Во Варна денеска се одигра натпреварот на ветераните на Македонија и Бугарија кој заврши со победа на Македонија од 3-2, но резултатот од овој натпревар беше најмалку важен и целта беше да се помогне на семејствата на настраданите во трагедијата. По натпреварот пред медиумите зборуваше Горан Пандев кој беше и стрелец за Македонија од белата точка.
„Се заблагодарувам од наше име и името на цела Македонија, како и од претседателпот на Фуддбалската федерација на Македонија.Благодарни сме за прекрасната организација за нас беше чест да го одиграме овој натпревар со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал и се надевам и дека во иднина ќе имаме вакви прилики и да ни бидат гости и во Македонија. Како што кажа Христо (Стоичков) децата не можеме да ги вратиме, беше голема трагедија, не само за Македонија, туку и за цела Европа, никогаш повеќе да не се случи. Со оваа иницијатива сакавме малку да помогнеме колку што можеме бидејќи спортот е најголем амбасадор на Европа. Одигравме добар натпревар, се забавуваме игравме како браќа и навистина ни беше чест што сме тука“, изјави Пандев.