МАКТЕЛ

    

Панегирикот на Мицкоски за Венс и „новото нормално“

      

Премиерот Христијан Мицкоски бил толку одушевен од „историскиот говор“ на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Минхен, што му посвети панегирик во македонскиот парламент. Анализа на Борис ГеоргиевскиНеколку дена откако им порача на своите сонародници и на светот да се подготват за „новото нормално“ кое го носи Доналд Трамп, македонскиот премиер Христијан Мицкоски во четвртокот (27.2) во Собранието реши да му посвети панегирик и на вториот човек во Белата Куќа- Џеј Ди Венс.

„Според мене, говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс беше инспиративен историски говор. Сакале ние да признаеме или не, тој говор, а и настаните кои следат, ќе го сменат светот“, порача Мицкоски од собраниската говорница. Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција на 14 февруари одржа 18 минутен говор кој, благо речено, шокираше поголем дел од присутните, и наведе бројни аналитичари да прогласат крај на трансатлантските односи градени од крајот на Втората светска војна наваму.

Излагањето на Венс беше еден вид лекција кон присутните и светот, за тоа како администрацијата на Трамп ја сфаќа демократијата. Па така, Венс зборуваше за „анулирање на демократијата“ во Европа во која се „забранува слободата на говорот“. Откако претходно Илон Маск отворено ја поддржуваше десно-радикалната АфД на изборите во Германија, Венс отиде и чекор понатаму па сугерираше дека оваа партија треба да се вклучи во политичкиот процес. Венс го критикуваше и поништувањето на, според него, целосно легитимните претседателски избори во Романија (кои Врховниот суд ги прогласи за неважечки поради докажаната руска вмешаност), потоа остро ја осуди забраната за демонстрации за абортус во близина на клиниките во Велика Британија, како и исклучувањето на екстремните опозициски партии од политичкиот процес. Отиде и дотаму што ја критикуваше одлуката на суд во Шведска кој осудил „христијански активист кој го запалил Коранот“.

Двојните стандарди на Венс и Мицкоски

   

Мицкоски уште го цитираше Венс кој на Минхенската конференција кажа дека не може да се зборува за заеднички споделени вредности кога има двојни стандарди.

„Нас ни е потребно еднаш за секогаш да се соочиме со вистината и со реалноста, да најдеме решение и да одиме напред.” Двојните стандарди за кои зборуваше Венс, всушност се однесуваа на германската АфД и другите екстремни партии низ Европа, за кои навива новата американска администрација. Решението кое го заговара Венс е доаѓање на десните радикали на власт во Европа, за потоа, заедно со Илон Маск и Стив Бенон да не мораат да објаснуваат што мислеле кога упатувале фашистички поздрави кон публиката.

Џеј Ди Венс Минхен
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на безбедносната конференција во МинхенФотографија: THOMAS KIENZL/AFP

И Мицкоски во тој контекст ќе констатира „предолго време светот е заложник на двојни стандарди и на правилото големите прават што можат, а малите што мораат”. Доколку Мицкоски мисли на Украина, нејасно е како „новото нормално“ го менува тој принцип, со оглед на постапките на Трамп. Доколку, пак, како двоен стандард го проектира спорот со Бугарија, повторно е нејасно дали очекува и тој да биде решен по трамповиот принцип? И дали е сигурен кој ќе биде победникот во таа ситуација?

Најавувајќи свет кој се менува, и новата американска администрација како „предводник на тие промени“, Мицкоски вели дека доаѓа „мир“.

„Наеднаш немаме офанзивна реторика во светот, без разлика дали станува збор за Украина, Израел, Газа, Блискиот Исток, други конфликти, гледаме дека реториката која сите сега ја прифаќаат и која е предвесник на тие промени, е мир”, вели Мицкоски

Цената на „мирот“ 

Во светот веќе се водат жестоки расправи околу тоа што ќе донесе мирот на Трамп. Од изградбата на „ривиерата во Газа“, преку разграбувањето на украинските суровини, па се до резолуцијата во ОН во која Русија од агресор стана, безмалку, миротворец. Тоа што Македонија на Мицкоски се јави како ко-спонзор на таа резолуција е дел од „новото нормално“, како што би рекол премиерот.

Цената за недонесениот мир и новата нормалност многу лесно може да биде и распад на НАТО, како што веќе предупреди најверојатно идниот германски канцелар Фридрих Мерц. Кој пат ќе го фати Македонија доколку тоа се случи? Но, и доколку НАТО успее, со некое чудо, да опстане, прашање е како ќе изгледаат трансатлантските односи и безбедноста во Европа во следните години и децении. Подготвувајќи се за мирот на Трамп, членките на ЕУ и Велика Британија веќе наголемо планираат стотици милијарди евра нови инвестиции во одбраната и безбедноста.

