Здравствената состојба на папата Франциск, кој се лекува во болницата Гемели во Рим со респираторна инфекција, се смета за „сложена“. Според соопштението на Ватикан, резултатите од тестовите во последните денови го потврдија постоењето на полимикробна инфекција, што доведе до дополнителна модификација на неговото лекување.
„Сите досегашни тестови покажуваат комплексен клинички профил, кој бара соодветна хоспитализација“, се вели во соопштението на Ватикан, што сугерира дека престојот на понтифот во болницата ќе биде подолг од првично проценето. Според италијанската агенција Анса, во моментов нема јасен распоред за неговото враќање во Санта Марта, неговата резиденција во Ватикан. Сепак, се проценува дека тоа нема да се случи пред средината на неделата, бидејќи лекарите кои го лекуваат внимателно го следат неговото здравје.