1.8 C
Скопје
17/02/2025 17:26
МАКТЕЛ

   

ПАРКИНГ НАМЕСТО ПАРК?

     

Зелените површини заземаат значителен процент од детските градинки и основни училишта во Охрид. Тие се своевидна природна бариера од околината, место за настава и активности на отворено. Се чинеше дека нема да бидат мета на градежната мафија, но во последниов четврт век во Охрид сè е можно, па така, во централното градско подрачје, спротивно на здравиот разум, некој сака да гради приватни станбени објекти на државно земјиште. Првото црвено знаменце е податокот дека Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7 е нарачана е ООУ „Григор Прличев“ – Охрид. Со кој аргумент институција основана од општина Охрид би се откажала од безмалку целиот парк зад старата училишна зграда, за на тоа место да се направи паркинг за автомобили од станарите на вцртаниот станбен објект? Второто црвено знаменце е податокот дека планската програма е изработена од фирма чиј управител е Божо Илоски, кој е сопственик на градежна фирма. Ваквата шема не се случува овде за првпат, сигурно се сеќавате на локацијата на некогашната фабрика за мебел „Треска“ во Скопје, каде истата фирма ја изработи планската програма а потоа градежната фирма во негова сопственост ги изведува дел од новите објекти. Крајот делото го краси, па општината треба само да го донесе или усвои овој план.

На цртежот во прилог е внесено постојното зеленило кое припаѓа на основното училиште (паркот со децениските стебла, дрворедот на влезот од улицата „Димитар Влахов“ и мал зелен појас кај котларата), зеленилото и градината од приватната куќа и зелениот појас и децениските стебла на паркингот до Маларична. За да се направи дистинкција, секое е означено со различна нијанса на зелена боја. Како што може да се види, постојното зеленило зафаќа повеќе од половина од оваа „нова“ катастарска парцела. Но во планската програма сето тоа ќе се уништи и бетонира. Свесна лага дека со планот се унапредува урбаното зеленило. Како? Во општите и посебни цели на документот никаде го нема зеленилото. Тоа не е внесено ниту во графичкиот прилог. Но на изготвувачите не им е воопшто важно што Охрид има највисоко ниво на аерозагадување, не се битни дрвјата како филтри, зелените површини, битно е да се гради што повеќе. Овој простор денеска е отворен, детската градинка, училиштето и Маларична не се високи објекти, најголем дел зафаќа паркот, а просторот помеѓу е паркинг за потребите на брзата помош, со децениски стебла.

   

Претходно веќе објавивме дека овој ДУП се коси со Планот за управување со светското наследство. Имено, во Стратегиската оцена на влијание врз животната средина (СОЖС) само површно е извадени информации за дозволена катност и процент на изграденост. Copy-paste од Планот за управување, не значи анализа на влијанието врз наследството! Да повториме, ако во планот стои дозволена катност П+4 и максимална изграденост 50%, тоа не значи дека одреден ДУП треба да оди на максимално искористување. Напротив, тоа се само горни граници, а урбанизацијата се определува согласно условите на средината и неопходната заштита. Тоа го нема во случајов бидејќи изработувачот на СОЖС пропуштил да препознае дека овој ДУП не е во согласност со Планот бидејќи овој ДУП не ја почитува хармонијата на целината и новата градба не е со „габарит кој е усогласен со контекстот“ и “ја нарушува визуелната перцепција кон целината Старо градско јадро“, и нема „силуета која го почитува традиционалниот локален карактер и силуетата на просторот каде се градат“.

Стратегиската оцена на влијание врз животната средина не може да служи како арбитер за почитувањето на планот – за секоја измена на ДУП мора да има позитивно мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион! Тоа е согласно законот за управување со светското наследство кој Општина Охрид во пракса или го крши или во најдобар случај го изигрува. Овој ДУП се изработува согласно Генералниот урбанистички план на Охрид 2002-2012, кој не само што е застарен, најважно од сè, не е во согласност со мерките за заштита на светското наследство на УНЕСКО т.е. е една од причините поради која „градот на УНЕСКО“ е де-факто загрозено светско наследство. Планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7 па и СОЖС ако сакате се полни со небулози, дури и со апсурдни моменти, контрадикторни информации, фаворизираат или одобруваат уништување на постојните урбани целини, камуфлирано со празни зборови, куп некакви „стручни“ податоци, истите општи или генерални податоци за регионот ставени тука само формално, да створат слика за некое високо ниво на изготвените документи, или само да го збунат обичниот граѓанин и да го оттргнат од суштината – а тоа е узурпација на државно земјиште за да се гради приватен станбен објект, уништување на културното наследство, уништување на битното урбано зеленило и комплетна бетонизација на целата локација. Ова се прави свесно, од страна на институциите, кои наместо јавниот интерес го штитат упорно приватниот. 

