12.8 C
Скопје
30/01/2025 15:08
МАКТЕЛ

   

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот за здравство Таравари

     

Мал е бројот на операции до 15 часот, а ако се плати „на приватно“ да се изврши интервенцијата после работното време, тогаш хирурзите стануваат веднаш слободни да оперираат и им се буди заинтересираноста. Вакви се поплаките од пациентите и причините што доведуваат до давање поткуп за здравствена услуга, расипничка и коруптивна пракса што го јаде државното здравство. Јавна тајна се и „тарифниците“ за давање мито преку посредници. Лекарите ретко се осудуваат на кардиналната грешка да ги земат парите на рака. За тоа постојат цели системи со посредници, места каде се остава митото. Од друга страна, „честењето“ на медицинскиот персонал е вкоренето во менталитетот и дел од „пациентската култура“. На тешко болни пациенти, дури и од рак, не им се дава термин за операција во редовен термин, но им се нуди опција да дојдат попладне и приватно да платат за интервенцијата. Министерот за здравство Арбен Таравари за оваа пракса добивал и информации и пријави во Министерството за здравство, ама не вродиле со плод – не е фатен никој на дело. Од друга страна пак, Министерството за здравство бидејќи не е истражен орган, не може да бележи банкноти. Затоа граѓаните треба да пријавуваат кога доктор им бара поткуп исклучиво во полициска станица. Потоа постапката се состои во тоа што полицијата ќе ги забележи сериските броеви на конкретните банкноти и потоа кога ќе бидат предадени на митаџијата – тој ќе биде процесуиран.

-Добиваме информации и пријави во Министерството за здравство. Ги информираме директорите и имаме веќе една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на работното време. Ние го даваме нашиот максимум – вработувања, колективен договор, покачување на плати. Затоа бараме од медицинскиот персонал и медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност онака како што треба, рече Таравари.

Темата за земањето, барањето и давањето поткуп во јавното здравство, ја актуелизираше најновата кривична пријава против хирург и раководител на одделение во Клиничката болница Битола, кој бил фатен ин флагранти, на дело, со 150 евра обележани банкноти што според пријавата од МВР и Обвинителството – ги побарал од член на семејството на пацеиентка на која успешно ѝ ја извадил жолчката на операција. Таравари вели дека ако се докаже делото во суд, нему Лекарската комора треба да му ја одземе лиценцата. Министерот е и доктор. Запрашан да искоментира општо, дали во македонското здравство постои мито вели – „има мито и тоа е непобитен факт“ но докажувањето е нешто друго. Ги охрабри граѓаните да пријавуваат факти за барање поткуп и во МВР и во Министерството за здравство. -За Битола имам точни информации. Ја известив директорката на болницата дека имаме жалби за еден доктор таму. Имиња нема да споменувам, не сум судија ни полиција и постои презумпцијата на невиност. Но, вакви акции треба да продолжат. Јас ги повикувам пациентите да пријават кај нас и во полиција ако некој им бара мито, да пријават и кај директорите на клиниките и тука сме да ги слушнеме и да провериме дали е вистина, рече Таравари.  За хируршките клиники во Скопје, Таравари добил пријава за неправилности со термините ама немало резултат, останало само на пријава. -Не беше констатирано нешто, си имаше редовно операции. Некогаш има и пријави што не се издржани, вели тој. И дел од граѓаните на социјалните мрежи се свесни за проблемот со митото. Oткако го воведоа системот на операции надвор од работно време и им дадоа само по еден оперативен ден од 8 часа, сега митото е повеќе присутно од претходно. Ваквиот систем, кој не знам кој имаше причина да го воведе и зошто, само е пак на товар на пациентите – митото се зголемува, нема реален преглед дали реално хирургот има полна листа на операции во редовно време. Дава термини од ракав, половина од термините се демек „резервирани во мој термин од самата клиника“, за да не можат специјалистите од другите градови каде не се вршат вакви операции сами да им закажуваат операции на пациентите. Ваквиот систем е тотално деструктивен и треба да се забрани можноста за операција на приватно надвор од работно време. Има хирурзи што прават што сакаат, вели Благојче Петрески, граѓанин.

   

Таравари ги повикува граѓаните да пријавуваат ако им се бара поткуп во МВР. -Откако сме дојдени вршиме редовен притисок врз сите клиники и болници да даваат повеќе термини. Бројот на термини е зголемен двојно но не е доволно. Сепак времето на чекање за испитување и прегледи е најкратко споредено со целиот регион, смета министерот. Инаку, против лекар од битолската болница кој сега е суспендиран, се води постапка за примање поткуп. Тој е во притвор поради опасност да избега. Според обвинителството тој на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите.

