Тој додаде дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ чувствува дека не е баш точно чувството дека се сигурни победници со 100-200 илјади гласови разлика.
-Вашето масовно присуство е доказ дека тие се во голема заблуда, рече Пендаровски.Претседателот објасни дека насилството е дел од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и дека во 2011 година тие со специјални сили ја затворија најгледната телевизија во тоа време.-Вие денес може да викате и пцуете против претседателот до сабајле, влакно од глава нема да ви фали, рече Пендаровски.