Независниот синдикат на полицијата реагира на прес-конференцијата на директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов во врска со настаните од КПД Штип. „Во споменатата прес конференција директорот на ја објавува реалната состојба туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите. Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде завршена постапката, а до нас доаѓаат информации од колегите дека изнесените ставови на Директорот во целост не соодветствуваат со истрагата и евидентираните преземени мерки во дневниот извештај“, велат од синдикатот.
Бараат од директорот и сите останати функционери кој периодов ја коментираат работата на полицијата во иднина кога објавуваат или коментираат работа на полициските службеници тоа да го прават со внимание по завршувањето на постапките во целост. Претходно денес и вработени во штипскиот затвор реагираа и го демантираа Пандов во врска со случајот со дрогата.