Eкипата на Барселона славеше победа од 87:80 во дербито со Партизан во Евролига, а најдобар на теренот во натпреварот против својот поранешен тим беше Кевин Пантер. Првата четвртина Партизан ја доби со 32:25, но во следните десет минути имаше проблеми во нападот, па постигна само девет поени. Барселона на пауза обезбеди предност од 54:41.
Неизвесноста Партизан ја врати во второто полувреме, но Барселона не дозволи некако пресврт и на крајот славеше победа. Најефикасен на теренот беше Пантер со 25 поени и четири асистенции, додека за Партизан Браун постигна 16 поени. На останатите две средби Олимпијакос го совлада Панатинаикос со 76:74 и Ефес славеше над Баерн со 97:92.