Александар Патраклиски во поткастот „Бизнис Муабети“ вели дека неговата фабрика ЕАМ од Штип прави 300.000 маички, поло маички и дуксерки за Мерцедес.Освен за Мерцедес, овие производи се прават и за работниците на Ауди, БМВ, Икеа, Ербас, Керфур, Шпар, Конзум
– Секаде каде што маичката е работна униформа, а при тоа битен е квалитетот, вели Патраклиски и додава дека годишно се произведуваат повеќе од милион ваков тип на работни маички за индустриските и трговските гиганти.Патраклиски зборува и за тоа како дошло и до договор со Тесла на Илон Маск.Целото видео на следниот линк.