Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски бара да се обезбедат камери од експозитурата на Халкбанка во Буњаковец. Според Палевски, тој на 27 ноември 2023 година, дента кога беше убиено девојчето бил во Халкбанка имал уплатница на која било пишано времето кога е уплатено, во 11.44. Обвинителството пак се противеше на ова со образложение дека од видео снимките кои ги изведуваа покажувале дека Палевски во 10 часот, по убиството на Вања бил во партијата Десна. Но, одбраната инсистираше овој доказ да биде обезбеден затоа што Палевски долго време чекал во банка. -Дополнително ги бараме камерите од Халк банка за да се уверите колку време со сведокот, Мартин Панчевски професор во пензија сме разговарале и сме чекале ред во банка – рече Палевски.
Тој побара и преку базни станици да се утврди каде се наоѓал за време на убиствата преку неговиот телефон, за што обвинителството кажа дека овие докази за бројот кој бил на име на неговата сопруга биле изведени. Но, Палевски тврдеше дека це дињата биле фалсификувани и бришени.
Во тек е рочиштето на кое Палевски изведува материјални докази. -Сега кажува дека го нема, а цитира докази кои се веќе предложени и изведени од страна на обвинителството. Ако може да слушнеме докази на одбраната – рече обвинителката. Тој тврди дека само за неговиот број нема базни станици, а за другите броеви има.