 

Најново

Русија забрзано ги повлекува своите воени трупи и опрема од сириското пристаниште Тартус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО): Неколку минути пред трагедијата добил порака од сопругата: Трогателен разговор со сопруг на патничка од авионот од Вашингтон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гаши: Немам ингеренции да предлагам претседател на Комисијата за социјална политика, туку само да одредам пратеник за свикување седници

Sase Ivanovski

Во Шведска убиен ирачки бегалец пред судската пресуда за палење на Куранот

Sase Ivanovski

Пет години по Брегзит, Британците жалат – мнозинството сака да се врати во ЕУ

Sase Ivanovski

Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок

Sase Ivanovski

Уште не почнат, бојкотот го исплаши маркетите: Некои нудат пониски цени, некои ќе прават попис

Sase Ivanovski

Варшава е најмодерниот град во Европа!

Sase Ivanovski

Ги охрабрувам сите пациенти на кои им е барано мито да пријават и кај нас, вели Таравари

Sase Ivanovski

СДСМ: Стари кадри од режимот го советуваат Мицкоски, обврска на власта е да ги зголеми платите

Sase Ivanovski

Топ Тема: Бојкот на трговските ланци – што освен симболична порака може да се смени?

Sase Ivanovski

Почина 51-годишен маж додека работел на патот Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Нови амбасадори во Париз, Токио, Загреб и Киев, ќе се отповикаат девет амбасадори

Sase Ivanovski

Затворите во Шведска се преполни, се размислува за испраќање на осуденици во затвори во странство

Sase Ivanovski

Таравари: Следната недела сите онколошки пациенти ќе имаат биолошка терапија

Sase Ivanovski

ДА ПОКАЖЕМЕ ЗАБИ НА ГАЗДИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ МАРКЕТИ – И НЕ САМО ЕДЕН ДЕН

Sase Ivanovski

Мета ќе плати 25 милиони долари затоа што ги укина профилите на Трамп на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Таксистите ги блокираа главните шпански патишта во знак на протест поради повисоките трошоци за осигурување

Sase Ivanovski

Дебранец на државно земјиште поставил пчелни сандаци

Sase Ivanovski

Трговијата на Бугарија со Русија не е засегната од санкциите на ЕУ

Sase Ivanovski

ГЕРМАНЕЦ ЗАЛУТАЛ НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Спасувачите го пронајдоа по координати дадени од германските служби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО): Јапонските спасувачи три дена се обидуваат да ги извлечат возачот и камионот кои пропаднаа во улицата

Sase Ivanovski

Украина е фиктивна држава, тврди романски политичар

Sase Ivanovski

„ТИНЕКС“ ЈА СТАРТУВА КАМПАЊАТА „ТВОЈ ИЗБОР, ТВОЈА ЗАШТЕДА“ Ланецот маркети воведува попусти на основните производи во февруари

Sase Ivanovski

ТУКА ЌЕ БИДАТ ПРИВЕДЕНИ НАЈЛОШИТЕ МИГРАНТИ Трамп подготвува објект за 30.000 проблематични доселеници во воената база Гвантанамо на Куба

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА СО ПРОФЕСОРОТ: Може ли да станеме општество со надеж за успех?

Sase Ivanovski

Човекот кој ги предвиде модерните компјутери и беше инспирација за сите сегашни компјуерски компании

Sase Ivanovski

ЛАВИНАТА ЈА ОДНЕЛА ДОДЕКА СКИЈАЛА СО БРАТА СИ И СО ТАТКА СИ Загинаа 5 скијачи на француските Алпи

Sase Ivanovski

Поранешниот сенатор Боб Менендез осуден на 11 години затвор

Sase Ivanovski

Студентите од Белград се упатуваат кон Нови Сад – дводневна прошетка пред големиот протест

Sase Ivanovski

Конференцијата која го промени светот: Во 1968-ма во Сан Франциско, научник презентирал прототип на компјутер кој имал маус, монитор, рам меморија, процесор, ворд…

Sase Ivanovski

Финансиската полиција поднесе кривична за даночно затајување од 13 милиони денари

Sase Ivanovski

Трамп за падот: „Зошто хеликоптерот не се качи нагоре или да отиде надолу?

Sase Ivanovski

СПРИНГФИЛД, САД: ГРАДОТ ВО КОЈ ВО 1891-ВА БИЛА ИЗМИСЛЕНА КОШАРКАТА

Sase Ivanovski

Антикорупциска го казни Џафери по иницијатива на Левица, но со смешна глоба – соопштија од партијата на Апасиев

Sase Ivanovski

ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата

Sase Ivanovski

ЦУМ (Централен универСален магазин)

Sase Ivanovski

На денот на бојкотот еден од најголемите македонски ланци на маркети најавува голема акција со попусти

Sase Ivanovski

Авион на Американ Ерлајнс се урна по судир со хеликоптер Блек Хок

Sase Ivanovski

Обвинение против три лица, меѓу кои двајца главни инспектори во МВР, кои одаваа службени тајни на групата „Дуќанџик“

Sase Ivanovski

ДАЛИ БЕБЕТО МОЖЕ ДА ЛИЧИ НА СУРОГАТ МАЈКАТА? Еве што е важно и од кого ја наследува генетиката

Sase Ivanovski

Учениците од Аеродром добија препораки: При влез во училиште да се остават телефоните во означени кутии!

