„Она коешто мора да се каже во врска со овој трагичен настан е тоа дека за прв пат македонската јавност виде поразлично постапување од страна на македонските институции имено можевме да видиме ревносно постапување, ревносно помагање најпрвин на оние кои беа повредени. Видовме како македонските инстицуии се справија и за така краток период испратија луѓе во странство, се згрижија многу луѓе кои можеа да ги загубат животите и во целата несреќа спречивме да згаснат уште човечки животи, благодарение на докторите, трезвеноста на институциите и ревносното постапување во тој момент“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова во гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ 1. Панова продолжи и додаде:
„Од друга страна еден месец подоцна имаме една акција, една предистрага и истрага во која веќе опфатени се повеќе од 50 луѓе и мора да се нагласи дека тука апсолутно не се прави разлика помеѓу тоа кој од која политичка партија е, не се прави разлика кој по која национална или етничка припадност припаѓа туку се постапува според она коешто значи одредена процедура, след на работите и процедури кои би требало да ги имаат институциите и гледаме голема транспареност на кое ние не сме научени“, вели Панова. Панова укажа дека институциите постапуваат со 13 обвинители за еден предмет.
„За прв пат треба да бидеме сплотени околу оваа тага, за прв пат треба да им дадеме шанса на институциите заради тоа што гледаме дека тие постапуваат, гледаме дека за прв пат постапуваат за еден предмет 13 обвинители“, кажа Панова. Панова потенцираше дека за разлика во минатото, сега МВР има поднесено четири кривични пријави.
„За прв пат имаме четири кривични пријави поднесени од МВР, а во минатото за трагедиите бевме научени дека МВР не постапува и не поднесува кривични пријави. Во моментов институциите се обидуваат да се справат со сето она што се случи и треба да дадеме шанса барем до истекот на рокот на предистражна и истражна постапка барем да поминат овие 90 дена па потоа да навлегуваме во детали, затоа што секој детал што ќе го злоупотребиме во нашата дискусија може да ја наруши истрагата“, вели Панова. Панова истакна дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да ја злоупотребат трагедијата за лично политички цели.
„Ако некој се обидува да ја злоупотреби оваа трагедија за лично политички цели тоа е ДУИ меѓутоа во одреден момент и СДСМ имајќи во предвид тоа што уште првиот ден излегоа да кажат забелешки на самата истрага. Гледаме како ДУИ 30 дена досега се обидува да ја оцрни цела процедура која ја имаат институциите и за да биде онака лицемерието на виделина најпрвин мора да се нагласи дека тие се последни да кажуваат за некакви политички притисоци, за некакви политички прогони, за тоа како институциите не ја работеле својата работа и да зборуваат за обвинителот коишто тие го гласале“, заклучи Панова.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