Никола Пановски од Либерално-демократската партија (ЛДП) вечерва во „Само вистина“ на телевизијата „Канал 5“ рече дека уставните измени не се гаранција дека нема да има нови барања од Бугарија во процесот на ЕУ-интеграција на земјава, но и дека во тој случај ќе тргнеме некаде и нема повеќе да стоиме во место.
„Сега сме сами блокирани за одење во ЕУ, а на тоа требаше да биде свесна и претходната власт, дека не можеше тоа да се направи и дека сами се блокиравме. Ако е опасноста од влегување на Бугарите во Уставот, треба да и се објасни ја јавноста дали се тоа оние сто илјади луѓе декларирани со бугарска самосвест и дали тие на некој начин нив Бугарија да сака да ги официјализира, па да бидат сто и дваесет илјади. А дека со влез во ЕУ тој страв да биде намален и тогаш тие да се откажат од бугарското државјанство за да не бидат уценети. Можеби и на следниот попис ќе се бара за секој со бугарски пасош да донесе извод дека се пишал Бугарин за да му ги продолжат државјанството инаку не знам зошто не би ги внеле Бугарите“, рече Пановски.
„Ние и утре да направиме уставни измени, тие секако ќе имаат нови барања, но барем ќе тргнеме некаде, а сега стоиме во место“, рече тој.