Белата куќа потврди дека претседателот Доналд Трамп издал наредба со која ги паузира царината за повеќето земји на 90 дена, и дека во тој период ќе остане основната давачка од 10 проценти, пренесоа светските медиуми. Истовремено од Белата куќа го потврдија и она што Трамп го напиша на неговата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social) дека паузата нема да важи за Кина, туку напротив царината за производите кои доаѓаат од оваа земја ќе се зголемат и ќе изнесуваат 125 отсто. Таа, исто така, рече дека САД ќе продолжат со преговори со земјите и дека нивото на тарифи ќе се сведе на универзални 10 отсто за време на преговорите.
Пред новинарите во Белата куќа се обрати и министерот за финансии на САД, Скот Бесент, кој рече дека најновите промени во царинската политика на Трамп цело време биле дел од стратегијата на претседателот. “Ова беше негова стратегија цело време, па дури може да се каже дека тој ја втера Кина во лоша позиција, тие одговорија. Тие му се преставија на светот како лоши актери, а ние сме подготвени да соработуваме со нашите сојузници и со нашите трговски партнери кои не возвратија. Тоа не беше тешка порака, не возвраќајте, работите ќе испаднат добро“, рече Бесент.