Ако се оддалечат од периметарот или ако го мрдаат рутерот, алката покажува црвено и сигнализира Во функција се ставаат електронски алки, односно можноста во Македонија да има затвореници во куќен затвор, кои ќе бидат под електронски надзор, најави директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Ова, како што изјави Пандов, е голема работа, со огледа дека во затворите низ земјава има 2.300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите капацитетот на исполнетост е над 100 проценти.
Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори. -Позитивните закони овозможуваат три категории затвореници да имаат алки – стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици – појасни Пандов на прес-конференција и информираше дека кај него на нога веќе има една алка која се тестира.
Според него, Управата за санкции формирало одделение за електронски надзор. Ако се оддалечат од периметарот или ако го мрдаат рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка. -Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек којшто ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува – додаде Пандов.