Добро, и каде според вас не води таа приказна во тој случај?
Ќе се случи истата работа како откако бевме одбиени во Букурешт да влеземе во НАТО, со неизвесна перспектива кога воопшто би се решил тој спор со Грција. Знаете, чекавме 10 години да се реши тој спор.И внатре ќе почнат да се будат сите битни конституенти во македонското општество… луѓето ќе речат: Чекајте, што се случува, мораме ли да чекаме уште 10-15 години за вие да го потпишете тоа што ви го бара Европа…
Да, но податоците не одат во таа насока. Еве последниот Евробарометар покажа дека довербата во ЕУ паднала на 54 проценти.
Довербата во ЕУ беше висока благодарение на Албанците. Ако ги прашувате само етничките Македонци, ние сме на околу 30% поддршка и таква поддршка има само уште во Србија.
Е па како тогаш да очекуваме притисок од јавноста за продолжување на патот кон ЕУ, кога нема поддршка за тоа?
За жал нашиот народ, со сите овие проблеми кои ги имаше во овие децении на тешко живеење, и Македонци и Албанци и други, е практично анестезиран и отапен е на сите овие глупости што му се сервираат од разни политички елити. Јас не велам дека тоа ќе биде безбедносен проблем, но ќе биде знак дека и Македонците и Албанците ќе почнат во уште поголем број да ја напуштаат Македонија засекогаш.