Денеска во Демир Капија имав можност да ја отворам новата канцеларија на управните служби на министерството за внатрешни работи. Ова е петта локација по ред отворена со цел да овозможиме полесен и побрз пристап на граѓаните до услугите на министерството за внатрешни работи. Канцеларијата располага со базна станица за сликање на сите лични документи и граѓаните ќе можат тука да ги извадат своите лични карти, возачки дозволи и пасоши.
Со оваа канцеларија се овозможува пристап на околу 5000 жители на Демир Капија и околината за брзо и лесно вадење на лични документи. Сите македонски граѓани заслужуваат побрзи и поефикасни услуги од институциите кои постојат за нив. Канцеларијата ќе работи првично еден ден од неделата, секој понеделник од 08 до 16 часот.
View this post on Instagram