На локално ниво, коалицискиот партнер на Мицкоски, Арбен Таравари предупредува од „трета светска војна“ доколку Ричард Гренел или некој сличен од „новото нормално“, повторно почне да изигрува мировник на Балканот и да го дели Косово.

Нејасно е на кого мисли Мицкоски и кога вели „ова е реториката која сите ја прифаќаат“. На списоците од гласањето во ОН, „сите“ беа: САД, Русија, Белорусија, Унгарија, Северна Кореја… и Северна Македонија“.  Во Советот за безбедност, дури и Кина беше воздржана. Повеќето членки на НАТО и ЕУ остро ја осудуваат реториката и на Трамп и на Венс. Тие критики беа најизразени токму по „инспиративниот“ говор на Венс во Минхен.

Во економијата, мирот на Трамп веќе е на чекор да доведе до трговска „војна“ меѓу САД и ЕУ, откако истата веќе им беше унилатерално објавена на Мексико и на Канада. Не треба да се сомневаме дека македонската влада веќе има подготвено план што ќе прави во случај оваа „војна“ да го наруши мирот на странските компании во Македонија кои претежно произведуваат за европскиот пазар. И вработуваат повеќе десетици илјади луѓе.

Затоа, најчестото прашање кое денес си го поставуваат во Европа за „мирот“ на Трамп е: колкава ќе биде неговата цена?

„Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот со тоа како малкуброен народ“, порача Мицкоски.

Разбирливо е за мали земји како Македонија да си го бараат своето место во новиот светски поредок на Трамп. Но треба да бидат свесни и за последиците, особено ако цената на новите сојузништва е растурање на старите.

Мицкоски, кој во изборната кампања лани најавуваше „Горда Македонија“ и тврдеше дека нема да коленичи пред странските политичари, во меѓувреме е на добар пат да ја направи целата држава измеќар на една проблематична, нејасна и, во најмала рака, контроверзна странска политика.

  

Најново

Mуцунски преку e-mail на 8 амбасадори назначени од Стево Пендаровски електронски им порачал да се вратат дома оти ги разрешил

Sase Ivanovski

Наташа Стојановска нов главен и одговорен уредник на Телма

Sase Ivanovski

Трамп прво сака примирје во Украина, а потоа разговори за мировни сили

Sase Ivanovski

Гласавме против себе во ОН

Sase Ivanovski

Сојузот помеѓу Трамп и Ендру Тејт се создаваше долго

Sase Ivanovski

Борбата на Украина е наша борба: Борба за слобода, за победа над тиранијата

Sase Ivanovski

Македонија и САД – голем влог и голем ризик

Sase Ivanovski

Европските амбасадори лути на Мицкоски: „Правете го тоа што го зборувате“

Sase Ivanovski

Уапсен „Сокол“ екс директорот на затворот Шутка

Sase Ivanovski

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ИРЛ: Од што се плаши Латас кога ве поттикнува да нè силувате и линчувате

Sase Ivanovski

Дуда: На 16.03 ве чекаме на трка во Крива Паланка дојдете со вашето милениче затоа што сме пет френдли град , другари, фамилија и заедно да истрчаме 5 км или 1км

Sase Ivanovski

80 ГОДИНИ – ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Големината на Јапонија vs Европа

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа

Sase Ivanovski

Петровска: Намерата на Кочовска беше да бидам омаловажена

Sase Ivanovski

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Гордана Димитриеска-Кочоска изрази жалење за контекстот произлезен од нејзината реплика, Петровска да престане да глуми жртва и да се соочи со својата одговорност

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје,  Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потврдено партнерството со САД, зголемена економска соработка со Хрватска, исплатени субвенции на пчеларите

Sase Ivanovski

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Дурмиши : Дали Владата има намера да го одблокира социјалниот дијалог во интерес на работниците?

Sase Ivanovski

„Добро сторивме“, вели претседателката за резолуциите во ООН

Sase Ivanovski

Филипче: Шокиран сум од денешната навреда од министерката Кочоска кон пратеничката Петровска

Sase Ivanovski

Жозе Мурињо доби суспензија поради коментарите по дербито со Галатасарај

Sase Ivanovski

Рубио „кимнува“ за коридорот Индија-ЕУ

Sase Ivanovski

Илир Мета останува во притвор, најавува жалба во Стразбур

Sase Ivanovski

Обвинителството бара поблаги мерки, не и притвор за ексдиректорот на „Шутка“ Андов

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Посветени сме на зајакнување на тимот, поддршка на членството и внесување нова енергија во нашата заедничка работа.

