МАКТЕЛ

     

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

      

Парадата годинава се одржува по јубилеен 80-ти пат, но и пред руската воена инвазија врз Украина од февруари 2022 година настанот веќе го изгуби некогашниот политички сјај, па така од година в година се намалуваат и бројот на значајните гости. Воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај и списокот на најавени и потврдени гости, наспроти предупредувањето на Европската комисија дека овој настан е класична руска пропаганда која се обидува да ја оправда руската воена инвазија врз Украина и нејзина „денацификација“, изминативе денови продолжува да биде топ-тема во домашните медиуми и кај корисниците на социјалните мрежи Пишува: Стојан Синадинов

Во Москва! во Москва!“ е познатата реплика од драмата „Три сестри“ на Антон Павлович Чехов, но и алтернативен наслов на театарска претстава создадена како компилација од текстовите на споменатата драма и новелата „Селани“ од истиот автор. Во „Три сестри“ Чехов ја портретира безнадежната ситуација во едно провинциско гратче во Русија на почетокот на 20. век и големата желба на протагонистите да си ги променат животите на подобро, изразено низ носталгичниот крик за враќање во престолнината – „Во Москва! Во Москва!“. Инаку, Чехов ја напишал драмата „Три сестри“ во Јалта, на Кримскиот полуостров, во 1901 година, во неговата зрела творечка фаза (писателот умрел во 1904). Овие денови повторно е актуелна фразата „Во Москва! во Москва!“, а патем тука е и Крим – спорна територија во руско-украинските односи низ историјата, а изгледа и во иднина – како „родното место“ на оваа драма. Во зависност од политичките преференции, тој повик има извичник (!) или прашалник (?) околу присуството на гостите на Парадата на победата над фашизмот, која изминативе осум децении минувала низ разни варијации во членките на некогашниот СССР и Варшавскиот договор.

   

Кој сè ќе присуствува во Москва на 9 Мај? Парадата годинава се одржува по јубилеен 80-ти пат, но и пред руската воена инвазија врз Украина од февруари 2022 година настанот веќе го изгуби некогашниот политички сјај, па така од година в година се намалуваат и бројот на значајните гости, како и изложбата на најновите технолошки дострели на руската воена индустрија. Или, да бидеме попрецизни, Европа го слави 8 Мај како Victory in Europe Day (Ден на победата), а 9 Мај како Денот на Европа, кога се одбележува годишнината од Декларација на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, кој на 9 мај 1950 година предложил формирање на Европската заедница за јаглен и челик, зачеток на она што денеска претставува Европската Унија.

Официјален Кремљ веќе неколку недели ја „анимира“ јавноста со имињата на светските лидери кои најавиле или потврдиле дека ќе присуствуваат на парадата, која веќе стана барометар за позицијата на Москва на светската политичка мапа. Претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик и премиерот на Словачка Роберт Фицо  досега се „најзвучните“ имиња од Европа кои ќе се чекираат на 9 Мај во Москва, и покрај предупредувањето на Европската Унија до земјите-членки и оние што сакаат во иднина да ѝ се приклучат на Унијата да не го преземаат тој чекор, бидејќи прославата на Денот на победата во Москва е дел од руската пропаганда и обид да се оправда инвазијата на Украина. Интересно е што дури и Виктор Орбан, за разлика од неговиот словачки колега Фицо, ја разбрал сериозноста на пораката, па нема да им прави друштво на стандардните руски сојузници, белорускиот претседател Александар Лукашенко, кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Покрај нив, на списокот на гостите на московската парада се лидерите од соседните земји на Русија од Средна Азија, како и претставници на дел од земјите-членки на БРИКС, претседателите на Венецуела, Николас Мадуро, и на Бразил, Луис Игнацио Лула да Силва.

Така, според пропагандниот принцип на превртено огледало, пласирањето на информации кој сè ќе присуствува на парадата во Москва се обидува да ја минимизира сè уште робусната изолација на Русија во западниот демократски свет. Погонското гориво на руската „денацификација“ на Украина Прорускиот наратив за воената инвазија врз Украина од 2022 и наводната потреба на Кремљ да ја „денацифицира“ соседната земја продолжува да биде „погонско гориво“ и во објавите во медиумите и на социјалните мрежи, најчесто „оправдано“ со тврдењата дека „секој што нема да оди во Москва е фашист“. Македонските медиуми исцрпно известуваат за намерата на српскиот претседател Вучиќ по секоја цена да присуствува на воената парада во Москва на 9 Мај (овде), а дел од нив (овдеовде) го пренесоа и транскриптот на разговорот што го воделе српскиот патријарх Порфириј и рускиот претседател Владимир Путин. Тема на нивниот разговор биле и актуелните студентски и граѓански протести во Србија, па опозициските забелешки се дека Порфириј, додворувајќи им на руските световни и црковни лидери, станал „курир на Вучиќ“. Шарена револуција – вие го знаете тоа. Се надевам дека ќе го надминеме тоа искушение, како што кажавте. Затоа што знаеме и чувствуваме дека центрите на моќ од Запад не сакаат да се развива идентитетот на српскиот народ и неговата култураоцени српскиот патријарх Порфириј.

