Александар Патраклиски во поткастот „Бизнис Муабети“ со Мишко Иванов вели дека неговата текстилна индустрија вработува 320 лица, од кои еден дел доаѓаат од фирма-подизведувач, каде што само се шие.
– Приходите денес годишно се повеќе од 6 милиони евра годишно. Имаме 320 вработени, од кои 180 се од нашата фирма, рече Патраклиски и додава дека бизнисот на времето бил започнат со само 7.000 марки во станот на неговата баба.ЕАМ е уникатна текстилна индустрија по тоа што произведува квалитетни работни маички за работниците на големите технолошки гиганти како Тесла, Мерцедес, ИКЕА, Ербас и други.
Линк од целиот поткаст со сопственикот на ЕАМ.