Посетата на поглаварот на Римокатоличката црква се поклопи со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи а Северна Македонија со Ватикан. Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Македонија. Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава. На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.