20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:44
МАКТЕЛ

     

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

      

Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите, доволно да биде наведувањето импресум, транспарентна сопственост, уредништво, мк домејн и адреса, укажаа повеќето учесници на денешната панел-дискусија за предлог-измените на Законот за медиуми што ја организра Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Како што беше речено, бројот на вработени и некои други построги критериуми кои би можеле да се додадат во законското решение, треба да важат само доколку овие медиуми аплицираат за некаква форма на државни субвенции или пари од кампањи. На панелот имаше и поинакви мислења, дека е можеби добро онлајн медиумите сепак, да бидат условени при регистрацијата со еден до максимум двајца вработени или дека отворањето интернет портал е бизнис за кој еднакво треба да важат пазарните услови како и за останатите стопански субјекти од медиумската сфера. Поставено беше и прашањето зошто онлајн медиумите се ставени во подредена положба во однос на печатените кои добиваат субвенции. Исто така, имаше предочувања дека некои портали едноставно немаат потреба од повеќе вработени, а сакаат и работат професионално, плаќаат данок и доброволно се регистрирани. Според дел од дискутантите, „многу е подобро да се регулира прашањето како еден правен субјект може да има 30 портали особено во период пред и за време на избори, отколку да им се наметнува на онлајн медиумите кои ионака тешко преживуваат, да имаат одреден број вработени“. Една од пораките беше и дека целта на регистарот е транспарентност, да се знае точно кои се медиуми постојат во државата. Не треба воопшто, беше посочено, да се навлегува во приказната за број на вработени во онлајн порталите зашто тоа го прави регистрирањето рестриктивно и таква интервенција не постои во ниту една земја.

Претставникот од Министерство за дигитална трансформација, Мишко Талевски кој ги презентираше предлог-измените, напомена дека тие не се финални и изрази верување дека денеска изнесените забелешки ќе бидат земени предвид. Измените, информира, се на иницијатива на здружението „Онлајн медиа мк“, а предвидуваат и ги обврзуваат онлајн медиумите да имаат импресум, да ги прикажат сопственичката структура, фирмата и седиштето, да имаат регистриран мкд домејн и да имаат најмалку тројца вработени за да можат ако сакаат, на доброволна основа да бидат евидентирани во регистарот на издавачи на онлајн медиуми. Талески ја нагласи важноста од регулирање на оваа сфера со оглед дека, како што потенцира, 70 отсто од јавноста се информира преку онлајн медиумите. ССНМ останува на ставот дека треба да има комплетно нов закон за медиуми, усогласен со европската регулатива и со европскиот акт за слобода на медиумите. -Ваквото решение, со овие критериуми кои се ставени во Предлог-законот што сега е во Собрание, е сериозна закана за локалните медиуми, особено за професионалните локални медиуми. Треба да се направи измена и да се намали критериумот за локалните медиуми, специјализираните медиуми и медиумите на заедниците кои, иако се мали, креираат важни содржини и објавуваат информации од јавен интерес. Регистарот на професионални медиуми треба да ги содржи основните критериуми како импресум, сопственост, мк домејн,…, но построгите критериуми како број на вработени и некои други, треба да важат само доколку овие медиуми аплицираат за некаква форма на државни субвенции или пари од кампањи. Најдобро би било тие критериуми да важат за она што лобираме заедно со ЗНМ – формирање фонд за новинарство или фонд за плурализам. Со ова ќе се решат две работи, нема да има благо лиценцирање на онлајн медиумите и ќе се воспостави заштитен механизам за злоупотреба на државните средства, рече претседателот на ССНМ, Павле Беловски.

   

Беловски напомена дека речиси една четвртина од населението во Македонија живее во т.н. медиумски пустини. Огромен дел од општините, рече, немаат локален медиум или дописник што е закана за демократијата, бидејќи огромен број граѓани се лишени од професионални и објективни информации и не можат да носат информирани одлуки. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски порача дека е потребно јасно дефинирање на статусот на онлајн медиумите. Не смее, напомена, да бидат дискриминирани специјализираните портали (онлајн медиумите, локалните онлајн медиуми) зашто тие претежно објавуваат вести од локален јавен интерес и се скоро единствените кои објавуваат информации од локален јавен интерес. Чадиковски се осврна и на злоупотребата при поделбата на јавните пари во онлајн медиумите, на државните средства кои политичките партии ги пласираат во медиумите. Тешко дека се медиуми поратлите на кои партиите им даваат државни пари, оцени, дополнувајќи дека сите сме свесни како во повеќе изборни процеси „никнуваа“ разни портали и порталчиња за да можат партиите да остварат дел од своите бизнис интереси преку државните пари. -Националните медиуми се во многу подобра состојба од локалните, но и покрај тоа, кубуриме со дописници од градовите и кај националните телевизии, а уште повече кај онлајн медиумите кај кои тоа речиси и не постои или е многу малку изразено. Оставени се педесетина локални онлајн медиуми кои на некој начин успеваат или не секогаш да се изборат со своите проблеми за да може да ги информираат граѓаните. Кога има информација од јавен интерес, а доаѓа од Виница или Кичево, ретко ќе најдете национален медиум што таа информација ќе ја објави или ќе и обрне повеќе внимание за да ги информира грашаните од тие локални заедници за тоа што се случува во нивните средини. Како да сме заборавиле дека јавниот интерес е јавно добро и е важен за целата јавност, не само за Скопје. Потребни ни се информации не само од Владата, Собранието, моќните компании, туку и информации што можат да ја направат локалната заедница многу посвесна и поинформирана, а со тоа да биде во можност да носи одлуки, истакна Чадиковски.

Анета Блажевска од „Апла“, Битола опиша што значи да се биде професионален локален медиум. Притоа подвлече дека за неа е невозможно да има тројца вработени. -Кој како доаѓаше на власт, го разнебитуваше новинарството во Битола. За нас е невозможно да имаме тројца вработени. Нема општествено одговорни компании. Една телевизија имаме, но ни за неа нема реклами. Како ќе се финансираме? Повторно ќе бидеме измеќари на тие што се на власт. Немаме пари да плаќаме кирии, телефони, интернети. За какви редакции зборувате? Нема простор еден да се вработи, јас, на пример, сум вработена како продавачка на четири часа. Со вакви законски решенија не уништувате, ги уништувате професионалните новинари, а ако не уништите, политичките партии ќе си го продолжат тоа што сакаат, да кројат мислење. Си имаат п.р., камермани, фотографи,…, предупреди Блажевска. Убавка Јаневска од „Дума“, Велес која се согласува онлајн медиумите да бидат регулирани, праша што ќе добијат тие со тоа. -Прифаќањам да бидам регулирана и ќе плаќам давачки, но што ќе добиеме со регулацијата и зошто сме ние онлај медиумите ставени во подредена положба во однос на печатените кои добиваат и субвенции?, рече Јаневска. Предлог-измените на Законот за медиуми се усвоени на владина седница и веќе се во собраниска процедура.

    

Најново

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski
Вчитувам....