Педесет и петогидшник од кумановско бил приведен вчера по пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга.
– На 25.03.2025 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(55) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
View this post on Instagram