовица Страшевски, а кумановскиот адвокат Марјан Витановски, кој прв го ангажираше, се откажа. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
В.В.