Охрид има сè помалку зелени површини, скоро секој ден се сече по едно дрво, или се губи некој двор, парк, зелена зона, која е заменета со зграда, околу неа бетон или асфалт. Алармантно е тоа што не се почитува ни законскиот минимум за зелени површини на градежните парцели иако во СОЖС јасно стои дека треба да биде 20%. Во графичкиот дел на овој ДУП од вкупната површина од 30.260 м2, за зелена површина се предвидени смешни 155 м2! Согласно законот, тоа може да биде и во форма на саксиска грмушка. Додека некогаш помеѓу станбените објекти имаше простор за дрвја, паркови, тревници, денеска не се почитува ни тоа, објектите се редат еден до еден. Охрид наместо урбанистички складен, приличува на една голема фавела. Град каде што наместо од национален интерес да се парковите, тоа се паркинзите и катните гаражи (во контактна зона на старото градско јадро). И тука, согласно СОЖС, ништење на децениски стебла и изградба на четирикатница, треба некако чудотворно да придонесат за унапредување на квалитетот на живот и подобрување на здравјето на луѓето. Согласно Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион (2023-2030), државата веќе требаше да има Национална методологија за изработка на Оцена на влијание врз природно и културно наследство согласно „Водичот за оцена на влијанијата во контекст на светско наследство на УНЕСКО“ што би гарантирало дека оцените за влијанието да бидат професионални и соодветни на потребите согласно вредностите на регионот и со тоа требаше да се стави крај на уништувањето на светското наследство на Охрид. Колку е неопходно да се има таква методологија, пластично ни го доловува примерот со овој ДУП и СОЖС изработена за него.

 
 
Со почит,

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS

 

Најново

Еден потврден случај на шуга во основно училиште во кумановското село Романовце

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата

Sase Ivanovski

Тоа се приказни за мали деца, вели Галетановски за животните кои наводно се отруле од Свето дрво во ЗОО Скопје

Sase Ivanovski

Рокас: Постои желба на ЕУ да помогне во евроинтегративниот процес на С. Македонија

Sase Ivanovski

Еден потврден, тројца сомнителни случаи на шуга во основно училиште во кумановско Романовце

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана, Мисајловски: Македонско – словенечката соработка е пример за сојузништво и меѓусебна доверба

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер во близина на Лисабон

Sase Ivanovski

Со ќотек ја терал сопругата на проституција за да дојде до пари и до дрога

Sase Ivanovski

Уапсен е осомничениот за убиството на сопругата и синот во БиХ

Sase Ivanovski

(Фото галерија) Снегот ги изненади скопјани во февруари, па „лизгаа“ со велосипедите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Sase Ivanovski

Изет Меџити со искрена честитка за Денот на независноста на Косово

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ПАТИШТА“ – НОВАТА ПЕСНА НА ЛАЗАРОВ И ТАМАРА ТОДЕВСКА, ЗА СИТЕ БЛИСКИ КОИ ПОВЕЌЕ НЕ СЕ СО НАС

Sase Ivanovski

Тешко повреден возач, кој со автомобил излетал од патот во битолско

Sase Ivanovski

Тешко повреден 18-годишен мотоциклист во Гевгелија

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

Сообраќајни несреќи во Скопје поради лизгавите коловози

Sase Ivanovski

Трговците доставија до Владата листа со производи за намалување на маржата

Sase Ivanovski

Перински очекува до летото да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа

Sase Ivanovski

Угинаа пет животни во ЗОО Скопје, има сомнеж дека се oтруле од гранки од Свето дрво!

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИОТ РЕЖИСЕР АНГЕЛ АПОСТОЛСКИ СНИМИ РЕКЛАМИ ЗА СУПЕР БОУЛ

Sase Ivanovski

Се проширува ланецот на старски домови во семејството на градоначалничката Арсовска, нов петти дом за стари лица во Петровец

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС, потребни се промени

Sase Ivanovski

Деребан: ЈО Коцевски наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, се занимаваше со посредување на спогодби како што беше случајот со поранешниот Врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители

Sase Ivanovski

Сенаторот распали кон директорите на Виза и Мастеркард: Со монополското здружување им ја дерете кожата на малите бизниси!

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Sase Ivanovski

Пронајдена брендирана роба без документација, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси 13 година нема изборно соочување на телевизија или ТВ дебата со вистински политички противници

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покренавме иницијатива, излеговме на терен, време е за закон-општокорисна работа за младите вандали

Sase Ivanovski

Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра Катан (Catan). Тој ќе нѐ претставува на претсотјното Светско првенство во Штутгарт, Германија (4-6 април).