Европската комисија веќе предупреди дека прославата на Денот на победата во Москва е класична руска пропаганда, но Кремљ не запира, за што сведочи и најновиот потег – најавата на рускиот претседател Путин за тридневен прекин на огнот во војната во Украина во периодот (8,9,10 мај) кога се одбележува Денот на победата во Москва, која веднаш беше остро осудена од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тоа не им смета на домашните корисници на социјалните мрежи кои ја величаат „храброста“ на српскиот претседател Вучиќ и неговиот „пркос“ кон Европската Унија (овде, овде и овде) полетно обвинувајќи ја ЕУ дека „…денес ЕУ ужива во овој колеж во Украина, затоа што два братски словенски народи се убиваат и тоа е грешка на сите нас Словените, кои додека кревавме цивилизација, западнатите живееа во пештери, за да денес сме народи без свој концепт за општество“: Кога 9 Мај го преиначија во Денот на Европа, започна ревизијата на историјата за 2 светска војна. Европа во која од Шпанија, преку Италија, па се до Германија, со американски капитал и ватиканска идеологија се крена фашистичка Германија, за да се доубие тоа малку словенско што останало по светот. Првите три места по број на жртви во 2 светска војна се Руси, Пољаци и Југословени, во најголем дел Србисе вели меѓу другото во објавата на Фејсбук.

Во слични објави на социјалните мрежи продолжува критизирањето на европските стандардни наспроти отворената проруска пропаганда (овдеовдеовдеовдеовдеовдеовдеовдеовде и овде) кои ја величаат „храброста“ на оние што имаат намера да присуствуваат на воената парада во Москва и покрај можните санкции, попатно мешајќи ги интернационализмот, антифашизмот, панславизмот… Ретките исклучоци кај објавите на социјалните мрежи (како оваа овде) го сфаќаат моментот на историјата и контекстот на проруската пропаганда. Затоа, колку што повикот „Во Москва! во Москва!“ од драмата „Три сестри“ на Чехов (патем, еден од круцијалните текстови во светската драматургија воопшто) е авангарден во тој историски момент, толку таа мантра на усните на пропутиновски поддржувачи денес е нешто сосем спротивно. А и опасно по мирот и стабилноста во светот. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Атанасовски: Од дете на протерани предци од егејот до успешен живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најемотивното интервју во животот на Елена Ристеска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Елена Ристеска: Не сакав да видам маж по разводот, но сега мислам поинаку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нешто Конкретно-Елена Ристеска: Ако фатам помлад дечко ќе речат види ја бабава!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski

Греам ја поддржува желбата на Трамп да биде новиот папа: „Постојат многу предности“

Sase Ivanovski

Папа Франциско, човекот од збор

Sase Ivanovski

ЕПП усвои резолуција: Доколку ЕУ и другите институции не интервенираат изборите и демократијата во Албанија се загрозени

Sase Ivanovski

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 6 отсто во првиот квартал, извозот изнесува 57,4 милиони евра

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

Шекеринска: НАТО продолжува да се зајакнува, нема најава за повлекување на американските сили од Косово

Sase Ivanovski

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

Sase Ivanovski

Нови детали за тројното убиство во Шведска: Полицијата оди од врата до врата, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

Сторијата „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5000 животи годишно, како да сме во војна“ ја доби првата награда на Советот на етика

Sase Ivanovski

Кривична за сообраќајни полицајци, ја „попречија правдата“ во случајот со братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Независниот синдикат на полицијата бара почитување на Законот за минимална плата

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

Укината Одлуката со која е одобрено основање на приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово

Sase Ivanovski

60-тина илјади млади се иселиле од Македонија последните 5 години, секоја година по 10 отсто од студентите заминуваат да студираат надвор

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема“ – вели лидерот на ДУИ

Sase Ivanovski

СДСМ започна постапка за утврдување на кандидати за градоначалници и советници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка кој почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Тапанот на Ѓоргиев од ДНК доби нов дом: „Ѓорѓи нека свири преку тебе“

Sase Ivanovski

ЗНМ-Извештајот на Репортери без граници укажува на тенденцијата носители на јавни функции да имаат негативни и понижувачки ставови кон новинарите

Sase Ivanovski

Погледнете го новото видео „Од статистички податоци до ефективни политики“, креирано во соработка помеѓу Finance Think и Државниот завод за статистика

Sase Ivanovski

Касами: Ние не го избркавме Таравари, тој самиот излезе и отиде кај ДУИ

Sase Ivanovski

ФТ Став бр. 63 за можните ефекти од воведувањето царини од страна на САД кон Северна Македонија

Sase Ivanovski

Денко Малески: Погрешен „Ден на македонската дипломатија“?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сакате евтина работна сила за да нѐ нудите како робови на странски инвеститори? Трендафилов најави нови протести ако не се зголемат платите

Sase Ivanovski

Разбивање бариери, зголемување на продуктивноста!

Sase Ivanovski

Повеќе жени на пазарот на труд – повеќе економски можности за сите!

Sase Ivanovski

Уапсениот Грузиец во Грција осомничен за шпионажа бил регрутиран од негов сонародник во Литванија веројатно за руските тајни служби

Sase Ivanovski

Првпат во земјава спроведен рандомизиран контролиран експеримент на економски проблем / проблем од сферата на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Маж од Јапонија со автомобил удрил во седум ученици на возраст од 7 и 8 години – рекол дека сакал да ги убие

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пандев исправен пред тешки прашања…Но Гоче секогаш има одговор..

Sase Ivanovski
Вчитувам....