Во изминатите месеци, Лазаровски новиот поход кон локалната власт ја подготвуваше како еден од водачите на протестите „Стоп за депонија во Пелагонија“, на кои дел од жителите на градот и околината се противат на планираната изградба на современа постројка за одлагање и преработка на отпад во Битолско, која треба да ги замени сегашните десетици диви и нестандардни ѓубришта со кои изобилува околината на Битола и цела Пелагонија.
Паљото денеска на „Фејсбук“ најави дека ќе формира независна советничка листа наречена едноставно „За Битола“, што едновремено е и изборниот слоган преку кој ќе ја бара поддршката од сограѓаните за влез во органите на локалната власт – што досега му беше недостижен предизвик.
„Еве го логото и мотото “ЗА БИТОЛА”, за да започни вистинската борба за Битола. Мора сите битолчани и битолчанки да се разбудите и да ја видите вистинската катастрофална слика на најуништениот град во Македонија и регионот. Не ја памтам ваква да била Битола никогаш ние не можиме 80 тите да ги стигниме, па камоли напред да одиме. И на сето уништување капак -депонија за 18 општини во Пелагонија сакат да не напрат контејнер. Ова е една шанса мој последен обид да ја спасам Битола. Ако ме изгласате се ќе дадам за БИТОЛА И ЌЕ СЕ БОРАМ ДОКРАЈ ако не се повлеквам од борбата за Битола и ќе се посветам на семејството. Моја последна борба за Битола – ваша последна шанса да ја спасите Битола. Ако гласате масовно да има што повеќе советници од листата “ЗА БИТОЛА” тогаш шансите се големи да ја спасиме Битола, ако не готово е крај. Програмата ќе биде реална, без фантазите и лагите на партите кои не лажат 35 години, ќе ја објавам подоцна”, пишува Лазаровски додавајќи“, напиша Лазаровски во објавата неоптоварена од стегите на интерпункцијата.