Sase Ivanovski

ГРОМ е згрозен од безобразието и некултурата на министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска

Sase Ivanovski

Оџaлан од затвор ја повика Работничката партија на Курдистан да го положи оружјето

Sase Ivanovski

Исламската верска заедница му се налути на Уставниот суд, не ѝ се допаѓа што повел постапка

Sase Ivanovski

Рубио објаснува зошто Трамп сака да ги затопли односите со Москва

Sase Ivanovski

Магла на Стража и накај Крушево, возачите да внимаваат

Sase Ivanovski

Трамп или Путин – кој ја тера Европа да се вооружува?

Sase Ivanovski

Легендарниот Земан примен во болница, доживеал мозочен удар

Sase Ivanovski

Блокирани се сите трансакции во Европа – паднал системот за платен промет на ЕЦБ

Sase Ivanovski

ХЕРА: Утре во Скопје, Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Стаменкоска-Трајкоска: Во 2021 година Клиниката за онкологија до Фондот за здравство исплатила фактури за потрошени лекови чиј износ бил за 9 милиони денари понизок од износот евидентиран во материјалната евиденција, штетата која ја нанесе СДС е непоправлива

Sase Ivanovski

СДСМ, Битиќи до Кочоска: Не ја навредивте само пратеничката Петровска, туку го навредивте достоинството на сите жени, мајки, работнички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи до Мисајловски: До кога ќе терате со политички притисоци врз припадниците на АРМ?

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава за противзаконито ослободување на лице лишено од слобода, злоупотреба на службена положба и овозможување бегство на лице лишено од слобода

Sase Ivanovski

Двајца 22-годишници од Куманово биле приведени по бркотница со полицијата, при што е запленета марихуана, а потоа нападнале и полицајци.

Sase Ivanovski

Александар Трајановски од денеска повеќе не е заменик градоначалник на Град Скопје

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов: Учествувам на пленарна сесија на Комитетот за градење на отпорност, во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.

Sase Ivanovski

Косовци избегале и оставиле комбе со 180 пакети храна кај Танушевци

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 308,9 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 14 % и со 253 нови вработувања во земјава во периодот јануари – декември 2024 г.

Sase Ivanovski

МНР отповика осум амбасадори

Sase Ivanovski

Ваша пратка, ваши правила: Доаѓа ли новото ниво на удобност во доставата?

Sase Ivanovski

Одговор на пресудата против Додик: Република Српска ја забрани работата на институциите на БиХ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Додик

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: јавната расправа за Концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не вродува со плод

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче: Изјавата на министерката Кочовска за пратеничката Петровска е срамна и понижувачка за секоја жена

Sase Ivanovski

Џеф Безос воведe нови насоки за новинарите на Вашингтон пост, уредникот на рубриката Мислења даде отказ

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја поздрави пресудата против Милорад Додик

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Годинава има една третина повеќе грипозни во споредба со лани

Sase Ivanovski

ЗНМ и ССНМ: Осуда за малициозното таргетирање на новинари и медиуми од Драган Павловиќ Латас

Sase Ivanovski

МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот

Sase Ivanovski

Maтурантите од Скопје државна матура ќе полагаат на УКИМ, оние од Штип – на УГД

Sase Ivanovski

Двајца малолетници признале дека испратиле лажни дојави за бомби на 19 и 21 февруари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игрите Garden Story и World War Z Aftermat се бесплатни на Epic Games уште денес

Sase Ivanovski

Дефект на уредите на „Apple“: Велиш „расист“, се појавува Трамп

Sase Ivanovski

Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славица Петровска од СДС да глуми жртва

Sase Ivanovski

ДОМ бара ремедијација на локацијата во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДОМНЕ, Кирков: Зоолошката градина која за една година ќе прави 100 години од своето постоење ги доживува своите најтемни денови

Sase Ivanovski

Средба на Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. со генералниот секретар на Долниот Дом на Британскиот парламент, Том Голдсмит

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО) БРАКО/Грин Машинс: 9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Sase Ivanovski

ЕДРМ: СО ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ДО ПОЧИСТА И ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во вториот повик до сега аплицирале 34 општини со 179 проекти, обезбедуваме пристојни услови за живот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките

Sase Ivanovski

Град Скопје: Демант на изјава на Алаксандар Трајановски, кој не може да даде денес оставка од местото од кое е разрешен пред 3 месеци

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковски: Потребна е физибилити студија за да се знае колку автобуси се потребни за Скопје

Sase Ivanovski

Специјален состанок на Постојаниот комитет на ПАБСЕК во Истанбул

Sase Ivanovski
Вчитувам....