Sase Ivanovski

Кинезите кои ја правеле реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад по грешка додале 23 тона тежина на настрешницата

Sase Ivanovski

Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци

Sase Ivanovski

Нешто не ми е јасно околу информациите за профити на маркети

Sase Ivanovski

Битолската болница се оградува од докторот кој беше фатен дека зема мито

Sase Ivanovski

Во авионот што се урна биле и уметнички лизгачи од Русија, трае потрагата по преживеани

Sase Ivanovski

ДУИ: Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, прави чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава

Sase Ivanovski

Се запали ученички дом во Словенија, повредени се 11 лица – скокале низ прозорците

Sase Ivanovski

ГРОМ: Вистински „позитивен“ ефект од посетата на САД на туристичката дружина на премиерот Мицкоски е што Македонија ќе загуби 72 милиони долари девизен прилив

Sase Ivanovski

Tрамп: Tик Ток се продава на аукција

Sase Ivanovski

Израел утре ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 отслужуваат доживотна казна

Sase Ivanovski

Детали од планот на Трамп со кој ќе се стави крај на војната, Москва и Киев ќе мора да се согласат со ова

Sase Ivanovski

Герасимовски: Го исчистивме сметот на ул. 50 Дивизија под Клинички и на Кале, ја подигнавме хигиената на повисоко ниво

Sase Ivanovski

Видео: Патнички авион се судри со хеликоптер Блек Хок над Вашингтон, се извлекуваат тела од реката Потомак

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Михајловски денес помеѓу најдобрите наставници во светот, а пред 30 години отвори центар за попреченост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додик на рочиште во федералниот суд на БиХ, од неговите приврзаници дочекан со песна

Sase Ivanovski

Синоќа на Партизанска смртно настрада 22 годишна девојка. Ја прегазил 20 годишник со пежо

Sase Ivanovski

АВСТРАЛИЈА ОБЈАСНЕТА СО АМЕРИКАНСКИ ТЕРМИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ: Сите овие бојкоти, новогодишни кошнички, ограничување на маржи е гол популизам и фолклор, од тоа нема да има никаков ефект!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЛАВЕСКИ ЗА БОЈКОТОТ ВО МАРКЕТИТЕ: Влеговме како држава во инфлациски транс, сите креваат цени во очекување дека сите ќе го направат истото и во очекување дека ќе растат платите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трагедија во САД: Авион со 64 лица се урна по судир со воен хеликоптер

Sase Ivanovski

Нов случај на менингитис во Грција, двегодишно дете згрижено во болница во Солун

Sase Ivanovski

Георг Георгиев: Нема приведени бугарски државјани од екипажот на бродот „Вежен“

Sase Ivanovski

Синот на Вучевиќ во друштво на осомничениот за нападот врз студенти

Sase Ivanovski

Николоски и Коце Трајановски во Приштина разговараат за железничко поврзување и за патот Тетово-Призрен

Sase Ivanovski

Маркетите ги чека вистински „црн петок“ на 31 јануари

Sase Ivanovski

Маркетите се подготвуваат за бојкотот во петок – нудат попусти и до нула отсто

Sase Ivanovski

Тројца мажи и жена ограбиле човек во Ѓорче, извадиле пиштол и му однеле пари и накит

Sase Ivanovski

Најголемиот тендер за зимско одржување на патишта го добила фирма која имала нула денари годишен обрт!

Sase Ivanovski

И Словенците ги бојкотираат маркетите поради високите цени

Sase Ivanovski

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од ,,Ековита”!

Sase Ivanovski

Вучиќ помилува 13 лица – студенти, декан, доцент, директори на училишта

Sase Ivanovski

Ноќен воз со кушет-вагон

Sase Ivanovski

Вработените во РТВ бараат смена на уредниците и вистинито информирање

Sase Ivanovski

Брук Шилдс за нападот од страна на Том Круз: Тој едноставно не разбираше што зборува

Sase Ivanovski

Апасиев: Поради пензионирани поштари, граѓаните не знаат дали платиле за струја

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ АНИТА СТАМНОВА в.д Директорка на Централен регистар: Само стабилни институции можат да ветат здрава бизнис клима

Sase Ivanovski

ПРОДОЛЖУВА ПОЗИЦИОНИРАЊЕТО ВО „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ – фрчат блок трансакции, купуваат моќните акционери

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ГО КРИТИКУВАШЕ БАЈДЕН: Помошта за Киев не стигнала навреме

Sase Ivanovski
Вчитувам....