Портпаролот на Ватикан подоцна истакна дека тој во овој момент не се смета дека е надвор од животна опасност. Папата Франциск доживеа ненадеен респираторен напад денеска попладне и беше ставен на апарат за дишење, објави Ватикан, а пренесе Си-Ен-Ен. Нападот бил комплициран и вклучувал повраќање, соопшти Ватикан. Медицинскиот персонал најпрво го третирал проблемот со повраќањето пред да го стави папата на механичка вентилација, се вели во соопштението. Ватикан додаде дека Франциск „останал буден и ориентиран за целото време“. Портпаролот на Ватикан подоцна истакна дека тој во овој момент не се смета дека е надвор од животна опасност. Франциск првпат беше примен во римската болница Гемели пред две недели, откако се соочи со низа медицински проблеми поврзани со белите дробови, вклучувајќи бронхитис, а потоа и пневмонија. Неговата сегашна хоспитализација е четврта по ред, и до сега најдолга откако стана папа во 2013 година. Папата страда од проблеми поврзани со белите дробови во поголемиот дел од својот живот. Како млад тој имал тешка пневмонија и му бил отстранет дел од едното белодробно крило. Ватикан двапати дневно објавува ажурирања за здравјето на папата. Во четвртокот, беше речено дека состојбата на Франциск „се подобрува“, но неговата прогноза остана нејасна. Претходно во петокот, Ватикан објави дека папата нема да ја води богослужбата следната среда по повод почетокот на Великиот пост, само втор пат во неговото 12-годишно папство. Наместо тоа, се очекува еден од кардиналите да ја води богослужбата. Извор: Новинска агенција МЕТА
Најново
Како руската пропаганда гледа „диктатор“ во Зеленски и ја префрла одговорноста за војната врз Украина
„Студентски Едикт“ новиот масовен протест организиран од студентите и граѓаните на Ниш кој наскоро ќе биде и во Белград
ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политичка дебата СДС упорно применува ист манипулативен шаблон, ВМРО-ДПМНЕ со мерки и проекти се фокусира на јакнење на позицијата на жените
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која ги штити криминалците и соработувала со нив, СДС не се огради ниту од Заев, ниту од Ковачевски, од Груби и Андов
Министерство за внатрешни работи, Тошковски од Тетово: Тетово како првичен дел од „Безбеден град“ ќе добие безбеден сообраќај, во меѓувреме засилени акциски контроли за решавање на сообраќајниот хаос
(ВИДЕО) Лефков: Судот под плаштот на СДС, Филип Андов Сокол наместо да определи притвор само му одзема пасош, му отвора ли пат да избега?
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не го штити туку да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, борбата против криминалот и корупцијата продолжува
ВМРО-ДПМНЕ, Марков: Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе придонесе да се изнајдат соодветни решенија во интерес на здравјето на граѓаните
Независни медиуми од Источна Европа: Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“
Младите од Западен Балкан усвоија Декларација – бараат активна вклученост во процесеите на носење одлуки
ОВАА КУЌА Е ВИСТИНСКИ БИЗНИС ПОКРАЈ МОРЕ И СЕ ПРОДАВА: Има 6 станови со врвен квалитет, гарантираната добивка е над 35.000 евра
12 години на чело на РФМ: Живко Мукаетов на ракометот му даде иднина и го направи спорт број еден во Македонија
Томас Вајц: Мотивиран сум да најдам начини да го одврзам јазолот, гледам разумни гласови во Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски потпиша декларација за основање на Совет за соработка помеѓу Македонија и Турција, една милијарда и 255 милиони евра инвестициски бум, 10 места повисок глобален Индекс за демократија
Вчитувам....