Sase Ivanovski

АНАЛИЗАТА НА Е-ТРГОВИЈАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗА 2024 „Преку-граничната е-трговија – неискористен потенцијал за Македонија и Балканот“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: Грбот треба да ги отсликува и претставува чувствата на сите граѓани

Sase Ivanovski

‘Сите заедно за почист воздух’ координирана акција на Министерството за животна средина со ЗЕЛС за собирање кабаст отпад и градежен шут

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС

Sase Ivanovski

Сообраќајни контроли: И за викендот предничи пречекорувањето на брзината на движење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубица Иванова: Што е дигитален отпечаток?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Битиќи: СДСМ со конкретни законски решенија за поевтина струја и пониски цени за граѓаните

Sase Ivanovski

МЗСВ, Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство

Sase Ivanovski

Фатмир Битиќи: Секој ден поскап живот – СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Демократско Движење на Изет Меџити ја пренесува победничката атмосфера на Чаир во Сарај

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Битиќи: Намалувањето на ДДВ за струја веднаш ќе донесе помали сметки за 600.000 домаќинства

Sase Ivanovski

Здружението Икуалити, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, го одржа последниот 5. Менторски форум во Општина Струмица

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ ПО ПОВОД 17 ГОДИШНИНАТА ОД НЕЗАВИНОСТА НА КОСОВО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп извозе едно крукче на трката Дејтона 500 во „ѕверот“: Ова е вашиот омилен претседател

Sase Ivanovski

Украина: Страв од војна, страв од мир

Sase Ivanovski

Левица поднесе кривична пријава против Сашо Дранго, заменик-директорот на „Македонија пат“ кој се фотографираше со убиена мечка

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на Палестинската управа

Sase Ivanovski

Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат утре во Ријад

Sase Ivanovski

Блумберг: Трамп сака да постигне мир во Украина до Велигден

Sase Ivanovski

Жесток украински напад врз Русија, пожар во руска рафинерија

Sase Ivanovski

Владата неделава ќе одлучи дали го прифаќа предлогот на Комората на трговци

Sase Ivanovski

Намалена видливост поради магла на Стража

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со врнежи од снег на планините и дожд на пониските места

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа

Sase Ivanovski

Тест: Колку возила ќе поминат на црвено светло во период од половина час во Скопје?

Sase Ivanovski

Богдановиќ: Пред почетокот на доделувањето на ордените по повод “Денот на државноста на Република Србија” домаќините ми го покажаа македонскиот салон во некогашната Палата Југославија а денес Палата Србија

Sase Ivanovski

Во винското подножје на селото Трстеник во близина на Кавадарци ја посетивме @milev.winery, сериозно добра винарија со огромен капацитет на производство на вино од свои лозови насади

Sase Ivanovski

Богдановиќ: На повик на Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ присуствував на церемонијата на доделување на сретенските ордени по повод “Денот на државноста на Република Србија-Сретење”.

Sase Ivanovski

Родителите на балерина затворени затоа што ја занемариле ќерката – Ја капеле со внимание, но гладувала…

Sase Ivanovski

Маск е „офлајн“ откако инфлуенсерката тврди дека го родила неговото 13-то дете

Sase Ivanovski

Паркингот на Клиничкиот центар е долгогодишен проблем за пациентите и за здравствените работници, а хаосот што се создава на дневна база продолжува да се влошува

Sase Ivanovski

Зошто Доналд Трамп ја забрани детската книга на Џулијан Мур? Еве што дознавме

Sase Ivanovski

Милиони патници одлучија: Хрватска прогласена за најдобра земја за посета во 2025 година

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ НА СРБИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Вучиќ го одликуваше Стајиќ за негување на пријателството меѓу Скопје и Белград

Sase Ivanovski

Легендарна реклама на ЈАТ со најпознатите српски фаци

Sase Ivanovski

Семејството на загинатата Викторија кај Сити мол за правната голгота и осудениот Tошта за „27 април“

Sase Ivanovski

Чедо Јовановиќ за разводот: Се пробав… и на оџа сакаа да ме водат! Студентите не сакаат да го сменат Вучиќ

Sase Ivanovski

Иван Мирчевски – Кавги и дебати, политичари, кој не смее во Канал 5?

Sase Ivanovski

Кина и понуди на Германија да ги купи фабриките на Фолксфаген

Sase Ivanovski

Стив Џобс го предвиде Chat GPT уште во 1985-та

Sase Ivanovski

Моите родители се во брак 52 години и имаат прекрасен однос, јас не го следам нивниот пример

Sase Ivanovski

Во едно англиско село нема криминал, долгови или бездомништво: Причината е бизарна

Sase Ivanovski

КОД: Со еден тендер заработиле повеќе од Никола Тесла за целиот живот

Sase Ivanovski

Еве што рекоа познатите европски весници за шокот што го приреди САД на Минхенската конференција

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе пробам да договорам со Русија и Кина сите заедно да ги намалиме воените буџети за 50%

Sase Ivanovski

Лидерот на Хезболах: Израелските војници мораат да се повлечат од Либан до 18 февруари

Sase Ivanovski

Росица Кулакова: Време е да се обединиме сите заедно, само така може да го собориме криминалниот и корумпиран систем

Sase Ivanovski

Вучиќ: Ги разбирам студентите, но не и професорите

Sase Ivanovski
Вчитувам....